На Алјаска рекордна температура од 32 степени


Температурата на меѓународниот аеродром во најголемиот град на Алјаска, Енкориџ, достигна рекордни 32,22 степени. Највисоката температура во овој град претходно е измерена на 14 јуни 1969 година и изнесувала 29,44 степени, информира Боб Клеј од Националната метеоролошка служба. Тој додаде дека просечната температура за јули во Енкориџ е 23,89 степени.

Полска: Лицата до 26 години ослободени од данок на доход


Пратениците во Долниот дом на полскиот Парламент одобрија мерка со која повеќето млади работници ќе бидат ослободени од обврската да плаќаат данок на доход. Одлуката е усвоена со цел да се спречи заминувањето на младите во други земји од ЕУ во потрага по подобри плати. Со оваа мерка се пропишува работниците помлади од 26 години, […]

Гаф на Трамп: Американската војска се борела со авиони кога не постоеле


Американскиот претседател Доналд Трамп направи кардинална грешка за време на говорот по повод Денот на независноста. Во еден момент тој ги пофали американските војници, за кои рече дека преземале аеродроми од Британците за време на револуционерната војна во доцните 1700-ти. Трамп ова го кажа за време на едночасовниот говор кај меморијалниот центар на Линколн во […]

Поранешен норвешки министер осуден за сексуално злоставување на азиланти


Поранешен норвешки министер е осуден на пет години затвор поради сексуално злоставување на тројца баратели на азил, потврди Обвинителството. Свеин Лудвигсен (72), поранешен министер за рибарство е осуден поради злоупотреба на положбата покраински гувернер и искористување на неповолната положба на тројца млади мажи, од кои едниот со психички проблеми. Мажите кои сега се на возраст […]

Еден загинат, петмина повредени при удар на камион во руска амбасада во Техеран


Камион-мешалка за бетон удрил во ѕидот на руската амбасада во Техеран, при што едно лице загина, а петмина се повредени. Според локалните медиуми, 36-годишниот возач ја загубил контролата врз камионот, удрил во два автомобили, а потоа во ѕидот на дипломатското претставништво. Возачот го загубил својот живот откако камионот го зафатил пожар. Повредените се пренесени в […]

Швеѓанка уапсена поради поврзаност со тероризам


На лондонскиот аеродром Гетвик е уапсена 40-годишна Швеѓанка поради сомнеж дека подготвувала терористички напад, соопшти британската полиција. Таа е уапсена откако со летот од Италија пристигнала во Велиак Британија. Моментно се наоѓа на сослушување во полиција, а обвинение се уште не е покренато. Британија го подигна предупредувањето за терористички напади на „сериозно“ ниво, врз основа […]

Јункер разочаран од начинот на избор на Урсула Вон дер Лајен


„Процесот не беше сосема транспарентен“ е коментарот што досегашниот прв човек на Европската комисија Жан Клод Јункер го даде за начинот на кој лидерите на Европската унија ја именуваа неговата наследничка на функцијата Урсула Вон дер Лајен. Претседателот на Европската комисија во заминување упати остри критики за именувањето на неговата наследничка на високата функција, германската […]

Германците не и веруваат на Фон дер Лејен


Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, која е именувана за претседателка на Европска комисија, нема доверба кај Германците, покажуваат резултатите од анкетата на државната телевизија АРД. Дури 56 отсто од Германците изјавиле дека Фон дер Лејен нема добро да раководи со ЕК, а само 33 проценти оцениле дека политичарката од владејачката Христијанско-демократска унија […]

Путин доцнеше еден час на третата средба со папата


Ватикан – Рускиот претседател Владимир Путин вчера се сретна со папата Франциско, еден ден пред католичките водачи на Украина да пристигнат во Ватикан за да разговараат за кризата во нивната земја. Посетата доаѓа за време шпекулациите дека таа би можела да биде најава за првото патување на папата во Русија. „Ви благодарам за времето што […]

Полскиот Парламент одобри закон за ослободување од данок на доход за млади под 26 години


Долниот дом на Парламентот во Полска одобри нацрт закон за ослободување од данок на доход за млади под 26-годишна возраст. Документот го поднесоа владејачката партија Право и правда и е поддржан од 419 пратеници во Сејмот. Четворица гласаа против. Согласно текстот, приходите на лица ако не се над 85.500 злоти бруто (20.000 евра) нема да […]

Се урна хеликоптер на Бахамите, седуммина загинати


Седум Американци загинаа откако хеликоптер се урна што летал од островот Биг Гранд Кеј на Бахамите до Форт Лодердејл во Флорида, соопшти полицијата на Бахамите. Меѓу жртвите се Крис Клајн, милијардер и рударски претприемач од Западна Вирџинија, објави весникот „Реџистер Хералд“ од Беркли, кој се повикува на гувернерот Џим Џастис. Полицијата соопшти дека хеликоптерот исчезнал […]

Вишеградската група слави победа


Лидерите на Вишеградската четворка – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка – беа славенички дома откако успеаја да го блокираат својот непријател Франс Тимерманс да стане претседател на Европската комисија. Четирите земји од Централна и Источна Европа успеаја да покажат единство во дискусијата на ЕУ за врвните работни места, и покрај нивната различна политичка припадност. Но, […]

Мицотакис – заробеник на десницата во Нова демократија


Во земја која е зафатена со штедење и сиромаштија, очекуваната победа на Мицотакис на општите избори в неделата беше широко прикажана како враќање во нормала за грчката политика по повеќе од една деценија политички и економски превирања по финансиската криза во 2008 година. Но погледнете зад него и се појавува различна слика. Лидерот на Нова […]

Осуммина туристи загинаа во поплава во Мексико


Најмалку осум туристи загинаа во поплава во Мексико, соопштија денеска локалните власти. Тие биле на излет во северниот дел на државата Коахуила, кога ненадејно ги погодила водената стихија, соопштија властите и додадоа дека еден од загинатите имал 65 години, а останатите биле на возраст од 15 до 20 години. Според првичната истрага, нивото на водата […]

Брод со 70 мигранти се преврте кај Тунис


Брод што превезувал повеќе од 70 мигранти вчера се превртел кај брегот на Тунис, соопшти туниската Црвена полумесечина -Четворица преживеани денеска на туниската крајбрежна стража и соопштија дека бродот потонал кај брегот Зарзиса, изјави претставник на Црвената полумесечина Монги Слим, пренесе Фена.

Германија ја отвора ширум вратата за ИТ работници од Балканот


Германија – Поради голем дефицит на работна сила, Германија усвои закон кој на работниците од земјите што не се членки на ЕУ значително ќе им олесни добивање работа, особено за ИТ стручњаците. Најголемата европска економија се соочува со вистински недостиг на работници. Се проценува дека моментно на Германија и неостасуваат над 1.200 000 средно и високо […]

Швајцарија најдобра дестинација за живот за странци


Швајцарија – Швајцарија е пред Сингапур како најдобра дестинација за живот за странци. Според анализата на  Expat Explorer на HSBC, државата која е дом на едни од водечките банки и фармацевтски лидери во светот, е избрана за број 1 во светот  за живот и работа на странци. Лани на таа листа Швајцарија беше на осмата позиција. Според […]

Австрија забрани пушење во сите угостителски објекти


Австрија – Австрискиот парламент, на летната сесија, последна пред предвремените избори, по долгата и емотивна дебата, донесе одлука за забрана за пушење во сите угостителски објекти и објекти каде што се консумира храна. Одлуката ќе стапи на сила на 1 ноември. Забраната важи и за фестивали организирани од клубови кои претходно биле исклучени од забраната, а […]

Мицотакис: Договорот од Преспа не може еднострано да се поништи


За најважните проблеми и прашања во 10 различни области, поставени од 10 новинари акредитирани во 10 грчки министерства говореше претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во синоќешното интервјуто за грчката телевизија Алфа, јави дописничката на МИА од Атина. Новинарката која следи надворешна политика, од Мицотакис побара став во однос на Договорот од Преспа, a лидерот […]

Јапонија и Сингапур со најмоќни пасоши во светот


Швајцарија– Јапонија и Сингапур, според најновите истражувања на „Henley & Partners“, имаат најмоќни пасоши, а нашата држава е на 46-то место. Овие две азиски земји се на врвот на листата поради безвизно патување во 189 земји во светот. Кога станува збор за земјите од нашиот регион, Словенија е на 10-то место, Хрватска на 20., Србија […]