„Танцот на змејот и слонот“: Кина и Индија се партнери, а не соперници


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, за време на средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, изјави дека Кина и Индија се партнери во соработката, а не соперници, и дека двете земји една за друга се развојни прилики, а не закани. Како што објави кинеското Министерство за надворешни работи, Си по средбата со Моди во кинескиот пристанишен …

„Танцот на змејот и слонот“: Кина и Индија се партнери, а не соперници Read More »

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обеида убиен во израелски напад


 Портпаролот на вооруженото крило на палестинското милитантно движење Хамас, Абу Обеида, е убиен вчера во израелски напад, потврди денеска палестински извор за телевизијата „Ал Арабија“. Изворот наведе дека Израел нападнал стан во Газа каде што наводно престојувал Абу Обеида, портпарол на бригадите „Езедин ал-Касам“. Тој додаде дека сите што биле во станот се убиени, и …

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обеида убиен во израелски напад Read More »

Во руски напад оштетена електрана во близина на Одеса, без струја 29.000 корисници


Напад со руски беспилотни летала во текот на ноќта оштети украинска електрана во близина на Одеса, на југот од Украина, оставајќи утринава повеќе од 29.000 корисници без струја. Русија, од друга страна, утринава соопшти дека  соборила 21 украински дрон над својата територија. Во текот на ноќта 11 дронови беа соборени над регионот Волгоград во јужна …

Во руски напад оштетена електрана во близина на Одеса, без струја 29.000 корисници Read More »

Трамп: Малку е веројатна средба меѓу Путин и Зеленски, но троен самит е извесен


 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски е малку веројатна и дека можеби ќе бидат потребни американски авиони за да ѝ помогнат на Европа да ја заврши војната. „Трилатералната средба ќе се случи, билатерална – не знам. Понекогаш луѓето не се подготвени за неа. …

Трамп: Малку е веројатна средба меѓу Путин и Зеленски, но троен самит е извесен Read More »

Историски самит во Кина. Два азиски гиганти се приближуваат


Кинескиот претседател Си Џинпинг денес ги собира лидерите на Русија, Индија, Иран и Турција, заедно со околу дваесет евроазиски лидери. Целта е да се покаже дека во ерата на американски царини и геостратешки тензии, можен е поинаков модел на меѓународна соработка, со Кина во центарот. Лидерот на втората најголема економија во светот ќе организира прием …

Историски самит во Кина. Два азиски гиганти се приближуваат Read More »

Шефот на руската војска најави продолжување на офанзивата во Украина


Командантот на руската армија, генерал полковник Валериј Герасимов, најави продолжување на руската инвазија во Украина со нови цели за есенската офанзива, и покрај повиците од Западот за преговори.  -Во моментов, нападите се во тек на целата линија на фронтот. Денеска ги дефинираме задачите на поединечните групи на вооружените сили за есенскиот период, рече Герасимов. Според …

Шефот на руската војска најави продолжување на офанзивата во Украина Read More »

Путин пристигна во Кина. Русија и Кина ги здружуваат силите против Западот


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во северниот кинески пристанишен град Тјанџин, објавија кинеските и руските државни медиуми, на регионален безбедносен самит за кој Кина се надева дека ќе се спротивстави на западното влијание во глобалните прашања. На почетокот од четиридневната посета на соседот и најголем трговски партнер на Русија, Путин беше пречекан со црвен тепих …

Путин пристигна во Кина. Русија и Кина ги здружуваат силите против Западот Read More »

Градоначалникот на Чикаго до Трамп: Не сакаме тенкови на нашите улици


 Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, го отфрли потенцијалното распоредување на Националната гарда во градот од страна на американската федерална влада, откако синоќа потпиша извршна наредба за да се спротивстави на претстојната репресија против имиграцијата. Осврнувајќи се на распоредувањето на силите во Вашингтон од страна на американскиот претседател Доналд Трамп претходно овој месец, Џонсон рече: „Не …

Градоначалникот на Чикаго до Трамп: Не сакаме тенкови на нашите улици Read More »

Администрацијата на Трамп укинува 500 работни места во Глобалната медиумска агенција и ВОА


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп укинува повеќе од 500 работни места во медиумската агенција одговорна за Гласот на Америка (ВОА) и другите странски медиуми финансирани од владата, изјави претставникот за медиуми на администрацијата, Кари Лејк. Лејк го објави овој потег еден ден откако федерален судија ја блокираше нејзината одлука за разрешување на Мајкл Абрамовиц …

Администрацијата на Трамп укинува 500 работни места во Глобалната медиумска агенција и ВОА Read More »

Колерата се шири низ целиот свет


 Глобалната ситуација со колерата продолжува да се влошува поради конфликтите и сиромаштијата, што претставува значаен предизвик за јавното здравје во неколку региони, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Помеѓу 1 јануари и 17 август оваа година, низ целиот свет се пријавени 409.222 случаи на колера и 4.738 смртни случаи, при што шест од 31 земји …

Колерата се шири низ целиот свет Read More »

Гутереш: Улогата на Кина во зачувувањето на мултилатерализмот е од суштинско значење


 Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска, за време на состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на безбедносниот форум во Тјенџин, изјави дека улогата на Кина во зачувувањето на мултилатерализмот е од суштинско значење. -Во време кога мултилатерализмот е нападнат, поддршката на Кина е исклучително важен елемент што треба да се зачува, …

Гутереш: Улогата на Кина во зачувувањето на мултилатерализмот е од суштинско значење Read More »

Торнадо ја погоди северна Италија


Силни бури погодија големи делови од Италија, особено на север каде што е предизвикана голема штета, соопштија службениците за вонредни ситуации. Во Ломбардија, торнадо искорна неколку дрвја и откорна покриви од куќи на околу 40 километри североисточно од Милано, според противпожарната служба. Град со парчиња мраз со дијаметар до осум сантиметри го погоди и Пиемонт, оштетувајќи …

Торнадо ја погоди северна Италија Read More »

Поранешен претседател на украинскиот парламент убиен во Лавов


Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател на Врховната рада и одигра истакната улога во револуцијата на Евромајдан, денеска е убиен во Лавов. Националната полиција претходно соопшти дека еден политичар бил убиен по пукање во западниот украински град. Ирина Херашченко, пратеничка од партијата Европска солидарност, потоа за Киев Индепендент потврди дека жртвата бил Парубиј. – …

Поранешен претседател на украинскиот парламент убиен во Лавов Read More »

Путин: Русија и Кина заедно против санкциите кои ја попречуваат глобалната трговија


 Русија и Кина заеднички се спротивставуваат на дискриминаторските санкции во глобалната трговија, кои го попречуваат светскиот социо-економски развој, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пишано интервју за кинеската новинска агенција Синхиа. Двете земји ќе продолжат да работат на намалување на меѓусебните трговски бариери, рече Путин, пред четиридневната посета на најголемиот руски трговски партнер. – Накратко, …

Путин: Русија и Кина заедно против санкциите кои ја попречуваат глобалната трговија Read More »

(Видео) Погодени рафинерии за нафта во Краснодар и Самара


Дронови рано утрово ги погодија руските рафинерии за нафта во Краснодар и Самара, предизвикувајќи голем пожар во Краснодар и голема штета на објектот во Сизран, објави Киев Пост. Како што наведуваат, веста е потврдена од официјални извори. Експлозиите го потресоа Краснодар околу 3:30 часот наутро, а жителите пријавија десетици детонации и активирање на системи за противвоздушна …

(Видео) Погодени рафинерии за нафта во Краснодар и Самара Read More »

Калас: Русија нема да го добие замрзнатиот имот без да плати репарации


 Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека е незамисливо рускиот имот замрзнат во рамките на Европската Унија поради војната во Украина да биде вратен без Русија да плати воени репарации. – Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да …

Калас: Русија нема да го добие замрзнатиот имот без да плати репарации Read More »

Повеќето мигранти остануваат во Германија и покрај правилата на ЕУ


Според официјалните податоци објавени вчера, само неколку десетици мигранти се вратени од Германија во други земји од Европската Унија одговорни за обработка на нивните барања за азил, пренесува ДПА. Даблинските правила одредуваат која земја-членка е одговорна за испитување на барањата за азил, а ова е често првата земја од ЕУ во која влегува мигрант. Ова …

Повеќето мигранти остануваат во Германија и покрај правилата на ЕУ Read More »

САД одобри продажба на Патриот системи на Данска за Украина


САД одобрија продажба на повеќе системи за противвоздушна одбрана Патриот и друго оружје на својот сојузник во НАТО, Данска, која со тоа планира да ја поддржи Украина во борбата против Русија. Американскиот Стејт департмент го одобри договорот вреден 8,5 милијарди долари (7,3 милијарди евра), кој вклучува шест лансери, радарски системи, системи за наведување и проектили. …

САД одобри продажба на Патриот системи на Данска за Украина Read More »

Боцвана прогласи вонредна состојба во здравството поради недостаток на лекови


Претседателот на Боцвана, Дума Боко, прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради недостаток на основни лекови и медицинска опрема. Тој, исто така, изложи план од повеќе милиони долари за решавање на проблемите со синџирот на снабдување, кој вклучува воен надзор. Тој рече дека решавањето на проблемот ќе биде тешко поради лошата состојба на економијата, но …

Боцвана прогласи вонредна состојба во здравството поради недостаток на лекови Read More »

Рубио: УСАИД официјално е во фаза на затворање


Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) официјално е во фаза на затворање, соопшти американскиот државен секретар Марко Рубио. – Од јануари, им заштедивме на даночните обврзници десетици милијарди долари. Со мал број клучни програми кои се префрлени во Стејт департментот, УСАИД официјално е во режим на затворање. Рос Ваут сега го презеде …

Рубио: УСАИД официјално е во фаза на затворање Read More »