Американски дипломат во Мексико силувал 23 жени


Поранешен американски дипломат дрогирал, сексуално злоставувал и фотографирал вкупно 23 жени во текот на 14 години додека работел во американската амбасада во главниот град на Мексико, јави американското министерството за правосудство. Од таму соопштија дека 45-годишниот Брајан Џефри Рејмонд призна вина за наведените злосторства. Може да добие казна доживотен затвор. „Рејмонд го напушти Мексико по […]

Објавена нова карта за состојбата со корона вирус во Европа, Грција во црвено


Европскиот центар за контрола на болести објави нова карта на Европската Унија во врска со состојбата со пандемијата, а на неа се гледа дека речиси цела Грција е во црвено, додека брегот на Хрватска е во портокалово. Континенталниот дел остана зелен, додека северниот дел на Франција, поголемиот дел на Италија се портокалови. Јужниот дел на […]

Пелоси го нарече Мекарти „морон“ поради критиките за заштитните маски


САД – Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, го нарече лидерот на републиканското малцинство во тој дом, Кевин Мекарти, „морон“ откако од неа беше побарано да ги коментира неговите критики околу прописите за носење заштитни маски. – Тој е таков морон!, изјави Пелоси додека влегуваше во нејзиниот автомобил пред Капитол Хил, како одговор […]

Најголемата австралиска сојузна држава пријави рекорден број на новозаразени


Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс пријави најголем дневен број на луѓе заразени со коронавирус, само еден ден откако карантинот во главниот град Сиднеј беше продолжен до 28 август. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан, рече дека во последните 24 часа до средата вечерта, биле регистрирани 239 локални случаи на 111.000 тестови, пренесе Индекс.хр. […]

Силен земјотрес на Алјаска, издадено предупредување за цунами


Силен земјотрес, со јачина од 8,2 степени по Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на американската држава Алјаска. По земјотресот активирана е тревога за можно цунами. Многу силниот земјотрес е евидентиран на околу 91 километар источно-југоисточно од Перивил, Алјаска, и се случи околу 22:15 часот, среда навечер, по локално време, односно утрово по централноевропско време, […]

Пасоши ве молам: Авганистанци чекаат ред за да се спасат


Како и илјадници негови сонародници, така и Абдел Калид Набиар чека надвор од главната канцеларија за пасоши во Авганистан за да поднесе барање за скапоцениот патен документ што ќе му овозможи да ја напушти државата зафатена од војна. Со оглед на тоа што талибанците засилено напредуваат додека странските сили го завршуваат нивното повлекување, многу Авганистанци […]

Втората доза на АстраЗенека не го зголемува ризикот од згрутчување на крвта


Примањето втора доза на АстраЗенека не резултираше со зголемување на инциденцата на згрутчување на крвта кај луѓе со ниски тромбоцити, покажа најнова студија објавена во The Lancet. Резултатите од студијата покажуваат стапка на синдром на тромбоцитопенија (TTS) по втората доза на вакцина од 2,3 на милион вакцинирани, што е вообичаена бројка кај луѓето кои не […]

САД и СЗО договорија дополнителни студии за потеклото на коронавирусот


Кувајт – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на вчерашната средба со директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебреисус во Кувајт договорија изработка на дополнителни студии за откривање на потеклото на пандемијата. – На состанокот беше истакнато дека во следната фаза, истрагата мора да биде навремена, базирана на докази, транспарентна и да биде водена од експерти […]

Профитот на „Фајзер“ зголемен со импресивни 59 проценти во вториот квартал


САД – Силната продажба на вакцината против Ковид-19 и други лекови му помогна на „Фајзер“ да го удвои приходот во вториот квартал од годината и да го зголеми профитот за импресивни 59 проценти. Вакцината против Ковид-19 на американската фармацевтска компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтех им донесе приходи од директна продажба 7,84 милијарди долари. […]

Гугл и Фејсбук само на вакцинираните вработени ќе им дозволат да се вратат во канцеларија


САД– Интернет гигантите Гугл и Фејсбук најавија дека ќе бараат сите вработени кои работат во нивните канцеларии да бидат вакцинирани против Ковид-19. Што се однесува на Гугл, обврската ќе стапи во сила следните недели во САД, а потоа ќе опфати и други региони во светот, рече извршниот директор Сундар Пичаи. Тој појасни дека правилото нема […]

Во Парагвај запленети рекордни 3,4 тони кокаин


Парагвај– Парагвајската полиција соопшти дека во предградие на Асунсион запленила над 3,4 тони кокаин, скриен во товар шеќер наменет за извоз,. Дрогата била пронајдена во контејнер во изнајмен магацин и тоа е најголемата заплена на кокаин во историјата на Парагвај. Наведено е дека истрагата траела речиси еден месец. Претходна рекордна заплена на дрога беше во […]

Вашингтон пост: Бајден утре ќе нареди обврзна вакцинација за сите вработени во федералните органи 


САД– Претседателот на САД Џо Бајден се очекува во четврток да нареди обврзна вакцинација за сите вработени во федералната влада. Ова денеска го објави Вашингтон пост. Покрај обврзната вакцинација, претседателот може да даде наредба за потврда за вакцинација при влез во државните објекти и за патувања меѓу државите, јави дописникот на МИА од Вашингтон. „Широко наметнатите мерки […]

Бајден имаше куса средба со Тихановска: САД се солидарни со Белорусија и нејзиниот стремеж за демократија 


САД- Претседателот на САД Џо Бајден денеска во Белата куќа ја прими Светлана Тихановска, лидерка на белоруската опозиција,  „Ми беше чест да се сретнам денеска наутро со госпоѓа Тихановска во Белата куќа. САД се солидарни со Белорусија во нејзините стремежи кон демократија и универзални човекови права“, напиша Бајден на Твитер Според Тихановска, средбата, траела петнаесет минути и […]

„Фајзер“: Третата доза од вакцината ја зголемува заштитата од делта сојот до 100 пати


САД – Третата доза на вакцината против коронавирус може да ја зголеми заштитата од делта сојот на вирусот до 100 пати, се наведува во извештајот објавен од американската фармацевтска компанија „Фајзер“. „Третата доза значително ги подобрува податоците за неутрализирање на делта варијантата. Очекуваниот потенцијал е зголемување до 100 пати во неутрализацијата на делта варијантата по приемот […]

Раб: Со досегашното темпо светот ќе биде вакциниран дури кон крајот на 2024 година


Шефот на британската дипломатија, Доминик Раб, предупреди дека со сегашното темпо на вакцинација, светот ќе се вакцинира против Ковид-19 дури до 2024 година. Министерот ги повика другите земји да и се придружат на Велика Британија во донирањето вакцини за сиромашните нации. Раб се надева дека земјата ќе биде следена и од други земји, откако Велика […]

ЕК склучи договор за набавка на лекови против Ковид


Белгија – Европската комисија денеска соопшти дека склучила договор за набавка на лек против Ковид, произведен од Глаксо Смит Клин (ГСК). Во соопштението на ЕК се вели дека препаратот (сотровимаб / VIR-7831) сè уште не е одобрен од Европската Агенција за лекови (ЕМА) и се додава дека употребата на лекот ќе биде можна по одобрување од […]

„Алијанц“: „Поплавата на векот“ ќе не чини 500 милиони евра


Се повеќе осигурителни компании ги објавуваат своите проценки за износот на штетите предизвикани од поплавите кои ја зафатија Германија по силното невреме. Лидерот на пазарот „Алијанц“ го посочи вкупниот износ од над 500 милиони евра што групата очекува да им ги исплати на погодените клиенти. „Алијанц“ има добиено околу 13.000 пријави за причинета штета на […]

Нов судир меѓу Ерменија и Азербејџан, има жртви – се вмеша Русија


Три ерменски војници загинаа во размена на оган со азербејџанските сили, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија. На Твитер објавија дека дошло до судир со воените сили на Азербејџан. Единиците на вооружените сили на Азербејџан, кои ги нападнаа ерменските позиции, отфрелни се назад на почетната позиција, претрпувајќи губитоци, а судирот продолжува“, соопшти министерството. Ерменија и […]

Бајден го номинираше Марк Гитенштајн за амбасадор во ЕУ


Американскиот претседател Џо Бајден ќе го номинира Марк Гитенштајн (74), поранешен амбасадор во Романија и негов долгогодишен соработник, за пратеник на Вашингтон во Европската унија, објави во вторникот Белата куќа. Бајден, исто така, ја објави својата намера да предложи уште четири лица на амбасадорски позиции, вклучувајќи ја и Хулиса Рејносо Панталеон да ги претставува САД […]

Пет лица се сметаат за исчезнати во големата експлозија во Леверкузен


Пет лица сè уште се водат за исчезнати по големата експлозија во индустриски комплекс во Леверкузен, Германија. Во инцидентот две лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени. Петмина од нив се во сериозна здравствена состојба. Експлозијата одекна при горење отпад во најголемиот ваков центар во земјата, во хемиската компанија Курента, недалеку од Леверкузен. По […]