Едуард Хегер именуван за нов премиер на Словачка


Словачката претседателка Зузана Чапутова денеска го именува Едуард Хегер за нов премиер во четвртокот, ставајќи крај на едномесечната политичка криза. Хегер ќе ја преземе функцијата од неговиот претходник Игор Матовиќ, кој пак ќе ја преземе поранешната функција на Хегер, министер за финансии. Како што пренесуваат агенциите, целта на размената е да се ублажат коалициските спорови […]

Германскиот претседател Штајнмаер се вакцинираше со „Астра Зенека“


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер (65) денеска ја прими првата доза вакцина против коронавирус на производителот „Астра Зенека“. „Верувам во вакцините кои се одобрени  во Германија. Вакцинацијата е клучна за излез од пандемијата. Искористете ги можностите што ви се даваат”, се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата. Германските здравствени власти во вторникот одлучија […]

Измерена најниската регистрирана температура во буроносен облак


 Голем буроносен облак формиран над Тихиот Океан 2018 година ја достигна најниската регистрирана температура во таков облак воопшто, објави „Сајенс алерт“. Температурата во највисокиот дел од атмосферското тело во еден миг беше минус 111 Целзиусови степени. Ваквите ниски вредности сè уште не се измерени во буреносен облак. Грмотевичните бури и тропските циклони, коишто се кружни […]

Врвот на третиот бран на корона вирус во Франција може да се достигне за 10 дена


Франција може да го достигне врвот на третиот бран на епидемија на коронавирус за седум до десет дена, изјави денеска министерот за здравство Оливие Веран. Претседателот Емануел Макрон од вчера воведе трета национална блокада во Франција и рече дека училиштата ќе бидат затворени за три недели во обид да се ограничи третиот бран на епидемијата […]

Осудени деветмина опозиционери во Хонгконг поради протестите


Суд во Хонгконг денеска осуди деветмина опозиционери поради организирање на еден од најголемите протести во тој град за време на политичката криза во 2019 година. Окружниот суд прогласи за виновни седуммина опозициски ветерани, вклучувајќи ги адвокатот Мартин Ли и медиумскиот тајкун и демократски активист Џими Лаи. Тие се осудени за организирање и учество во нелегален […]

Анкета: Со „спутник V“ би се вакцинирале 58 отсто од Германците


 Повеќе од половина од германските граѓани (57 проценти) изразиле подготвеност да се вакцинираат со руската вакцина Спутник В против корона вирус, доколку е одобрена за употреба во Европската унија и Германија. Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Институтот Форс за медиумската група РТЛ. Според истражувањето, учеството на оние кои биле подготвени да се […]

Од Армани до Гучи: Модните гиганти во Италија ги отвораат вратите за масовна вакцинација


Италија– Групациите Армани и Прада соопштија дека се согласиле да помогнат во забрзувањето на кампањата за вакцинација во Италија. Армани ќе дозволи вакцини да се вршат во Армани / Театро во Милано, дизајниран од Тадао Андо. Употребата на театарот, генерално сцената за ревиите на Армани, ќе помогне да се намали големиот обем на работа на здравствените […]

Јужна Кореја ќе издава дигитални „ковид пасоши“


Јужна Кореја– Јужна Кореја ќе издава т.н. „пасоши за вакцинација“ на имунизирани граѓани против Ковид-19 и со тоа им се придружува на други држави со цел да го заживеат патувањето во странство, истовремено задржувајќи го под контрола ризикот од инфекција и ширењето на вирусот. Премиерот Чунг Сје-кјун изјави дека мобилната апликација, која ќе им овозможи […]

Четири лица убиени во деловна зграда во Калифорнија


САД– Четири лица загинаа, а едно е повредено при оружен напад во бизнис зграда југоисточно од Лос Анџелес, Калифорнија, соопшти рано утрово американската полиција. Меѓу убиените има и дете за кое не се знае зошто се наоѓало во момент на инцидентот во просториите на деловната зграда. Напаѓачот е ранет како одговор на полицијата која излегла […]

Кинескиот и рускиот воен арсенал се застрашувачки по обем – но како би се претставиле во борба?


Тргнете ги еуфемизмите, и Британскиот интегриран преглед на одбранбената и безбедносната политика идентификуваше двајца глобални противници: Кина на Си Џинпинг и Русија на Владимир Путин. И двете земји инвестираа многу во сопствената воена модернизација во текот на изминатите неколку децении. Но, тие имаат различни приоритети и претставуваат радикално различни предизвици. Кина повеќе од двојно го […]

„Њујорк тајмс: Околу 15 милиони дози на вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“ се уништени поради фабричка грешка


САД– Околу 15 милиони дози на вакцината против коронавирус  на „Џонсон и Џонсон“ се уништени поради фабричка грешка во САД, објави „Њујорк тајмс“. Фармацевтскиот гигант соопшти дека идентификувал серија дози во фабрика во Балтимор водена од Emergent BioSolutions што не ги исполнувале стандардите за квалитет, но не ја потврдиле точната бројка. „Квалитетот и безбедноста продолжуваат да […]

Загубите поради заглавениот брод во Суецки канал најверојатно се повеќе од милијарда долари


Египет– Директорот на Суецкиот канал, египетскиот адмирал Осама Раби синоќа изјави дека загубите поради тоа што бродот „Евер дгивен“ бил заглавен во каналот неколку дена може да достигнат милијарда долари. – Износот, штетата и загубите односно колку пари се потрошија за ископување, на влечења, се уште не се пресметани,но  проценката е можеби повеќе од милијарда […]

Бајден го промовира планот за голем развој на инфраструктурата во САД 


Американскиот претседател Џо Бајден вечерва во Питсбург, Пенсилванија ќе го презентира планот за инвестиции во различни инфраструктурни проекти во висина од 2.25 трилиони долари.   Се планира парите да се потрошат во наредните осум години за развој на транспортоѕ, комуналните услуги, индустриско производство и останато.  Најзначајните инвестиции, во висина од 650 милијарди долари, ќе бидат […]

Макрон: Училиштата се затворат на три недели, нови рестриктивни мерки за цела Франција


Францускиот претседател Емануел Макрон обраќајќи и се на нацијата преку радиото и телевизијата повика на мобилизација на секого, кога се во игра многу нешта. -Здравствената криза низ која поминуваме, оваа епидемија на Ковид-19, трае веќе повеќе од една година. Година на тага, тешкотии, кажа претседателот на почеоткот од,  своеот ново обраќање до нацијата. „Од скоро […]

Капитол Хил евакуиран поради сомнителен пакет


Дел од Претставничкиот дом во Вашингтон, каде се наоѓаат канцеларии, денеска привремено беше евакуиран поради сомнителен пакет. Полициските службеници од обезбедувањето на зградата истражуваа сомнителен пакет што бил пронајден пред една од салите за состаноци, пренесе весникот „Сан“. Официјалните лица подоцна изјавија дека сомнителниот предмет е изнесен од зградата и дека Претставничкит дом е повторно […]

(Видео) Група млади спасија семејство од пожар во Нант: Бебето го фрлија од балкон


  Неколкумина млади во француски Нант станаа херои откако спасија семејство од пожар што го зафати нивниот стан во станбена зграда. На драматичните снимки се гледа како младите им помагаат на членовите од семејството да побегнат од станот на трети кат во неделата попладне. Шестмесечно бебе фрлија од баклон за да го спасат Донесоа душеци […]

Суд во Белгија и даде рок од 30 дена на Владата да ги укине анти-ковид мерките


Суд во Брисел и наложи на белгиската Влада да ги укине сите рестриктивни мерки за коронавирус во рок од 30 дена, потврди за ДПА Министерството за внатрешни работи. Владата ризикува дневна казна од 5.000 евра доколку не се придржува до наредбата, која беше изречена денеска, соопштија неколку белгиски медиуми. Сепак, казната е ограничена на вкупно […]

СЗО препорачува собирите по повод Велигден и Рамазан во Европа да се одржуваат на отворено


САД– Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача верските собири во Европа, имајќи ги предвид Велигден и Рамазан, да се одржуваат на отворено во земјите каде собири се дозволени. „Во земјите каде вирусот се шири повеќе, треба сериозно да се размисли за виртуелни собири, за одложувања или за намалување на големината на овие собири“, препорача СЗО во […]

Навални почна штрајк со глад


Русија– Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почна штрајк со глад, а информацијата ја објави на Инстаграм од затворот во Владимирската област, каде издржува казна од две години и осум месеци. – Објавувам штрајк со глад со барање за усогласеност со законот и дозвола да ме посети лекар, напиша рускиот опозиционер. Штрајкот ќе трае сè додека […]

ЕМА не утврди фактори на ризик за згрутчување на крвта во случаите по имунизацијата со АстраЗенека


Белгија – Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека засега не идентификувала фактори на ризик како што се возраст, пол или претходна историја на згрутчување на крвта во случаите на згрутчување на крвта пријавени по имунизација со вакцината на АстраЗенека против Ковид-19. ЕМА повтори дека предноста од вакцината го надминува ризикот. Во денешното соопштение се […]