На Никола Саркози ќе му се суди за корупција
На поранешниот претседател Никола Саркози ќе му се суди за „корупција“ во афера откриена преку телефонски прислушувања, јавува дописникот на МИА. Врховниот суд вчера ги отфрли најновите приговори од страна на поранешниот шеф на француската држава, неговиот адвокат Тиери Херцог и поранешниот висок судија Жилбер Азиберза да се избегне судење за „корупција и ширење влијание“. […]