Украина погоди онаму каде Русија многу ја боли – фабриката што ги произведува балистичките ракети „Искандер“


  Во саботата навечер, Украина изврши еден од најуспешните напади од почетокот на војната, погодувајќи го Воткинск, град во руската република Удмуртија, на речиси 1.300 километри од нејзината граница, пишува медиумот АОЛ. Целта не била никаква воена инфраструктура, туку срцето на руската ракетна индустрија – Заводот Воткинс. Украинскиот Генералштаб го потврди нападот и објави дека …

Украина погоди онаму каде Русија многу ја боли – фабриката што ги произведува балистичките ракети „Искандер“ Read More »

Бил Гејтс до вработените во Фондацијата: Моите врски со Епштајн ја засенија вашата работа


Бил Гејтс им се извини на вработените во Фондацијата Гејтс за неговите врски со Џефри Епштајн. Тој призна грешки што ги направил, кои ја оцрниле добротворната организација, но инсистираше дека немал никаква улога во злосторствата на Епштајн, објави „Волстрит џурнал“. На состанокот вчера, коосновачот на „Мајкрософт“ призна дека имал две афери со руски жени за …

Бил Гејтс до вработените во Фондацијата: Моите врски со Епштајн ја засенија вашата работа Read More »

Западна Европа зафатена од топлотен бран, во Франција речиси 30 степени, во Швајцарија 20…


Невообичаено топло време зафати делови од Западна Европа, каде што на крајот на февруари регистрирани се температури типични за пролет, па дури и за лето, а на некои места се соборени и месечните рекорди. Во југозападниот дел на Франција вчера се измерени температури меѓу 25 и речиси 30 Целзиусови степени, значително над сезонскиот просек, пренесува …

Западна Европа зафатена од топлотен бран, во Франција речиси 30 степени, во Швајцарија 20… Read More »

Велика Британија привремено го ослободува нафтоводот „Дружба“ од санкции


 Обединетото Кралство го ослободи нафтоводот „Дружба“ од санкции до 14 октомври 2027 година, според лиценцата издадена од Канцеларијата за спроведување на финансиски санкции (ОФСИ) на Обединетото Кралство. „Дружба“ е мрежа на нафтоводи што минуваат низ Русија, Белорусија и неколку земји од Европската Унија. Рускиот дел е во сопственост на подружница на „Транснефт“. Руските медиуми објавија …

Велика Британија привремено го ослободува нафтоводот „Дружба“ од санкции Read More »

Судири на иранските универзитети поради протестите против Хамнеи


Иранските безбедносни сили и полицајци во цивилка се обидоа синоќа да ја преземат контролата врз универзитетите низ Иран за да ги задушат студентските протести кои се одржуваат четврти ден против врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, додека во Женева се подготвува нова рунда разговори за нуклеарната програма на Иран. Според извештаите од теренот, на некои факултети …

Судири на иранските универзитети поради протестите против Хамнеи Read More »

Британската влада ќе објави доверливи документи за поранешниот принц Ендру


Владата на Велика Британија ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, по жестока парламентарна дебата и притисок од пратениците. Предлогот за објавување беше одобрен во вторник откако Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен под обвинение дека споделувал владини записи со Џефри Епштајн додека бил на функција, објавува „Еуроњуз“. За време на …

Британската влада ќе објави доверливи документи за поранешниот принц Ендру Read More »

Која е бегалката од Украина што ја спомена Трамп во своето обраќање до нацијата


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во своето обраќање до Конгресот, ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во август 2025 година. Трамп ја искористи нејзината трагична судбина за да ги критикува политиките што, според него, им дозволуваат на опасните криминалци да останат на слобода, пишува Украинска правда. Избега од војната за да …

Која е бегалката од Украина што ја спомена Трамп во своето обраќање до нацијата Read More »

Велика Британија од денеска ќе бара патни дозволи од 85 земји


Луѓето што пристигнуваат во Велика Британија од 85 земји од денеска ќе мора да добијат електронска дозвола пред да патуваат или ќе се соочат со одбивање за влез, соопшти британското Министерство за внатрешни работи. Системот за електронски патни дозволи бара од сите посетители на кои не им е потребна виза за влез во Велика Британија …

Велика Британија од денеска ќе бара патни дозволи од 85 земји Read More »

Четири лица убиени во напад со нож во државата Вашингтон, осомничениот е мртов


 Четири лица се убиени во напад со нож во западната држава Вашингтон, според американските власти. Канцеларијата на шерифот на округот Пирс соопшти дека вчера наутро добиле извештаи „дека маж боде луѓе“ пред куќа во близина на Гиг Харбор, југозападно од Сиетл. „Имаше четири починати лица, вклучувајќи го и 32-годишниот осомничен маж, а петтата жртва веднаш …

Четири лица убиени во напад со нож во државата Вашингтон, осомничениот е мртов Read More »

Мерц во прва официјална посета на Кина како канцелар на Германија


Германскиот канцелар Фридрих Мерц е во дводневна посета на Пекинг што е прва официјална посета на Кина на лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во својство на канцелар. За време на средбата со кинескиот премиер Ли Чианг, германскиот лидер изјави дека неговата земја сака да ја продлабочи економската размена со Кина, но оти има одредени …

Мерц во прва официјална посета на Кина како канцелар на Германија Read More »

Најмалку 22 лица загинаа во поплавите во Бразил


 Најмалку 22 лица загинаа по обилните дождови во југоисточен Бразил. Градот Хуиз де Фора вчера прогласи вонредна состојба, ја прекина наставата во сите општински училишта и започна потрага по најмалку 45 исчезнати лица. Според прелиминарните бројки, најмалку 16 лица загинале само таму. Градската администрација соопшти дека шест лица загинале како резултат на дождовите во градот …

Најмалку 22 лица загинаа во поплавите во Бразил Read More »

„Ова е златното доба на Америка“: Трамп го одржа најдолгото обраќање за состојбата на нацијата досега


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во своето обраќање за состојбата на нацијата, најдолго во американската историја, во вторникот ги пофали своите економски достигнувања што им го донесоа на САД нивното „златно доба“. Трамп зборуваше пред Конгресот рекорден час и 47 минути, надминувајќи го демократот Бил Клинтон, кој зборуваше еден час и 20 минути во 2000 …

„Ова е златното доба на Америка“: Трамп го одржа најдолгото обраќање за состојбата на нацијата досега Read More »

Лидерите на Г7 ја потврдија силната поддршка за Украина


Лидерите на Г7 ја повторија непоколебливата поддршка за Украина во нејзината одбрана на територијалниот интегритет и право да постои. Во соопштението, објавено на четиригодишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, се поддржуваат и напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за иницирање на мировниот процес. – Изразуваме континуирана поддршка за напорите на претседателот Трамп за …

Лидерите на Г7 ја потврдија силната поддршка за Украина Read More »

ЕУ сака трајно да го забрани увозот на руска нафта


Европската комисија има намера да предложи закон со кој трајно ќе се забрани увозот на нафта од Русија кон средината на април, веднаш по парламентарните избори во Унгарија, објави Reuters, повикувајќи се на документ во кој имал увид. Нацрт-законот треба да биде објавен на 15 април, три дена по унгарските избори. Овој датум, според два …

ЕУ сака трајно да го забрани увозот на руска нафта Read More »

Директорката на Лувр поднесе оставка


Париз – Директорката на Лувр, Лоренс де Кар, поднесе оставка, која беше прифатена од претседателот Емануел Макрон, четири месеци по спектакуларниот грабеж во најпосетуваниот музеј во светот, соопшти денес Елисејската палата. Макрон ја поздрави нејзината одлука како „чин на одговорност во време кога најголемиот музеј во светот треба да ги смири тензиите и да даде …

Директорката на Лувр поднесе оставка Read More »

Велика Британија со нов пакет санкции кон Русија


 Владата на Велика Британија денеска воведе нов голем пакет санкции кон Русија. Санкциите се насочени кон енергетскиот и воениот сектор на Русија, со што се опфатени 300 организации, бродови и физички лица. Санкции се воведени и кон компанијата „Транснефт“ преку која се извезува над 80 проценти од руската нафта. Велика Британија наведе дека санкциите имаат …

Велика Британија со нов пакет санкции кон Русија Read More »

Поранешниот норвешки премиер, Торбјорн Јагланд, бил  хоспитализиран по „обид за самоубиство“


Денови откако норвешката полиција започна истрага за корупција поврзана со досиејата на Епштајн и ги претресе неговите имоти, поранешниот премиер на Норвешка, Торбјорн Јагланд, беше примен во болница по наводен обид за самоубиство. Според документите објавени од Министерството за правда на САД, Јагланд и членовите на неговото семејство наводно летувале во резиденциите на осудениот сексуален …

Поранешниот норвешки премиер, Торбјорн Јагланд, бил  хоспитализиран по „обид за самоубиство“ Read More »

Потврдените жртви на Русија во Украина надминаа 200.000 луѓе


  Најмалку 200.186 руски војници загинале во четирите години од војната во Украина, според пресметката на Руската служба на Би-Би-Си и „Медиазона“ врз основа на отворени податоци. Најголеми жртви се регистрирани кај доброволците – 74.316 (37%). Потоа следуваат војници по договор (38.847 мртви), затвореници (21.405) и регрути (17.940). Во преостанатите 44.818 случаи, припадноста не можеше …

Потврдените жртви на Русија во Украина надминаа 200.000 луѓе Read More »

Што се случува зад рускиот фронт околу Украина?


Руските вооружени сили продолжуваат со својата ограничена офанзива и ја задржуваат иницијативата по целата линија на фронтот. Сепак, руските сили постигнуваат релативно маргинални територијални придобивки  по цена на сè позначителни загуби, со забрзување на овој тренд на исцрпување од крајот на 2025 година. Ова оптоварување на борбените ресурси на руските вооружени сили не е компензирано …

Што се случува зад рускиот фронт околу Украина? Read More »

Зеленски го објави бункерот од кој управуваше првите денови од војната


Украинскиот претседател Володомир Зеленски сними големо обраќање по повод годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина. Видеото за прв пат понуди детален поглед на подземниот бункер на претседателот – местото каде што се донесуваа клучните одлуки во првите денови од војната. „Денес се навршуваат точно четири години откако Путин рече дека „ќе го заземе …

Зеленски го објави бункерот од кој управуваше првите денови од војната Read More »