Спектакуларно промашување


ЕУ уште еднаш спектакуларно потфрли во пандемијата на коронавирусот, пишува хрватскиот портал Индекс.хр   Првото големо промашување се случи на самиот почеток на пандемијата, кога членките дејствуваа без никаква меѓусебна координација, што треба да биде задача на Брисел, а некои едноставно беа оставени на цедило, како најтешко погодената Италија во тоа време. Во меѓувреме, претседателката на Европската комисија, Урсула фон …

Спектакуларно промашување Read More »

Макрон: Сведоци сме на “светска војна” заради вакцините


Европа се соочува со „нов вид светска војна“ околу вакцините, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за весникот „Ле Фигаро“ на прес-конференцијата по првиот ден од виртуелниот самит на ЕУ. Според него, тоа се должи, меѓудругото, на „желбата на Русија и Кина да го прошират своето влијание низ целиот свет преку вакцините“. Францускиот лидер изрази став …

Макрон: Сведоци сме на “светска војна” заради вакцините Read More »

Британскиот Парламент ги продолжи вонредните мерки до септември


Британскиот Парламент денеска го одобри продолжувањето на итните мерки заради коронавирусот за нови шест месеци и со тоа конзервативната влада на премиерот Борис Џонсон и овозможи да ги задржи широките овластувања за ограничување на секојдневните активности. Долниот дом на британскиот Парламент гласаше за продолжување на вонредните овластувања на владата до септември и го одобри планот …

Британскиот Парламент ги продолжи вонредните мерки до септември Read More »

Бајден најави кандидатура за претседателските избори во 2024 година


Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ќе учествува на следните претседателски избори во 2024 година. Бајден со 78 години е најстариот претседател досега. Тој на почетокот на евентуалниот втор претседателски мандат би имал 82 години. Бајден на првата своја прес конференција по стапувањето на должноста, на 20 јануари, вчера одговараше на бројни прашања од новинарите, …

Бајден најави кандидатура за претседателските избори во 2024 година Read More »

Северна Кореја го потврди тестирањето на нов тип тактички ракети


Северна Кореја денеска потврди дека ден претходно истрелала два „нови типа на тактички ракети“, соопшти државната агенција КЦНА, на која се повикува ДПА. Тестирањето го спровела севернокорејската Академија на науките во одбраната и истото го оценила како „многу успешно“, додаде КЦНА. Двете ракети успешно ги погодиле своите цели во водите, на 600 километри од брегот, …

Северна Кореја го потврди тестирањето на нов тип тактички ракети Read More »

Фон Дер Лајен: Нема извоз за АстраЗенка, договорите треба да се почитуваат


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека АстраЗенека повеќе не може да извезува вакцини против Ковид-19 од Европа во други региони сè додека не ги исполни своите договори со Европската унија. – Мислам дека на АстраЗенека и е јасно дека мора да го испочитува договорот што го има со земјите-членки на ЕУ …

Фон Дер Лајен: Нема извоз за АстраЗенка, договорите треба да се почитуваат Read More »

Мишел: ЕУ и САД мораат заеднички да работат на зачувувањето на глобалната безбедност


Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Европската унија и САД мораат да работат заедно на зачувувањето на глобалната безбедност, демократија и стабилност, пренесуваат британските медиуми. -Тоа што го гледаме е дека вредностите на демократијата и владеењето на правото се повторно под притисок, има внатрешни и надворешни закани, и повеќе од кога било …

Мишел: ЕУ и САД мораат заеднички да работат на зачувувањето на глобалната безбедност Read More »

Вакцинацијата против Ковид-19 се спроведува во 138 земји низ светот


Најмалку 138 земји низ целиот свет започнаа кампањи за вакцинација против Ковид-19. Чиле моментно има најголем успех со вакцинирањето по глава на жител меѓу земјите со над еден милион луѓе. Оваа јужноамериканска држава во последните седум дена давала просечно по 1.299 дози дневно на 100.000 луѓе, покажуваат резултатите од вакцинацијата врз основа на податоците собрани …

Вакцинацијата против Ковид-19 се спроведува во 138 земји низ светот Read More »

Германија воведува задолжителен ПЦР тест при влез во земјата


Германија– Секој што сака да патува во Германија ќе треба од недела, 28 март, да приложи негативен ПЦР тест на коронавирус, објави агенцијата ДПА. Пред летот, од патниците кои заминуваат во Германија ќе се бара да му покажат негативен ПЦР тест на превозникот. Одлуката стапува во сила в недела на полноќ и ќе трае до …

Германија воведува задолжителен ПЦР тест при влез во земјата Read More »

Јункер: ЕУ да престане со глупавата војна околу вакцините со Велика Британија


Европската унија беше премногу претпазлива и многу се грижеше за буџетот при набавка на вакцини против Ковид-19, и сега треба да престане со „глупавата војна околу вакцините“ со Велика Британија, изјави поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Јункер, кого во 2019 година го замени Урсула фон дер Лајен, оцени дека Велика Британија ја спроведе …

Јункер: ЕУ да престане со глупавата војна околу вакцините со Велика Британија Read More »

Гави: Вакцините од Ковакс програмата доцнат бидејќи Индија не дава дозвола за извоз


Испораката на вакцини против Ковид-19 до најсиромашните земји во рамки на системот Ковакс ќе доцни затоа што Индија не дава дозвола за извоз на препарати од таа земја, каде е зголемена домашната побарувачка за вакцини, соопшти Меѓународната алијанса за вакцини Гави. Испораките ќе се одложат бидејќи не се добиени лиценци за извоз за дополнителни дози …

Гави: Вакцините од Ковакс програмата доцнат бидејќи Индија не дава дозвола за извоз Read More »

Медиуми: Дали Палестинци ќе одлучат за новиот израелски премиер?


Палестинско-израелската партија, со своите пет пратеници, може да пресуди во несигурната борба на израелскиот премиер Нетанјаху со опозицијата, коментираат светските медиуми. Малата палестинско-израелска партија неочекувано освои клучни места на израелските избори, што може да ја стави во позиција да одлучува за следниот израелски премиер. Обединетата арапска листа (УАЛ), позната и по хебрејското име Раам, се чини дека …

Медиуми: Дали Палестинци ќе одлучат за новиот израелски премиер? Read More »

Австрија предлага да се продолжи интервалот помеѓу двете вакцини


Со цел да се вакцинираат што повеќе луѓе во наредниот период, австриските власти препорачаа да се продолжи интервалот помеѓу двете дози на вакцините „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“. Наместо лицето да добие втора доза по три до четири недели, во иднина ќе се дава по шестата недела. Министерството за здравство соопшти дека се следи препораката на Националната …

Австрија предлага да се продолжи интервалот помеѓу двете вакцини Read More »

Обновените резултати на „AстраЗенека“ покажаа пониска ефикасност


    По критиките на американските власти дека објавените податоци за клиничкото испитување за вакцината се застарени, британско-шведската компанија „АстраЗенека“ во средата го ревидираше за три процентни поени резултатот од студијата за ефикасноста на нејзината вакцина против ковид-19. Компанијата сега објави дека ефективноста на вакцината е 76 проценти во спречување на симптоматски ковид-19, наместо 79 …

Обновените резултати на „AстраЗенека“ покажаа пониска ефикасност Read More »

Израел досега ревакцинираше над половина од населението, животот се враќа во нормала


Израел досега вакцинираше повеќе од половина од населението со двете дози од вакцината против Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Ваквата ситуација им овозможи на здравствените власти, во земја со население од 9,3 милиони жители, да почнат со укинување на ограничувањата на Ковид-19, така што животот во Израел полека почна да се враќа во нормала. …

Израел досега ревакцинираше над половина од населението, животот се враќа во нормала Read More »

Финска се подготвува за првото целосно затворање


Финската Влада предложи целосно затворање во пет градови, вклучувајќи го и главниот град Хелсинки, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Според предлогот, на граѓаните ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само поради ограничен број причини, како што е набавка на храна, а кршењето на мерките ќе се казнува. Заклучувањето, кое би било прво во Финска од почетокот …

Финска се подготвува за првото целосно затворање Read More »

Киријакидес: „АстраЗенека“ до крајот на март може да ги испорача првите вакцини за ЕУ од фабриката во Холандија


Еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес, потврди дека компанијата „АстраЗенека“ поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за одобрување на вакцините од нејзината фабрика во Холандија. Британските медиуми пренесуваат дека Киријакидес потенцирала дека одобрувањето на ЕМА, на кое се работи по забрзана постапка, доколку се оди според планот, може да овозможи првите испораки на вакцините …

Киријакидес: „АстраЗенека“ до крајот на март може да ги испорача првите вакцини за ЕУ од фабриката во Холандија Read More »

ОН потврдија дека саудиски службеник се заканил на експертка што ја водеше истрагата на Кашоги


Независната експертка Агнес Каламард, која ја водеше истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги, на состанок во Женева рече дека висок саудиски службеник и се заканувал со смрт. Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права ги потврди нејзините тврдења. Портпаролот на Канцеларијата, Руберт Колвил го потврди пишувањето на „Гардијан“, во кое се наведува дека Агнес …

ОН потврдија дека саудиски службеник се заканил на експертка што ја водеше истрагата на Кашоги Read More »

Повеќе од 300.000 лица умреа од Ковид-19 во Бразил


Од почетокот на пандемијата со коронавирусот Бразил регистрираше над 300.000 смртни случаи од Ковид-19, што земјата ја сместува веднаш зад САД, која има 545.000 смртни случаи во истиот период, соопшти вчера бразилското Министерство за здравство, пренесе ДПА. Според Министерството досега во Брзаил умреле точно 300.685 лица, во кои се вклучени и над 2.000 смртни случаи …

Повеќе од 300.000 лица умреа од Ковид-19 во Бразил Read More »

Макрон: ЕУ заостанува во имунизацијата оти лидерите не препознаа дека вакцините ќе бидат брзо развиени


Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека европските лидери не успеале да препознаат дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат развиени за толку кратко време. Макрон смета дека тоа е причината што ЕУ сега заостанува зад некои други земји во имунизацијата. – Сите експерти зборуваа дека вакцината никогаш во историјата на човештвото не е развиена за помалку …

Макрон: ЕУ заостанува во имунизацијата оти лидерите не препознаа дека вакцините ќе бидат брзо развиени Read More »