„Волстрит џурнал“: Ковид-19 можно е да протекол од кинеска лабораторија во Вухан


Според извештај на САД за потеклото на Ковид-19, хипотезата дека новиот коронавирус протекол од кинеска лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори запознати со содржината на тајниот документ. Студија на Националната лабораторија на САД – Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија, беше подготвена во мај минатата […]

САД одобрија нов лек за Алцхајмерова болест, прв во последните 20 години


Американскиот регулатор во понеделникот соопшти дека одобрил нов лек за Алцхајмерова болест, прв по речиси дваесет години. „Ова одобрување е важно од повеќе причини“, соопшти Американската агенција за лекови (ФДА). Лекот, произведен од фармацевтската компанија Биоген под името Адухелм, „е првиот лек за Алцхајмерова болест одобрен по 2003 година“, забележа агенцијата. Ова е исто така […]

СЗО: Околу 420.000 лица умираат годишно од опасна храна


Околу 600 милиони луѓе низ светот годишно заболуваат од конзумирање на загадена храна, а 420.000 умираат од неа, според СЗО, пренесува Дојче веле. Овие смртни случаи можат да се избегнат со заеднички напори, потсети Светската здравствена организација (СЗО) на Денот на безбедноста на храната. – Ние имаме колективна одговорност да обезбедиме здрава и свежа храна, […]

Марксистот Кастиљо близу до победа на претседателските избори во Перу


Неизвесноста го достигна врвот во понеделникот на финалето на претседателските избори во Перу: радикалниот левичарски кандидат Педро Кастиљо за првпат поведе, откако беа изброени 94,355 проценти од гласовите. Поранешниот учител во 12 часот по локално време (19:00 часот по средноевропско време) водеше пред популистичката десничарка Кеико Фуџимори за 39.164 гласа (50,11 проценти), а имаше 72.000 […]

Хајко Мас бара да се укине правото на вето во ЕУ


    Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас а побара Европската унија да го укине правото на вето на земјите членки кога станува збор за надворешно-политички одлуки. „Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со своите вета. Затоа кажувам многу отворено, ветото мора да замине, […]

Кина со нов закон ќе ги заштити своите компании од странски санкции


Кина планира да воведе нов закон за заштита на своите компании од странски санкции, објавија денеска кинеските медиуми. Парламентот на земјата расправаше за предлог-законот за спротивставување на странските санкции, соопшти државната телевизија, без да наведе повеќе детали. Минатата недела, Пекинг ги обвини САД за „потиснување“ на кинески компании, и издаде тајни закани за одмазда откако […]

ЕМА: Хепаринот да не се користи за ретки тромби по вакцините „АстраЗенека“ или „Џонсон и Џонсон“


Европската агенција за лекови (ЕМА) им даде препорака на лекарите да избегнуваат „хепарин“ при третман на ретки крвни згрутчувања и ниски тромбоцити кај пациенти кои примиле вакцина „АстраЗенека“ или „Џонсон и Џонсон“. Европскиот медицински регулатор, во соопштение со кое сака да ја подигне свеста за правилен третман, се фокусираше на препораката на Меѓународното друштво за […]

На норвешкиот брег најдено тело на момче мигрант, со семејството се удавиле во Ламанш


  Норвешката полиција на брегот го пронајде телото на бебето кое лани исчезна во Ламанш. Момчето Артин, на возраст од година и три месеци, како и неговото четиричлено семејство, исчезнаа откако потона брод со кој од Франција оделе за Велика Британија. Курдско-иранското семејство се обиде од Франција да премине во Велика Британија. Телото на момчето […]

Путин го потпиша повлекувањето на Русија од договорот „Отворено небо“


Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон со кој официјално се потврдува повлекувањето на Русија од договорот „Отворено небо“, меѓународен договор што овозможува невооружени летови за набљудување над териториите на земјите потписнички. Администрацијата на Бајден во мај ја извести Москва дека нема повторно да склучи договор, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД […]

Шпанија ги отвора своите граници за вакцинираните патници


Шпанија ги отвора од денеска своите граници за патниците вакцинирани против коронавирусот, кои доаѓаат од ЕУ, трети земји или земји поврзани со Шенген, во обид да го оживеат својот туристички сектор. Патниците што пристигнуваат во Шпанија треба да имаат потврда за вакцинација против Ковид-19. Од денеска ќе бидат дозволени крстарења од пристаништата. Шпанската министерка за […]

Словачка втора држава во ЕУ што почна имунизација со Спутник В


Словачка е втора држава во Европската унија што почна со имунизација со руската вакцина Спутник В, која се уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА). Словачка ја одобри вакцината на 26 мај и има на располагање 200.000 дози. Досега само 5.000 луѓе се пријавија за Спутник В, а првата земја на ЕУ […]

Почина Давид Душман,„херојот од Аушвиц“, последниот прежиеван ослободител на конц-логорот


Давид Душман, последниот преживеан војник кој учествуваше во ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта во Аушвиц во 1945 година, почина на 98-годишна возраст. Тој почина во клиниката во Минхен во петокот вечерта, соопшти во неделата градската еврејска заедница ИКГ, опишувајќи го како „херој на Аушвиц“. Душман, војник на Црвената армија, кој подоцна стана меѓународен мечувалец, […]

Авионот во кој беше Камала Харис се врати поради дефект, на аеродромот


  Авионот во кој беше Камала Харис мораше да се врати поради технички проблеми додека американската потпретседателка патуваше за Гватемала, на своето прво меѓународно патување. „ДОбро сум, добро сум“, уверуваше Харис дигајќи два прста во воздух и насмевнувајќи се по слетувањето, сепак додавајќи: „Сите кусо се помоливме, но добро сме.“ Потпретседателката со друг авион замина […]

Маж на избори во Мексико донесе отсечена глава


  Непознат маж фрли отсечена глава на гласачко место во пограничниот град Тихуана, во Мексико, а во близина се пронајдени пластични вреќи полни со делови од тело, додека Мексиканите ширум земјата гласаат на избори. Властите соопштија дека мажот погебнал и дека на тоа подрачје најдени се пластични вреќи со остатоци од човек и отсечени раце. […]

Поранешни светски лидери бараат земјите-членки на Г-7 да издвојат околу 50 милиони долари за вакцини за сиромашните земји


Повеќе од 100 поранешни премиери, претседатели и министри за надворешни работи ги повикаа лидерите на Г-7 да платат две третини од 66 милијарди долари потребни за вакцинирање против Ковид-19 во најсиромашните земји. Во писмото, во кое Гардијан имаше увид, се наведува дека лидерите на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада мора да […]

Поради индискиот сој на Ковид-19 можно е да не бидат укинати рестриктивните мерки во Велика Британија


Во Велика Британија е зголемена загриженоста поради новиот индиски сој на Ковид-19, кој според истражувањата е за 40 отсто позаразен од претходиот британски вид, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок. Ширењето на варијантата Делта, првпат идентификувана во април во Индија сега е доминантна во Велика Британија, поради што најверојатно нема да се укинат дел […]

Најмалку 50 загинати во железничка несреќа во Пакистан


Најмалку 50 луѓе загинаа денеска во судир на два брзи воза во јужен Пакистан, соопштија властите. Дел од повредените се во критична состојба.Несреќата се случила во регионот Готки. Според првичните информации, еден воз излетал од шините и потоа во него удрил друг воз.  Во возовите со околу 14 вагони, имало околу 1.100 патници. 

ЕП неделава ќе гласа за укинување на патентите за вакцини против Ковид-19


Европскиот парламент неделава ќе гласа за предлогот за резолуција со која се повикува Светската трговска организација да ги отфрли патентите за вакцините против Ковид-19. Во дискусијата за тоа прашање во мај, ЕП беше едногласна во барањето за укинување на патентите, а во меѓувреме ЕК предложи мерки за проширување на производството на вакцини без да се […]

СЗО: Човештвото мора да се научи на соживот со коронавирусот


Глобално искоренување на коронавирусот во моментов не е разумна цел, изјави Дејвид Набаро, специјален пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19. – Човештвото ќе мора да научи да коегзистира со овој вирус, спречувајќи го нагло да еруптира и да предизвика жаришта на болеста. Искоренувањето во моментов не е разумна цел за светот, изјави д-р […]

Неочекувано голем успех на ЦДУ на покраинските избори во Саксонија-Анхалт


БЕРЛИН – Конзервативците на канцеларката Ангела Меркел извојуваа огромна победа на покраинските избори во источна Германија во неделата, што претставува поттик за Армин Лашет, кој се надева дека ќе ја наследи на националните избори во септември. Според излезната анкета од изборите во Саксонија-Анхалт за јавниот радиодифузер МДР демохристијани (ЦДУ) имаа 36 отсто од гласовите, за […]