Директорите на најголемите компании во Белгија заработуваат до 126 пати повеќе од вработените


Белгискиот економски весник “Ехо“ објави дека шефовите на најголемите фирми во земјата заработуваат до 126 пати повеќе од нивните вработени со најниска плата. Оваа информација доаѓа само неколку недели по последниот генералниот штрајк во земјата, што беше на крајот на март, кога синдикатите се побунија дека законот не дозволува во Белгија повеќе од 0,4 отсто […]

СЗО бара затворање на пазарите за живи животни


Здравствената агенција на Обединетите нации денеска ги повика државите да ја запрат продажбата на живи животни заробени од дивината на пазарите со храна како итна мерка, со оценка дека дивите животни се водечки извор на појава на заразни болести како коронавирусот. Светската здравствена организација, поддржана од клучни партнери, издаде ново упатство во кое се вели […]

Гутереш предложи солидарно оданочување на богатството стекнато во пандемијата со коронавирусот


За да се намали екстремната нееднаквост во светот, смета генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, националните влади треба да размислат за „солидарно оданочување“ на поединците кои го направија своето богатство за време на пандемијата на коронавирусот. -Треба да се осигураме дека парите се канализираат таму каде што се најпотребни. Најновите извештаи сигнализираат дека богатството […]

Австрискиот министер за здравство поднесе оставка


Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер денеска поднесе оставка. Откако беше на боледување повеќе од една недела, тој најави обраќање за денеска. За здравствената состојба на Аншобер нема информации, освен што вицеканцеларот Вернер Коглер рече дека министерот има проблеми со циркулацијата на крвта.

Германија ќе донесе национални правила за коронавирус


Германската влада се очекува денеска да се договори за измените во националниот закон за контрола на инфекциите, кои треба му овозможат поголема моќ на Берлин за централно спроведување на мерките против пандемијата на коронавирусот. Измените, кои беа критикувани од некои провинции, може да и дадат на Владата на канцеларката Ангела Меркел моќ да воведе ноќен […]

Индија ја одобри руската вакцина „спутник V“


  Индија ја одобри руската вакцина „спутник V“ против Ковид-19, објави голема локална фирма во таа земја со 1,3 милијарди жители, која повторно има најголем број новозаразени во светот. „Среќни сме што добивме одобрени за употреба на „спутник V“ во Индија“, рече Г.В.Прасад, генерален директор на компанијата „Др. Реди Лабораторис“, во соопштението кое го пренесува […]

ЕУ до крајот на 2021 година добива 200 милиони вакцини „Џонсон & Џонсон“, за кои не е потребна втора доза


Американската фармацевтска компанија „Џонсон & Џонсон“ почна да ја доставува својата вакцина против коронавирус во земјите од Европската унија. Портпаролот на компанијата изјави дека целта е во 2021 година да се испорачаат 200 милиони дози вакцини – во ЕУ, Норвешка и Исланд. „Џонсон и Џонсон“ развија вакцина што се дава во единечна доза – без […]

Галони нова уредничка на Ројтерс, прва жена на таа позиција на најстарата светска агенција


Англија– Алесандра Галони ќе стане главна и одговорна уредничка на Ројтерс, прва жена на таа позиција во 170-годишната историја на оваа агенција. Галони (47) е родена во Рим. Досега таа беше една од уредниците во Ројтерс, а на местото главен уредник ќе го замени Стивен Адлер, кој ќе се пензионира кон крајот на април.   Таа има […]

Отворена истрага против Дејвид Камерон поради лобирање


Британската влада отвори независна истрага за пропаднатата финансиска компанија „Гринсил“ откако лобирањето на поранешниот премиер Дејвид Камерон отвори прашања во врска со неговиот пристап до министрите. Австралискиот банкар Лекс Гринсил беше донесен како советник на владата додека Камерон беше британски премиер од 2010 до 2016 година. По напуштањето на функцијата, Камерон за возврат стана советник […]

Лансет: Британската варијанта не предизвикува потешки форми на Ковид-19


Англија – Во научното списание „Лансет“ објавена е студија за многу заразна варијанта на коронавирус, создадена во Велика Британија, т.н. британски сој. Иако експертите досега тврдеа дека станува збор за поопасна варијанта на коронавирус, според најновото истражување, британската варијанта не предизвикува потешки форми на Ковид-19, кои задолжително бараат хоспитализација или завршуваат со смрт. Студијата опфаќа група од 496 ковид […]

Канада забрани извоз на дронови во Турција


Канада– Канада забрани извоз на беспилотни летала во Турција откако констатира дека опремата ја користеле азербејџанските сили кои се борат против Ерменија во Нагорно Карабах, рече министерот за надворешни работи Марк Гарно.   Тој изјави дека ваквата употреба не е во согласност со канадската надворешна политика, како и со уверувањата дадени претходно од Турција и додаде […]

Брегзит може повторно да го потпали конфликтот во Северна Ирска


Новата трговска граница меѓу ЕУ и Велика Британија, која се појави по Брегзит во Ирското Море, кај Северноирците создава чувство на изолација, а тоа, пак, може повторно да го разгори речиси заборавениот конфликт, предвидува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Опасноста од ескалација расте. Во главниот град Белфаст криминалците ја гаѓаа полицијата со камења, петарди и молотови коктели, […]

Пукање во училиште во Ноксвил, едно лице убиено


САД– Едно лице е убиено, а еден полицаец е ранет во инцидент со пукање во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, соопшти полицијата.   Полицајците излегле на терен по дојава за вооружен маж во училиштето.   Полицијата соопшти дека нема други повредени лица, додавајќи дека местото на несреќата е обезбедено.   Властите не наведуваат други детали […]

Би-Би-Си добил 100.000 жалби за известувањето за смртта на принцот Филип


Англија – Би-Би-Си добил 100.000 жалби од гледачите за известувањето по повод смртта на војводата од Единбург. Корпорацијата во петокот веднаш го расчисти дневниот програмски распоред откако беше објавена веста дека принцот Филип почина на 99-годишна возраст. Сапунската опера „Истендерс“ и финалето на натпреварувачкото шоу „MasterChef“ беа  заменети со вести, додека програмата на каналот Би-Би-Си 4 […]

Земјите од Г7 загрижени за трупањето руски сили на границата со Украина


САД – Земјите од Г7 вчера соопштија дека се длабоко загрижени за трупањето на руските сили на границата со Украина и анектираниот регион Крим, јави ДПА. Неодамнешните извештаи за руската воена активност во и околу Украина, како и кршењето на примирјето, предизвикаа меѓународна загриженост за повторно ескалирање на седумгодишниот конфликт меѓу двете земји, додаде германската агенција. […]

Експерти на ЕМА во Москва ја проценуваат вакцината „Спутник В“


Русија – Експерти од Европската агенција за лекови (ЕМА) престојуваат во Москва за да ја проценат вакцината „Спутник В“ против Ковид-19, објавија денеска руските медиуми, наведувајќи дека претставниците на ЕМА ќе ги посетат и производствените капацитети. Претставниците на европското регулаторно тело, кое иницираше анализа на руската вакцина на почетокот на март, посетија две клиники каде што се […]

(Видео) Голем пожар во руска фабрика, загина пожарникар


  Голем пожар во кој загина еден пожарникар, а двајца се тешко повредени, продолжи да се шири на подрачјето на историската фабика во Санкт Петерсбург, некогашна царска престолнина. Околностите околу избувнувањето на пожарот се непознати и пожарникарите продолжуваат да се борат со огнената стихија, која се гледа од историското средиште на Санкт Петерсбург и зафаќа […]

Продолжува драмата кај германските конзервативци: ЦДУ го поддржува Армин Лашет


Поголемата партија во конзервативниот блок застана зад нејзиниот лидер иако тој стои послабо во анкетите од Баварецот Маркус Зодер   Врвните функционери од владејачките германски демохристијани (ЦДУ) во понеделникот ја поддржаа кандидатурата на шефот на партијата Армин Лашет да биде кандидат на конзервативците за наследник на Ангела Меркел како канцелар. Лашет е во судир за […]

Тедрос: Ковид-19 за неколку месеци може да се стави под контрола со почитување на мерките


Швајцарија– Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не е решен, но оти може да се стави под контрола за неколку месеци со докажани мерки во заштитата на јавното здравје. Тедрос на денешната прес-конференција изјави дека СЗО со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата […]

Пукање пред болница во Париз, еден убиен, еден ранет


  Попладнево се случи пукање пред една болница во Париз, Франција, при што убиено е едно лице, а уште еден човек е ранет. Напаѓачот побегнал со мотор, јавува „Паризиен“. Информацијата за нападот што се случил во 13.40 часот, ја објави АФП, повикувајќи се на извори блиски до полицијата. Две лица се ранети, од кои едниот […]