Почнува судското сослушување во случајот против Болсонаро обвинет за обид за пуч


Врховниот суд на Бразил денеска треба да ги почне сослушувањата во случајот против поранешниот претседател Жаир Болсонаро под обвинение за обид за преврат по изборите во 2022 година на неговиот наследник, левичарот Луис Инасио Лула да Силва. Доколку биде осуден, ова би било првпат во бразилската историја поранешен претседател да биде прогласен за виновен за …

Почнува судското сослушување во случајот против Болсонаро обвинет за обид за пуч Read More »

Сирија извезе 600.000 барели сурова нафта – првпат по 14 години


Сирија вчера извезе 600.000 барели сурова нафта од пристаништето Тартус, што е прв официјален извоз на сурова нафта по 14 години, изјави сириски енергетски претставник. Во 2010 година, Сирија произведуваше и извезуваше околу 380.000 барели нафта дневно. Но, една година подоцна започнаа протестите против претседателот Башар ал-Асад кои прераснаа во речиси 14-годишна војна, што ја …

Сирија извезе 600.000 барели сурова нафта – првпат по 14 години Read More »

Флотила со помош за Газа тргна од Барселона – на неа Тунберг и Канингем


Флотила од десетици бродови натоварени со хуманитарна помош за Газа синоќа исплови од пристаништето во Барселона, откако се подобрија временските услови. „Флотилата Глобал Сумуд“ мораше да се врати во Барселона поради лоши временски услови откако тргна од Барселона кон Газа на 31 август 2025 година, во хуманитарен напор за поддршка на палестинскиот народ. Иницијативата вклучува …

Флотила со помош за Газа тргна од Барселона – на неа Тунберг и Канингем Read More »

Виетнам одбележува 80 години независност


Десетици илјади луѓе денеска се собраа во Ханој за да присуствуваат на масовна воена парада по повод 80-годишнината од прогласувањето независност од страна на тогашниот претседател Хо Ши Мин. Тенкови, лансери за проектили, амфибиски возила и друга опрема поминаа покрај трибините на плоштадот Ба Дин, каде што револуционерниот лидер прогласи независност од француската колонијална власт …

Виетнам одбележува 80 години независност Read More »

Најмалку илјада луѓе загинаа во свлечиште во Судан, тврди бунтовничка група


Најмалку 1.000 луѓе загинаа во лизгање на земјиште во оддалечените планини Мара во западен Судан, соопшти бунтовничката група Движење за ослободување на Судан/Армија (The Sudan Liberation Movement/Army). Како што пренесува Би-Би-Си, обилните дождови кои го зафатиле регионот неколку дена предизвикале одрон во неделата, кој оставил само еден преживеан и „израмнил“ голем дел од селото Тарасин, …

Најмалку илјада луѓе загинаа во свлечиште во Судан, тврди бунтовничка група Read More »

Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица


Најмалку 800 лица загинаа, а повеќе од 2.500 се повредени во земјотресот што ја погоди североисточната авганистанска провинција Кунар – соопштија властите. – Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, при што загинаа над 800 лица, а околу 2.500 се повредени – соопшти …

Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица Read More »

ШОС е против преиспитување на резолуцијата на ОН за нуклеарната програма на Иран


Шангајската организација за соработка (ШОС) составена од десет земји, вклучувајќи ги Кина, Русија и Иран, денес предупреди дека е против какво било „преиспитување“ на резолуцијата на ОН за нуклеарната програма на Иран, поради што Европејците се подготвуваат повторно да воведат санкции против Техеран. Земјите-членки на ШОС, во заедничка изјава објавена од Ксинхуа, потврдија дека „секој …

ШОС е против преиспитување на резолуцијата на ОН за нуклеарната програма на Иран Read More »

Зад насмевките на Путин, Моди и Си во Пекинг 


Понекогаш една фотографија ја раскажува приказната подобро од кое било соопштение или декларација од самитот. Широко споделениот клип од кинескиот претседател Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди и рускиот претседател Владимир Путин како се смеат заедно во Пекинг веќе стана вирален. На површината, се чини дека е лесна размената меѓу тројцата лидери. Но, аналитичарите велат …

Зад насмевките на Путин, Моди и Си во Пекинг  Read More »

Кошта: Пристапувањето на Западниот Балкан, Молдавија и Украина кон ЕУ не е само ветување, туку приоритет


 Европската Унија не е затворен клуб, туку е заедница на вредности и проект за мир и просперитет кој се уште не е завршен, па затоа пристапувањето на Западниот Балкан, Молдавија и Украина кон ЕУ не е само ветување, туку приоритет, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во воведното обраќање на Стратешкиот форум во Блед.  …

Кошта: Пристапувањето на Западниот Балкан, Молдавија и Украина кон ЕУ не е само ветување, туку приоритет Read More »

ЕУ ќе ја зајакне сателитската одбрана поради пречки во ГПС сигналот


 Европската Унија планира да распореди дополнителни сателити во ниската Земјина орбита за да го зајакне отпорот на пречки во ГПС сигналот, изјави комесарот за одбрана на ЕУ, Андриус ​​Кубилиус. „ЕУ дополнително ќе ги подобри своите капацитети за откривање и заштита од слични пречки“, рече тој, истакнувајќи дека безбедноста на комуникациските и навигациските системи станува сè …

ЕУ ќе ја зајакне сателитската одбрана поради пречки во ГПС сигналот Read More »

Путин вели дека „се разбрал“ со Трамп околу завршувањето на војната во Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин вели дека постигнал „разбирање“ со американскиот претседател Доналд Трамп за крајот на војната во Украина на нивниот состанок во Алјаска минатиот месец. Но, тој не кажа дали би се согласил на мировни разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски со посредство на Трамп, кој очигледно го дал понеделник како рок за …

Путин вели дека „се разбрал“ со Трамп околу завршувањето на војната во Украина Read More »

Околу 150 светски медиуми денеска почнаа кампања за осуда на убивањето новинари во Газа


На покана од Репортери без граници – РСФ (RSF) и Авааз, глобална невладина организација под покровителство на Фондацијата Џорџ Сорос, околу 150 медиуми од околу 50 земји денеска учествуваат во кампањата за осуда на бројот на убиени новинари во Појасот Газа. „Со оглед на темпото со кое израелската армија убива новинари во Газа, наскоро нема …

Околу 150 светски медиуми денеска почнаа кампања за осуда на убивањето новинари во Газа Read More »

Драма на летот на Урсула фон дер Лајен: Авионот остана без ГПС над Бугариja, сомнежите се кон Кремљ


  Сомнителен руски напад насочен кон Урсула фон дер Лајен ја оневозможил навигацијата на нејзиниот авион на бугарскиот аеродром и ги принудил пилотите да слетаат користејќи хартиени мапи, објави „Фајненшл тајмс“. Авионот која ја носеше шефицата на Европската комисија кон бугарскиот град Пловдив ги изгубил своите електронски навигациски помагала во неделата попладне додека се приближувал …

Драма на летот на Урсула фон дер Лајен: Авионот остана без ГПС над Бугариja, сомнежите се кон Кремљ Read More »

Историски пресврт: Крајната десница води во трите најмоќни земји во Европа


За прв пат во модерната историја, популистичките или крајно десничарските партии водат на анкетите во три од најмоќните земји во Европа – Обединетото Кралство, Франција и Германија. Ова е најновиот знак за растечко незадоволство на гласачите на континентот по години висока имиграција и инфлација, објави „Волстрит џурнал“. Крајно десничарските и антиимиграциските партии веќе влегоа во …

Историски пресврт: Крајната десница води во трите најмоќни земји во Европа Read More »

Австрија со нов закон за отворен пристап до административни податоци


Во Австрија денеска стапи во сила новиот закон за слободен пристап до информации, со цел да се зголеми транспарентноста и достапноста на јавните административни податоци. Без разлика дали станува збор за резултати од избори, буџетски распределби или податоци за користење на земјиштето – отворени сетови на податоци може да се најдат на Data.gv.at, централната платформа …

Австрија со нов закон за отворен пристап до административни податоци Read More »

На Трамп сите му се виновни што не постигнува мир за Украина – освен Путин!


Високи претставници на Белата куќа веруваат дека некои европски лидери јавно ги поддржуваат напорите на претседателот Доналд Трамп да ја заврши војната во Украина, додека тивко се обидуваат да го поништат напредокот зад сцената од самитот во Алјаска, дознава „Аксиос“.Белата куќа побарала од Министерството за финансии да состави список на санкции што Европа би можела …

На Трамп сите му се виновни што не постигнува мир за Украина – освен Путин! Read More »

Земјотрес во Авганистан: Повеќе од 600 загинати (видео)


Најмалку 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,0 степени што синоќа нешто пред полноќ го погоди источниот дел на Авганистан, соопшти утринава авганистанското Министерство за внатрешни работи кое е под контрола на талибанците. Prayers for Afghanistan after a major earthquake hits Kunar. pic.twitter.com/cbdteIJBHZ — Mansoor Ahmed …

Земјотрес во Авганистан: Повеќе од 600 загинати (видео) Read More »

Уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на украинскиот парламент


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на парламентот, Андриј Парубиј. „Се спроведуваат потребните истраги“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им на истражните органи за „брзата и координирана работа“. Парубиј (54) беше еден од видните лидери на проевропската револуција на Мајдан и претседател на Врховната Рада …

Уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на украинскиот парламент Read More »

Путин: „Разбирањето“ со Трамп отвора пат кон мир во Украина


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „разбирањето“ постигнато со американскиот претседател Доналд Трамп на нивната средба минатиот месец во Алјаска отвора пат кон мир во Украина. Путин ова го истакна на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Кина, каде што учествуваат и индискиот премиер Нарендра Моди, како и лидери од Централна Азија, …

Путин: „Разбирањето“ со Трамп отвора пат кон мир во Украина Read More »

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД


  Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-Би-Си. Според извештајот на локалната полиција, Џулијани бил на совозачкото седиште во „форд бронко“ кога нивното возило било удрен од друго возило во американскиот град Манчестер во вторник вечерта. Неговиот телохранител Мајкл Рагуса даде изјава во …

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД Read More »