Австриски весник „Винер Цајтунг“ преживеа се, дали ќе го преживее Курц?


 Кога австрискиот весник „Винер Цајтунг“ го објави своето прво издание, просветителството допрва требаше да се случи во Европа, пронаоѓањето на парната машина беше еден век подалеку, а во политиката на континентот доминираше Французинот желен за моќ со прекар Кралот Сонце. Весникот е основан во 1703 година и тврди дека е најстариот дневен весник во светот […]

Папата Франциск доби сертификат за вакцинација


Италија – Папата Франциск доби сертификат дека е вакциниран, односно „зелена потврда“, откако ги прими двете дози на вакцината против Ковид-19. Ватикан донесе одлука дека секој што сака да присуствува на верските служби во Светата столица мора да има сертификат за вакцинација, а обврската важи и за посетителите на музеите во Ватикан. Во останатите парохии низ […]

МЗ: Сертификатот за вакцинација во се повеќе земји станува секојдневие


Министерството за здравство соопшти дека во земјава досега се детектирани 30-тина случаи со делта варијанта, која рапидно се шири насекаде во светот, во регионот, па многу е веројатно истото да се случи и кај нас. Делта сојт на СарсКов2, како што се посочува, ја прави вакцинацијата уште поважна, оттука мора да се вакцинираат што поголем […]

Јапонија: Поддршка на премиерот на рекордно ниско ниво на крајот на Олимпијадата


Поддршката за јапонскиот премиер Јошихиде Суги падна под 30 проценти за прв пат откако ја презеде функцијата, покажа анкетата во понеделникот, знак дека Олимписките игри во Токио не успеаја да го зголемат неговиот рејтинг во услови на зголемен број на заразени о корона. Според анкетата спроведена од весникот Асахи, околу една третина од граѓаните не […]

Одбележување 76-годишнина од нуклеарниот напад врз Нагасаки


Јапонскиот град Нагасаки денеска ја одбележа 76-годишнината од нуклеарниот напад за време на Втората светска војна од страна на САД, а градоначалникот Томиша Тауе апелираше до јапонската Влада да земе поактивно учество во ослободувањето на светот од нуклеарно оружје. Нема точни податоци за бројот на жртвите, но се проценува дека најмалку 74.000 луѓе го загубиле […]

Ерупција на индонезискиот вулкан Мерапи


Вулканот на планината Мерапи, на индонезискиот остров Јава, еруптираше рано утринава, исфрлајќи облаци чад, соопшти Националната геолошка агенција, пренбесе ДПА. Според агенцијата, микс од жешка лава, пепел и гасови, попознати како пирокластични текови, патувале до 2.000 метри на југозападната падина на вулканот. Нивото на тревога на вулканот остана на второто,највисоко ниво, што беше прогласнео од […]

Во Белорусија дојде забрана и за Солженицин, Набоков и Алексиевич


Тројцата славни писатели веќе не се дел од наставната програма по литература   Делата на Светлана Алексиевич, Александар Солженицин и Владимир Набоков се исклучени од наставната програма за литература во 11 одделение во Белорусија. Последните двајца досега беа дел од делот со наслов „Местото и улогата во литературниот процес на дисидентската литература“. „Последните сведоци“ на […]

Вухан за пет дена го заврши тестирањето на 11,28 милиони жители против Ковид-19


 Во рок од само пет дена централниот кинески град Вухан го заврши тестирањето на 11,28 милиони жители, што го спроведе поради зголемувањето на бројот на лица кои се заразија со Ковид-19, соопштија локалните власти. -Тестирани се сите жители на Вухан, освен децата помлади од шест години и студентите кои се на летен одмор, изјави заменик […]

Опозиционерката Љубов Собол ја напушти Русија


Русија– Опозициската политичарка и соработничка на Алексеј Навални, Љубов Собол, замина за Турција, и покрај забраната на судот да ја напушти Москва и Московскиот регион, објави РЕН-ТВ, повикувајќи се на извори. Подоцна, истата информација ја пренесоа уште неколку руски медиуми, објави Дојче веле. Според соговорникот на РЕН-ТВ, Собол полетала за Истанбул со лет од аеродромот […]

Главната помошничка на гувернерот на Њујорк поднесе оставка во екот на скандалот за сексуално вознемирување


САД– Главната помошничка на гувернерот на државата Њујорк, Мелиса Де Роса, поднесе оставка во екот на актуелниот скандал за сексуално вознемирување, во кое главен актер е токму гувернерот Ендрју Куомо. Де Роса, секретарката на Куомо, официјално соопшти дека поднесува оставка. Таа изјави дека работата за луѓето во Њујорк „беше најголемата чест во мојот живот“. Извештајот […]

Британскиот министер за здравство се пожали на неоправдано високите цени на ПЦР тестовите во земјата


Англија– Британската агенција за конкуренција денеска соопшти дека ќе ги испита цените на тестовите за Ковид-19 воведени од владата за патниците, откако министерот за здравство Саџид Џавид се пожали дека скапите тестови спречуваат одредени луѓе да одат на одмор. ПЦР тестовите,што се неопходни за повеќето патници, чинат во просек околу 75 фунти, што е 300 […]

Израелско истражување покажало дека третата доза на вакцината има слични нуспојави како втората


Израел– Повеќето луѓе кои ја примиле третата доза на вакцината на компанијата „Фајзер“ против Ковид-19 покажале нуспојави слични или помали отколку по примањето на втората доза, покажало иницијално истражување во Израел. Израел, пред околу десет дена почна да нуди трета доза од вакцинација на луѓето постари од 60 години, како дел од напорите да се […]

Пожарот Дикси е втор по големина во историјата на Калифорнија


САД – Шумскиот пожар во северна Калифорнија прерасна во втор по големина во историјата на американската сојузна држава, соопштија вчера локалните власти, неколку дена откако пожарот уништи историски град изграден за време на Златната треска и принуди илјадници жители да се евакуираат. Шумскиот пожар Дикси сега гори на повеќе од 1.850 квадратни километри, а само 21 […]

Алармантeн пораст на заразени од Ковид 19 во САД


САД просечно регистрираат над 100.000 нови дневни случаи на Ковид-19 дневно, што е најголем број за речиси шест месеци, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, објави Си-Ен-Ен. Последен пат кога просечната дневна вредност за седумдневен период надмина 100.000 случаи беше на 11 февруари, покажуваат податоците. Земјата достигна низок просек за 2021 година од 11.299 дневни […]

Саудиска Арабија овозможува аџилак за одреден број вакцинирани аџии од странство


Саудиска Арабија–  Од утре Саудиска Арабија ќе започне постепено да прима барања од вакцинирани странски аџии за умра (мал аџилак), откако не ги прими една и пол година поради пандемијата на коронавирус, соопштија денеска локалните медиуми. Со капацитет што постепено ќе се зголеми на два милиони аџии, со 60.000 аџии месечно, Мека и Медина ќе […]

Забрзана вакцинација на ученици во Шпанија


Регионалните влади во Шпанија одлучија да ја забрзаат вакцинацијата на адолесцентите на возраст од 12 до 15 години пред почетокот на новата учебна година. Целта е да се ограничи ширењето на корона вирусот, да се обезбеди присуство на ученици во училниците и да се минимизира учењето преку Интернет. Шпанија е една од ретките земји во […]

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија


 Речиси 150.000 хектари шума беа уништени во пожарите оваа година во Боливија, особено во областа близу границата со Бразил, соопштија тамошните власти. Изгореа точно 147.254 хектари, наведоа властите и додадаваат дека на некои места пламенот бил висок над пет метри со чад над 30 метри. Пријавени се повеќе од 800 пожари од почетокот на август, […]

Трамп се нарече голем „обожавател“ на вакцините против Ковид


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се нарече себеси голем „фан“  на вакцините против новиот коронавирус. – Можам да се сметам за голем обожавател на вакцини. Благодарение на мене, тие беа развиени толку брзо, рече републиканецот во изјава за Фокс њуз. – Ги направивме само за девет месеци, иако обично се потребни пет години. Демократите воопшто […]

Голем пожар во Калифорнија, пет лица се сметаат за исчезнати


Американските власти соопштија дека се во потрага по пет исчезнати лица, откако голем пожар ја зафати Северна Калифорнија и зафати два града. Пожарот Дикси, која зафати голем дел од градот Гринвил, уништи повеќе од 180 домови и се заканува на повеќе од 10.000 згради во северна Сиера Невада.  Дикси, најголемиот активен пожар во САД, стана […]

Сè повеќе богати земји воведуваат трета доза од вакцината против Ковид


Додека светот се бори со делта варијантата на коронавирусот, се поголем број земји размислуваат да воведат трета доза од вакцината против Ковид-19. Обединетите Арапски Емирати им се придружија на Германија, Израел и Обединетото Кралство откако во вторникот воведоа насоки со кои се препорачува трета доза на вакцина против ковид за постарите лица. Израел минатата недела […]