Политико: ЕУ призна дека не може да ги исполни ветувањата дадени на Трамп


ЕУ призна дека не е во можност да го исполни ветувањето дадено на американскиот претседател Доналд Трамп за дополнителни 600 милијарди долари инвестиции во американската економија, само неколку часа откако беше постигнат договор на историските трговски разговори во Шкотска, изјавија извори за Политико. Причината е што парите треба да дојдат целосно од приватни европски компании, …

Политико: ЕУ призна дека не може да ги исполни ветувањата дадени на Трамп Read More »

Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не се согласува со изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека нема глад во Газа, откако се состана со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска. Трамп ја опиша ситуацијата во Газа како „ужасна“ и додаде дека САД „мора да помогнат на хуманитарна основа“, пренесува Би-Би-Си. Тој рече дека …

Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа Read More »

Гутереш: Решение со две држави на Блискиот Исток сега е поневеројатно


 Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека мировниот процес меѓу Израел и Палестинците е близу до колапс и дека решение со две држави е подалечна перспектива од кога било досега. – Вистината е: Ние сме на пресвртна точка, рече Гутереш на отворање на конференција организирана од Саудиска Арабија и Франција за мирот на Блискиот …

Гутереш: Решение со две држави на Блискиот Исток сега е поневеројатно Read More »

Проукраински хакери го нападнаа московскиот аеродром „Аерофлот“, откажани 60 летови


Десетици летови беа откажани во Москва денеска по сомнителен кибернапад од проукраински хакерски групи. Руската државна авиокомпанија „Аерофлот“ првично објави околу 60 откажани летови на аеродромот „Шереметјево“, наведувајќи прекин во своите ИТ системи како причина. Експертите на компанијата работат на враќање на серверските операции за да се продолжат закажаните летови, соопшти агенцијата. Портпаролот на Кремљ, …

Проукраински хакери го нападнаа московскиот аеродром „Аерофлот“, откажани 60 летови Read More »

Лондон ги брани ветерните турбини по тврдењето на Трамп дека тоа е „најскапата форма на енергија“


Американскиот претседател Доналд Трамп и премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер отворено не се согласуваа за две прашања за време на средбата во Шкотска – еднато беше Садик Кан, градоначалникот на Лондон од Лабуристичката партија , а другото беа ветерните турбини.Трамп има речиси опсесивна омраза кон ветерните турбини, и еве што рече за нив денес. …

Лондон ги брани ветерните турбини по тврдењето на Трамп дека тоа е „најскапата форма на енергија“ Read More »

И израелски организации за човекови права гледаат израелски геноцид во Газа


Две водечки организации за човекови права со седиште во Израел, Б’Тселем и Лекари за човекови права, велат дека Израел врши геноцид врз Палестинците во Газа и дека западните сојузници на земјата имаат законска и морална должност да го спречат тоа. Во извештаите објавени во понеделник, двете групи изјавија дека Израел ги таргетирал цивилите во Газа …

И израелски организации за човекови права гледаат израелски геноцид во Газа Read More »

Трамп е разочаран од Путин, ќе го скрати рокот од 50 дена за завршување на војната во Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го скрати рокот од 50 дена што ѝ го даде на Русија за завршување на војната во Украина, велејќи дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин. -Разочаран сум од претседателот Путин, рече Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска. „Ќе ги скратам 50-те …

Трамп е разочаран од Путин, ќе го скрати рокот од 50 дена за завршување на војната во Украина Read More »

(Видео) Драма на лет за Глазгов: Се закануваше со бомба и извикуваше „Алаху Акбар“. Го совлада човек од нашите краишта


Патник на лет на Изиџет (easyJet) од лондонскиот аеродром Лутон до Глазгов, Шкотска, извикувал заканувачки слогани еден час по полетувањето, вклучувајќи закана за „експлодирање бомба во авионот“ и слоганите „Смрт за Америка“ и „Смрт за Трамп“. Инцидентот се случил утрото на 27 јули, а снимките од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи загриженост …

(Видео) Драма на лет за Глазгов: Се закануваше со бомба и извикуваше „Алаху Акбар“. Го совлада човек од нашите краишта Read More »

Режимот на Путин објави „црна листа“ на бугарски премиери и министри


Двајца поранешни бугарски премиери и двајца министри за одбрана, вклучувајќи го и сегашниот, беа вклучени во официјалниот список на руското Министерство за надворешни работи како примери за „најекстремните манифестации на русофобична реторика“, објави БГНЕС. Списокот, објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи во делот „Примери за манифестации на русофобија“, ги наведува јавните изјави …

Режимот на Путин објави „црна листа“ на бугарски премиери и министри Read More »

Тајланд и Камбоџа се согласија за итен прекин на огнот!


Тајланд и Камбоџа се согласија за итен прекин на огнот по мировните разговори во Путраџаја, изјави премиерот Датук Сери Анвар Ибрахим, според странските медиуми. Средбата се одржа денес за да се смири ситуацијата околу граничниот спор. Лидерите на Камбоџа и Тајланд денес пристигнаа во Малезија на разговори со цел обезбедување прекин на огнот во нивниот …

Тајланд и Камбоџа се согласија за итен прекин на огнот! Read More »

Залужни: Војната во Украина може да трае до 2034 година!


Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина и украински амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, изјави дека војната на Русија против Украина може да трае до 2034 година. Тој го изјави ова за време на интервју за LB.ua. Залужни изјави дека Украина влегла во нова фаза од војната и ако властите не се погрижат за …

Залужни: Војната во Украина може да трае до 2034 година! Read More »

Орбан: Трамп „ја изеде за појадок“ Фон дер Лајен


Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, живописно оцени дека тоа не е договор, туку дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја изелза појадок претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“, објави унгарската новинска агенција MTI. Орбан  изјави дека однапред го очекувал овој исход, со оглед на тоа што американскиот …

Орбан: Трамп „ја изеде за појадок“ Фон дер Лајен Read More »

Треската чикунгуња се врати по две децении: СЗО предупредува, вирус кој не познава граници ја нападна Европа


Европа повеќе не е безбедна, а историјата се повторува, соопшти СЗО. Треската чикунгуња се врати. Светската здравствена организација (СЗО) објави – чикунгуња треската, која се пренесува преку комарци, повторно се шири со алармантна брзина. Досега, главно се поврзуваше со области од Јужна Азија и Источна Африка, но експертите предупредуваат дека дури 5,6 милијарди луѓе ширум …

Треската чикунгуња се врати по две децении: СЗО предупредува, вирус кој не познава граници ја нападна Европа Read More »

Романскиот вицепремиер Анастасиу поднесе оставка откако призна дека дал мито


Романскиот вицепремиер задолжен за реформи во буџетскиот систем, Драгош Анастасиу, поднесе оставка поради вмешаност во корупциски скандал. На синоќешната прес-конференција, Анастасиу изјави дека оставката не му била побарана од премиерот Илие Боложан, туку сам решил да се повлече за да не наштети на угледот на Владата. – Му реков на премиерот дека отсега натаму ќе …

Романскиот вицепремиер Анастасиу поднесе оставка откако призна дека дал мито Read More »

Во Стокхолм нов круг разговори меѓу САД и Кина за царините


 Американскиот секретар за финансии Скот Бесент и високи кинески претставници денеска и утре во Стокхолм ќе одржат нови разговори во врска со спорот околу царините. Главна цел на преговорите е продолжување на тековната пауза на царините, која е во сила до 12 август. Кинеската делегација се очекува да ја предводи вицепремиерот Хе Лифенг. Од април, …

Во Стокхолм нов круг разговори меѓу САД и Кина за царините Read More »

Австралија почна со новите „климатски визи“ за граѓаните на Тувалу


Тихоокеанската островска држава Тувалу е една од најмалите нации во светот. Се состои од девет острови и атоли во Јужниот Пацифик, со површина од околу 26 квадратни километри, како и нешто повеќе од 10.000 жители. Околу 91 отсто од населението се христијани – калвинисти. Но, Тувалу е под закана – поради зголемувањето на нивото на …

Австралија почна со новите „климатски визи“ за граѓаните на Тувалу Read More »

Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија


Штутгард – Три лица загинаа, а околу 50 се повредени, од кои 25 тешко, во железничката несреќа што се случи синоќа во близина на Ридлинген, во сојузната покраина Баден-Виртемберг, соопштија германските власти. Меѓу загинатите се машиновозачот и уште еден вработен во државната железничка компанија Дојче Бан. Несреќата се случи околу 18:10 часот кога најмалку два …

Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија Read More »

Русија воведе директни комерцијални летови меѓу Москва и Пјонгјанг


Москва – Русија денеска воспостави редовна воздушна врска меѓу Москва и Пјонгјанг, што е уште еден показател за сè поблиските односи меѓу двете земји. Првиот лет на рускиот авиопревозник „Нордвинд“ (Nordwind) полета од московскиот аеродром Шереметјево, превезувајќи над 400 патници. Руското Министерство за транспорт соопшти дека ќе има по еден лет месечно за да се одговори …

Русија воведе директни комерцијални летови меѓу Москва и Пјонгјанг Read More »

„Њујорк тајмс“: Една милијарда долари за ремонт на претседателскиот авион


Вашингтон – САД одвоија речиси една милијарда долари од буџетот наменет за модернизација на нуклеарниот арсенал, со цел да го финансираат ремонтот на претседателскиот авион Боинг 747-8, познат како „Ер Форс Уан“, пишува денес „Њујорк тајмс“ (NYT). Според весникот, точната цена за ремонтот на авионот засега е доверлива. „Официјално, трошоците за ремонтот се доверливи… Никој …

„Њујорк тајмс“: Една милијарда долари за ремонт на претседателскиот авион Read More »

Невреме во Германија. Дете (11) почина, подруми поплавени, патишта затворени


Баварија вчера беше погодена од бурно време, со обилни дождови, грмотевици, лизгање на земјиштето, па дури и снег на поголеми надморски височини. Германската метеоролошка служба (DWD) прогнозира обилни дождови до вторник, особено во Алпите и подножјето, пишува Феникс. Пожарникарите примија повеќе од 300 итни повици, а водата продре во бројни подруми, подземни гаражи и поплавени …

Невреме во Германија. Дете (11) почина, подруми поплавени, патишта затворени Read More »