Полицијата во Шпанија спречила терористички напад
Шпанија – Полицијата во Шпанија спречила терористички напад и уапсила 23-годишен шпански државјанин, член на Исламска држава. Според шпанските медиуми, полицијата во неговиот стан во близина на Мадрид пронашла хемикалии и упатства за правење експлозиви. Кај осомничениот биле пронајдени и список со цели на напади и панцир.