ОН: Италија е одговорна за смртта на 200 мигранти во бродолом во 2013 година


Италија е одговорна за смртта на повеќе од 200 мигранти во бродоломот во 2013 година, бидејќи доцнеше со операцијата за спасување во Медитеранот, соопшти денеска Комитетот за човекови права на ОН. Според ова тело на ОН, во октомври 2013 година, Италија одговорила премногу доцна на неколку повици за помош на брод што тоне, иако брод […]

Чешка: Препорака за одложување на вакцинацијата со првата доза


 Чешкото Министерство за здравство издаде препорака за регионалните здравствени власти да ја одложат вакцинацијата со првата доза на вакцините против Ковид-19 во следните две недели. Како и останатите европски земји, Чешка, исто така, се пожали на намалување на испораките на вакцината, која ја развија компаниите Фајзер/БиоНТек. Во Чешка досега се заразени над 956.000 луѓе, а […]

„АстраЗенека“ ќе присуствува вечерва на состанок со претствници од ЕУ, тврдат извори во Брисел


Претставник на Астра Зенека сепак ќе присуствува на вечерашната средба со претставници на Европската комисија и земјите-членки. Тоа го потврдија дипломатски извори во Брисел за западни медиуми. – Тие ни рекоа дека немаат ништо ново да ни кажат, но на крајот извршниот потпретседател на компанијата, Искра Реиќ, рече дека ќе присуствува на состанокот и ја […]

Во Мадрид прекината вакцинацијата поради недостиг од вакцини


Локалните власти во Мадрид објавија дека вакцинацијата против корона вирусот е прекината во текот на оваа и следната недела поради недостиг на вакцини. Властите ја прекинаа вакцинацијата за новите приматели на прва доза. Досега во главниот град на Шпанија се вакцинирани околу 180.000 лица, а повеќе од 1,3 милиони граѓани во целата држава.

Евакуирана фабрика на АстраЗенека во Велс каде се произведуваат вакцини против Ковид-19


Евакуирана е фабриката на АстраЗенека во Велс каде се произведуваат и чуваат дози од вакцината против Ковид-19 поради сомнителен пакет што стигнал на нивна адреса, јави Би-Би-Си. Во местото Вокхард се тимови на полицијата и на единица за деминирање. Во таа фабрика се произведуваат до 300 милиони дози на вакцината годишно. Затворени се сите патишта […]

Тинејџер го пријавил својот татко дека учествувал во нападот врз Конгресот


Тинејџер од Тексас, Џексон Рефит го пријави својот татко дека учествувал во нападот врз Конгресот. По пријавата Гај Рефит е уапсен поради учество во немирите и поврзаност со екстремистички воени групи. При приведувањето во домот на Гај Рефит пронајдени се и две парчиња оружје. Федералното истражно биро (ФБИ) го пронајде Рефит благодарение на снимката од […]

Гејтс: На социјалните мрежи се шират „луди“ теории на заговор


Филантропистот и коосновач на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс изјави дека е затекнат од „лудите и злонамерни“ теории на заговор за него што се шират на социјалните мрежи во текот на пандемијата со Ковид-19. Гејтс изјави дека би сакал да знае што всушност стои зад таквите обвинувања. Тој посочи дека зад обвинувањата против него и против […]

АстраЗенека се повлече од преговорите со ЕУ


Производителот на вакцини АстраЗенека одби да се сретне со највисоките претставници на ЕУ за да разговара за проблемите со производството на вакцини против коронавирус. Средбата беше откажана по експлозивното интервју на извршниот директор на „АстраЗенека“, Паскал Сорао, кој рече дека компанијата нема договорна обврска, но се согласила „да даде се од себе“ и да ја снабди ЕУ […]

Судија ја блокира одлуката на Бајден за стодневно замрзнување на депортација на имигрантите


Американскиот сојузен судија Дру Типтон привремено го блокира обидот на претседателот Џо Бајден привремено да ја стопира депортацијата на имигрантите од САД.   Судијата Типтон од јужниот округ на Тексас, именуван од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, издаде привремена забрана од 14 дена со која се блокира предлогот на Бајден. Судијата претходно го оспори предлогот […]

Вулканот Мерапи во Индонезија исфрла лава


Најактивниот вулкан во Индонезија, Мерапи, на островот Јава, денеска започна да испушта облаци од врела пареа и вжарена лава, кои се спуштија на 1.500 метри по падината. – Тоа беше најдолгиот проток на лава на планината Мерапи откако властите го подигнаа нивото на опасност од овој активен вулкан во ноември, рече Ханик Хумаида, шеф на […]

Шест НВО-а побараа Франција да прекине со „дискриминаторските проверки на идентитетот“


Шест невладини организации, меѓу кои и Амнести Интернешенел, за првпат во Франција почнаа групна акција против државата со цел да се стави крај на „дискриминаторските проверки на идентитетот“ од страна на полицијата. Претседателот Емануел Макрон го призна постоењето на дискриминаторски контроли во декември 2020 година, за време на интервјуто за Брут, јави дописникот на МИА. […]

Велика Британија воведува задолжителен карантин за патници од 30 високоризични земји


 Британската Влада денеска ќе го објави планот за ограничен хотелски карантин за Британците кои се враќаат од 30 земји со висок ризик, опфатени со забраната за патување поради Ковид 19, пишува британски „Тајмс“. Британските медиуми јавуваат дека станува збор за земјите од Јужна Америка, Португалија, Зелено’ртски Острови и Јужна Африка, пренесува Ројтерс. Премиерот Борис Џонсон […]

Продолжуваат протестите во Холандија поради карантинот


 Во Холандија четврта вечер по ред се протестира против мерките за карантин, додека излозите на некои продавници беа забарикадирани, а нивните вработени испратени дома порано од безбедносни причини. Властите ги повикаа родителите на тинејџерите да не ги пуштаат да излегуваат, предупредувајќи дека може да завршат со кривично досие и да добијат огромни казни за уништување […]

Суга: Се извинувам што пратениците не ги почитуваат мерките против Ковид-19


Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска се извини откако пратеници од владеачката коалиција посетиле ноќни клубови и покрај препораките на неговата влада да се избегнуваат непотребни излегувања и собири за да се спречи ширењето на Ковид -19 во земјата. -Многу ми е жал што ова се случи кога ги молиме луѓето да не ги посетуваат рестораните […]

Во Кина вакцинирани преку 22 милиони луѓе


Кина примени околу 22,8 милиони дози вакцина против Ковид-19, изјави денеска здравствен службеник, додека земјата ја интензивира кампањата пред лунарните новогодишни празници во февруари и зголемените патувања.   Најнаселената земја во светот ја прошири својата таргетирана програма за вакцинирање од средината на декември за да вклучи повеќе приоритетни групи со поголем ризик од изложеност на […]

Јутјуб ја замрзна сметката на Трамп на неодредено време


Компанијата Јутјуб го продолжи замрзнувањето на сметката на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, на неодредено време. За првпат, сметката на Трамп беше замрзната за една недела на 13 јануари. Компанијата тогаш соопшти дека неодамнешно видео на каналот на Трамп „поттикнува насилство“ и е отстрането. „Поради загриженост за постојан потенцијал за насилство, каналот на Доналд Трамп ќе […]

Повеќе од 200 обвинети за насилствата во Вашингтон, за уште 400 се води истрага


Федералното судство на САД обвини повеќе од 150 лица за вмешаност во насилствата во Капитолот во Вашингтон на 6 јануари. Уште 50 лица се обвинети пред локалните судови во главниот град на САД, изјави федералниот обвинител Мајкл Шервин.   Како што пренесуваат странските агенции, се очекува овие бројки да се зголемат затоа што истражителите сè […]

Исланд го издаде првиот „пасош“ за вакцинација против коронавирус


Исланд го издаде првиот „пасош“ за вакцинација против коронавирусот за да ги олесни меѓународните патувања за своите граѓани кои веќе ја примиле вакцината, пренесе Гардијан. Сите 4.800 граѓани кои примиле две дози од вакцината можат да аплицираат за дигиталниот сертификат, соопшти исландското Министерство за здравство. Министерството додаде дека целта е да се олесни движењето на […]

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ следниот месец може да биде одобрена за употреба


Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ следната недела треба да ги објави резултатите од третата фаза на тестирање на својата вакцина против коронавирус, пренесува Си-Ен-Би-Ес. Компанијата наведува дека резултатите ќе бидат сеопфатни и многу инклузивни во однос на опфатот на различни групи засновани на етничка припадност, возраст, географско подрачје, вклучително и Афроамериканци, Латиноамериканци и стари лица. […]

Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19, науката резервирана


Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти, а овие тврдења, сепак, не се поддржани од науката во земјата. Британските медиуми пренесуваат дека Мадуро пред три дена на телевизија го претстави лекот „Карвативир“, орална суспензија за која самиот тврди дека е тестирана врз пациенти во болница […]