Почина мајката на Борис Џонсон


Шарлот Џонсон Вал професионална сликарка и мајка на британскиот премиер Борис Џонсон, почина на возраст од 79 години. Џонсон Вал почина ненадејно и мирно во лондонска болница ов понеделникот, пренесе „Телеграф“. Даунинг стрир не одоговори на барањето за коментар, а и претставници на семејството не беа достапни. Џонсон за време на годишната конференција на Конзервативната […]

Извештај на кубански научници: Немало мистериозни напади на дипломати


Куба го објави најдеталниот извештај на своите еминентни научници, кои ги критикуваа наводите дека американски и канадски дипломати биле изложени на мистериозни напади на тој остров поради што имале здравствени проблеми. Во извештајот, 20 членови на Кубанската академија на науките доведоа во прашање дали различните пријавени симптоми воопшто може да се сметаат за ист синдром […]

На донаторска конференција на ОН за Авганистан ветени една милијарда долари


ОН денеска во Женева е домаќин на донаторска конференција на која се надеваше дека ќе собере 606 милиони долари (513 милиони евра) потребни до декември за одржување на програмите за помош во Авганистан. До крајот на попладнето, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш информира дека донаторите ветиле повеќе од милијарда долари. – Оваа конференција целосно ги исполни […]

Повеќе од 200 милиони луѓе би можеле да мигрираат до 2050 година поради климатските промени


Климатските промени би можеле да принудат повеќе од 200 милиони луѓе да ги напуштат своите домови во следните три децении доколку не се преземат итни мерки за намалување на емисиите на штетни гасови и разликите во нивото на развиеност, се наведува во извештај на Светската банка. Во вториот дел од извештајот, објавен денеска, авторите испитуваат како ефектите од климатските промени, како што се недостигот на […]

СЗО и ФДА: Трета доза вакцина против Ковид засега не е оправдана


Администрацијата на дополнителни дози на вакцина против Ковид-19 за целата популација засега не е оправдана, оценија во понеделникот експерти од СЗО и американската агенција за лекови ФДА. – Вакцините, кои ги има во ограничени количини, ќе спасат најмногу животи ако се дадат на луѓе со висок ризик од тежок облик на Ковид и кои се уште не се вакцинирани, […]

Децата во Њујорк се вратија во училиштата, наставниците ќе мора да се вакцинираат


Еден милион деца во Њујорк денеска тргнаа на училиште, што е првпат наставата да се одржува во училници од почетокот на епидемијата на коронавирусот. Во Њујорк од денеска нема да има повеќе онлајн часови, и покрај појавата на новата, позаразна делта варијанта на коронавирусот. Заврши и работата на далечина во градот, па денеска околу 300.000 луѓе се вратија на работа. Сите […]

Штетата од ураганот Ида во САД може да изнесува 20 до 30 милијарди долари


Осигурителните компании можат да очекуваат побарувања по проценките за штетата предизвикана од ураганот Ида во САД во вредност од 20 до 30 милијарди долари, соопшти компанијата за развој на модели на ризици поврзани со катастрофи AIR Worldwide. AIR ги ажурираше проценките за осигурените загуби по анализата на влијанието на поплавите во внатрешноста на земјата на траекторијата на […]

Анкета: Германците бараат да продолжат со работа од дома


Германија – Повеќе од две третини од Германците кои работеа од дома за време на пандемијата сакаат да го зачуваат правото за таа форма на работа, покажуваат резултати од денеска објавената анкета. – Популарноста да се работи во сопствените четири sида се зголеми дополнително за време на пандемијата, нагласија од енергетската компанија Еон, врз основа на резултатите […]

Авион принудно слетал во Австрија, оти патник „заглавил“ в тоалет


Авион со 134 луѓе во себе, во саботата бил принуден на непланирано слетување во Австрија, откако патник „се заглавил“ во тоалет, не сакајќи или „не можејќи“ да излезе. Имено, 51-годишниот маж целото време го минал в тоалет, па пилотот одлучил да го приземји авионот. Тој летал од Кипар за Цирих, Швајцарија, а принудното слетување се […]

Песков: Нема да има средба Путин-Зеленски ако тема на разговорите е Крим


Средба меѓу претседателите на Русија и Украина Владимир Путин и Владимир Зеленски е невозможна доколку Киев планира да го постави прашањето за тоа кому припаѓа Крим, соопшти денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. – Не, (дискусијата за Крим) е невозможна со таква формулација на прашањето. Едноставно, дискусија за Крим не е можна. Затоа, таквата формулација […]

Би Би Си: „Бритиш Американ Тобако“ му платила поткуп на Мугабе


Истражување на Би Би Си открило докази дека една од најголемите британски компании му платила поткуп на поранешниот лидер на Зимбабве, Роберт Мугабе. Документите покажуваат дека Бритиш Американ Тобако (БАТ) учествувала во преговори за плаќање меѓу 300.000 и 500.000 долари на партијата на Мугабе – Африканска национална унија на Зимбабве-Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ) во 2013 година. […]

Драматично се зголеми бројот на тешко заболени бремени жени со Ковид-19 во Италија


Бројот на бремени жени во Италија кои се во болница во сериозна состојба предизвикана од Ковид -19 драматично се зголемува, како и бројот на предвремено родени бебиња, затоа италијанските виролози и гинеколози апелираат до сите бремени жени да се вакцинираат по три месеци од бременоста. Две од три бремени жени во Италија одбиваат да се […]

Лондон одби да купи вакцини од „Валнева“


Велика Вританија тврди дека „ француската компанија ги прекршила своите обврски според договорот за набавка на вакцини, но таа категорично ги отфрла таквите наводи“, се наведува во соопштението на компанијата „Валнева“. За разлика од повеќето висококвалитетни вакцини против Ковид-19, кои користат различни методи за стимулирање на имунолошкиот систем за борба против коронавирусот, VLA2001 на Валнева […]

Силен земјотрес во Аргентина и во Иран


Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска северозападниот дел на Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот на земјотресот бил на 175 километри западно од градот Сан Салвадор де Хухуј, на длабочина од 171 километар. Нема информации за жртви и материјална штета. Земјотрес во Иран Земјотрес со јачина од 5,2 […]

До крајот на годината богатите земји ќе имаат 1,2 милијарди дози вакцини вишок


Богатите држави се соочуваат со сè поголем притисок за распределба на вакцините против Ковид-19, што можат да ги распределат по земјите со низок приход, покажува новата налаиза спроведена од лондонската научно-аналитичка компанија „Airfinity“. Анализата укажува на тоа дека до крајот на 2021 година на располагање ќе бидат 1,2 милијарди дополнителни дози. Компанијата истакнува дека дел […]

Бајден прогласи состојба на катастрофа во Калифорнија


Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на природна катастрофа во Калифорнија, непосредно пред заминувањето во Сакраменто, каде сака на самото место да ги види штетите од шумските пожари, соопшти Белата куќа. „Претседателот Бајден прогласи состојба на катастрофа во Калифорнија и нареди на Федералната служба за помош да обезбеди закрепнување на сојузната држава, која беше погодена […]

Пожар беснее во Шпанија: Загина еден пожарникар


  Властите во Малага, Шпанија, одлучија да продолжат со евакуација на жителите додека трае акцијата за ставање под контрола на пожарот кој со денови беснее и досега проголта 6.000 хектари шума. Тој огромен ппожар, кој од средата вечерта гори на планината Сиера Бермеја, на југот на Шпанија, се зајакна откако во неделата утрото се спои […]

Во Италија Сомалиец со нож нападна петмина, меѓу кои и дете, полицијата го уапси


Италијанската полиција уапси сомалиски барател на азил откако во саботата вечер со нож избоде четири лица и шестгодишно дете во туристичкиот град Римини, објави денеска новинската агенција АНСА. Истражителите засега исклучуваат терористички напад, додава АНСА. Министерката за внатрешни работи Лусијана Ламоргезе го опиша инцидентот како „исклучително сериозен“ и во соопштението наведе дека во понеделник ќе […]

Брисел ужаснат и гневен: Барние од главен преговарач на ЕУ стана анти-ЕУ


Пријателите, колегите и непријателите на Мишел Барние го поставуваат истото прашање за поранешниот главен преговарач на ЕУ за Брегзит: Дали го загуби умот? Барние, францускиот политичар ветеран кој освои големо признание за зачувување на единството на ЕУ во текот на спорниот процес за Брегзит, сега е кандидат на републиканците, неговата десноцентристичка конзервативна партија, за претседател […]

Градоначалничката на Париз ќе се кандидира за претседател на Франција


Градоначалничката на Париз, Ан Идалго (62) денеска објави дека би сакала да се кандидира на француските претседателски избори во 2022 година пред социјалистичката листа, иако анкетите во моментов покажуваат дека таа има мали шанси да победи, доколку не ја обедини поделената левица. -Знаејќи во колку сериозни времиња живееме, за да дадам надеж на нашите животи, […]