Ситуацијата во Чернобил е повторно стабилна по прекинот на електрична енергија


Ситуацијата во нуклеарната централа Чернобил, во северна Украина повторно е стабилна по прекинот на електричната енергија поради напад со руски беспилотни летала, објавија денеска локалните власти. Официјален Киев синоќа соопшти дека руската армија со беспилотно летало погодила електрична инсталација во комплексот Чернобил, оставајќи го објектот без електрична енергија неколку часа. Официјалните лица изјавија дека инцидентот …

Ситуацијата во Чернобил е повторно стабилна по прекинот на електрична енергија Read More »

Русија ги зголемува даноците за да плати за војната. Аналитичарите: Граѓаните ќе платат за сè


Русија се подготвува да ги зголеми даноците за бизнисите и потрошувачите, потег со кој владата бара нови начини за финансирање на воените трошоци, бидејќи нејзината воена економија се соочува со растечки притисок, објави CNBC. Посветеноста на Кремљ за продолжување на војната во Украина повторно дојде во фокусот оваа недела откако Министерството за финансии го објави …

Русија ги зголемува даноците за да плати за војната. Аналитичарите: Граѓаните ќе платат за сè Read More »

ЕУ донесe одлука за Гренланд, ова е одговор на Трамп


Европската Унија има намера да ја удвои финансиската поддршка за Гренланд, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Европа и Гренланд секогаш ќе бидат сигурни партнери еден на друг. Сакаме да ја продлабочиме нашата соработка. Затоа сакаме да ја удвоиме нашата финансиска поддршка за Гренланд“, објави таа на X. Одговор на изјавите …

ЕУ донесe одлука за Гренланд, ова е одговор на Трамп Read More »

(Видео) Рама до Макрон: Извини ни се, не ни честиташе: Албанскиот премиер се пошегува со гафот на Трамп


Албанскиот  премиер Еди Рама се пошегува со францускиот претседател Емануел Макрон за време на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген. Рама се пошегува на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп, кој неодамна постојано погрешно повторуваше дека придонел за решавање на „конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија“, наместо да коментира за мировниот процес меѓу Ерменија и …

(Видео) Рама до Макрон: Извини ни се, не ни честиташе: Албанскиот премиер се пошегува со гафот на Трамп Read More »

Германија бара поддршка од ЕУ за центри за враќање на одбиени азиланти


Германскиот министер за внатрешни работи, Александер Добриндт, ја изрази својата надеж дека претстојниот состанок на европските министри за внатрешни работи, кој ќе се одржи в сабота, ќе го прокрчи патот за воспоставување на “центри за враќање” наменети за сместување на одбиените баратели на азил кои не можат да бидат репатрирани во нивните татковини.     …

Германија бара поддршка од ЕУ за центри за враќање на одбиени азиланти Read More »

Напад на синагога во Манчестер – се бројат мртви


Во Манчестер, велика Британија, се случи напад врз верници во синагога. Најмалку две лица беа убиени, а три беа тешко ранети.   Напаѓачот исто така беше убиен.   Полицијата се сомнева дека на неговото тело, кое сè уште лежи пред синагогата, биле скриени експлозиви.   Камион од одделот за заштита од експлозии пристигнал на местото …

Напад на синагога во Манчестер – се бројат мртви Read More »

Зеленски: Украина е подготвена да и помогне на Европа во справувањето со дроновите


Денес кога Европа се соочува со напади со дронови, Украина, која има релевантно големо, а можеби и најголемо искуство во справувањето со нив, нема да стои настрана и секако ќе им пружи поддршка на своите вистински пријатели, како што е Данска, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница …

Зеленски: Украина е подготвена да и помогне на Европа во справувањето со дроновите Read More »

Колумбија ги протера израелските дипломати по пресретнувањето на флотилата за Газа


Претседателот на Колумбија, Густаво Педро, нареди протерување на сите преостанати израелски дипломати од земјата поради пресретнувањето на хуманитарната флотилa за Газа и, како што тврди, за незаконското притворање на две колумбиски активистки – Мануелa Бедоја и Луна Барето. Двете учествуваа во флотилата „Global Sumud“, која беше запрена од израелската морнарица во меѓународни води. Педро го …

Колумбија ги протера израелските дипломати по пресретнувањето на флотилата за Газа Read More »

САД ќе ѝ даваат на Украина разузнавачки податоци за метите на енергетската инфраструктура


САД ќе ѝ даваат на Украина разузнавачки податоци за метите на енергетската инфраструктура во внатрешноста на Русија, изјавија двајца функционери, додека Вашингтон размислува да го снабди Киев со проектили со долг дострел со кои би можел да изведува такви напади. САД побарале од сојузниците од НАТО да обезбедат слична поддршка, рекле функционерите, потврдувајќи го написот …

САД ќе ѝ даваат на Украина разузнавачки податоци за метите на енергетската инфраструктура Read More »

Италија утре пак ќе врие заради Палестина


РИМ – Италијанските синдикати повикаа на генерален штрајк за петок во знак на солидарност со меѓународната флотила за помош за Газа „Глобална флотила Сумуд“, која беше пресретната доцна синоќа од страна на израелските власти. Маурицио Ландини, лидер на CGIL – најголемиот италијански синдикат предупреди дека ваквата акција е „чин на војна“, ветувајќи дека синдикатите се …

Италија утре пак ќе врие заради Палестина Read More »

Лекции од Косово: Зошто за Газа е потребно повеќе од протекторат?


Веќе нема време за двоумење околу запирањето на ужасниот масакр на палестинското население и ослободувањето на израелските заложници. За таа цел, планот што го предложи претседателот на САД,  Доналд Трамп, мора да биде предмет на сериозно и итно разгледување. Но, без да се понуди политичко решение за конфликтот, мапата на патот откриена во Вашингтон во …

Лекции од Косово: Зошто за Газа е потребно повеќе од протекторат? Read More »

Финскиот премиер предупреди: Русија претставува закана за цела Европа


Брисел – Европската Унија треба да преземе досега невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија, изјави финскиот премиер Петери Орпо во интервју за „Политико“ пред Самитот на лидерите на ЕУ во Копенхаген. Тој нагласи дека Унијата мора да делува како „вистинска заедница“ во спротивставувањето на непријателските држави. – Потребни ни …

Финскиот премиер предупреди: Русија претставува закана за цела Европа Read More »

Белата куќа вели дека отпуштањата се „неизбежни“ без наѕирање крај на прекинот на работата на владата


Масовните отпуштања на американските федерални службеници ќе започнат во рок од два дена, соопшти Белата куќа, додека пратениците меѓусебно си ја префрлаат вината за првиот прекин на работата на владата (shutdown) по речиси седум години. Запирањето на работата започна вчера, откако републиканците и демократите во Конгресот не успеаја да договорат нов план за трошење пред …

Белата куќа вели дека отпуштањата се „неизбежни“ без наѕирање крај на прекинот на работата на владата Read More »

САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за напади со ракети со долг дострел во Русија


Вашингтон – САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации што ќе помогнат во лансирањето напади со ракети со долг дострел врз руската енергетска инфраструктура, објави американскиот весник „Волстрит џурнал“. Според публикацијата, Вашингтон ја разгледува можноста за снабдување на Киев со оружје што може да достигне повеќе цели на руска територија. САД долго време разменуваат разузнавачки …

САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за напади со ракети со долг дострел во Русија Read More »

Трамп бара од 10 универзитети да потпишат договор ако сакаат федерални пари


  Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што содржи услови за добивање преференцијален пристап до федералните средства, објави вчера „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на меморандум од 10 точки. Документот ги повикува универзитетите да забранат афирмативна акција врз основа на раса или пол при вработување или запишување студенти, да ја …

Трамп бара од 10 универзитети да потпишат договор ако сакаат федерални пари Read More »

Кошта: Мораме заеднички да се соочиме со заканите и да изградиме „Европа на одбраната“


Копенхаген – Европската Унија е посветена на заедничко соочување со заканите, без разлика дали се конвенционални, хибридни или кибер, со јасна цел да се изгради „Европа на одбраната“, изјави доцна синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по завршувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Копенхаген.   – Европските граѓани се оправдано загрижени за се …

Кошта: Мораме заеднички да се соочиме со заканите и да изградиме „Европа на одбраната“ Read More »

Израелската војска ја опколи флотилата за помош на Газа и прогласи вонредна состојба


Израелски воени бродови се приближија до флотилата за помош што се упатува кон Газа, а на бродовите е прогласена вонредна состојба. Речиси 50 бродови учествуваат во флотилата „Глобал Сумуд“, а меѓу 500-те луѓе на бродот се климатската активистка Грета Тунберг, поранешната градоначалничка на Барселона и внукот на Нелсон Мандела, Нкоси Зееливелиле, како и членови на …

Израелската војска ја опколи флотилата за помош на Газа и прогласи вонредна состојба Read More »

Администрацијата на Трамп запре 18 милијарди долари за проекти за метрото во Њујорк


Вашингтон – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, го прекина издвојувањето на 18 милијарди долари наменети за изградба на железнички тунел под реката Хадсон и проширувањето на метро линијата „Секонд Авени“ во Њујорк, поради прекин на финансирањето на сојузните институции. Соединетите Американски Држави влегоа во период на неизвесност откако Трамп и Конгресот не постигнаа договор …

Администрацијата на Трамп запре 18 милијарди долари за проекти за метрото во Њујорк Read More »

Америка не сметаше на ова: Брилијантните таленти заминуваат кај најголемиот конкурент – Кина


Нуклеарен физичар од Принстон, машински инженер кој ѝ помогна на НАСА да го истражува вселенското производство, невробиолог од американските Национални институти за здравство, познати математичари и други експерти за вештачка интелигенција… Листата на истражувачки таленти кои ги напуштаат САД за да работат во Кина е долга и растечка. Најмалку 85 млади и етаблирани научници од …

Америка не сметаше на ова: Брилијантните таленти заминуваат кај најголемиот конкурент – Кина Read More »

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната


Неименуван извор близок до палестинската милитантна група Хамас изјави за саудискиот ТВ-канал Ал-Хадат дека Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната, пренесоа денеска израелските медиуми. Изворот рекол дека Хамас побарал од посредниците во преговорите појаснување во врска со неколку клаузули во американскиот план за ставање крај …

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната Read More »