СЗО пандемијата со Ковид-19 ќе трае и во 2022 година


Пандемијата со Ковид-19 ќе „трае една година подолго“, затоа што посиромашните земји не ги добиваат вакцините што им се потребни, објави денеска Светската здравствена организација. Д-р Брус Ејлвард од СЗО изјави дека тоа значи дека кризата со Ковид-19 може „лесно да се прошири длабоко во 2022 година“. Продолженото траење на Ковид-19 е поради тоа што […]

Француски министер најави можност ЕУ да воведе санкции против Полска


Франција– Францускиот министер за европски работи Клемен Бене денеска изјави дека ЕУ може да преземе финансиски санкции против Полска ако дијалогот со Варшава за примат на европски закони над националните не даде резултати. На почетокот на октомври полскиот Уставен суд констатираше дека елементи на европското законодавство не се во согласност со полскиот Устав. Лидерите на […]

Невреме во Франција остави 250.000 домаќинства без струја


Околу 250.000 француски домови денеска останаа без електрична енергија, а сообраќајот на возовите од Нормандија до Париз е запрен по силниот ветер што погоди делови од северна Франција, Холандија и Белгија. Локалните медиуми јавија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт, кој се наоѓа јужно од Ротердам, а силниот ветер рано утрото откорнал […]

Шест дена трагаат по 4-годишно девојче, сега нудат и награда


Владата на Западна Австралија понуди награда од милион австралиски долари (750.000 американски долари) за информации кои би довеле до пронаоѓање на четиригодишното девојче кое исчезна пред шест дена. Клео Смит последен пат е видена како спие во шаторот со своето семејство во кампот „Куба блоухолс“ на западот од Австралија, минатиот петок. Таа во саботата утрото […]

И Русија пријави случаи со сојот AY.4.2, велат дека е позаразен


  Русија пријави неколку зарази со новата варијанта на Ковид-19, за која се верува дека е позаразна од делтата, јави во четвртокот новинската агенција РИА. Можно е вартијантата AY.4.2 побрзо да се шири, рече научникот Камил Кафизов, кого го цитира РИА. Тоа може да предизвика ново и побрзо ширење на заразата, а Русија со денови […]

СЗО уште ја проценува вакцината „спутник V“


  Светската здравствена организација уште ја проценува вакцината „спутник V“ за итна употреба, објавено е вчера на страницата на СЗО. „Како што тоа е случај и со другите вакцини кандидати, СЗО продолжува да ја проценува вакцината „спутник V“ и ќе ги објави одлуките на својот статус за итна употребакога сите податоци ќе бидат достапни и […]

ОН: Исклучувањето на жените од мировни преговори носи ризик од повеќе судири


Зголемените воени трошоци и екстремната маргинализација и исклучување на жените од мировните преговори доведуваат до ризик за обнова на конфликтот наместо промовирање мир и стабилност, предупреди Сима Бахус, директорка на Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените. Таа синоќа пред Советот за безбедност на ОН рече дека ограничувањето на воените трошоци е […]

Средба на министрите за одбрана од НАТО по дипломатските тензии со Русија


Министрите за одбрана од земјите-членки на НАТО ќе се сретнат денеска во Брисел по новата пресметка со Русија, која резултираше со прекин на односите на Москва со Алијансата и затворање на канцеларијата на НАТО во таа земја, јави ДПА. Се очекува министрите за одбрана денеска да се договорат за новиот главен план за одбрана од […]

Во Индија аплицирани веќе милијарда вакцини против Ковид-19


Во Индија днееска беше аплицирана милијардитата доза на вакцина против Ковид-19. Тоа го објави Министерството за здравство шест месеци по експлозивниот скок во бројот на случаи, што предизвика загриженост за состојбата на здравствената заштита во државата. Според владата, речиси три четвртини од возрасното население во земјата од 1,3 милијарди примиле барем една доза, а околу […]

Британскиот министер за здравство не исклучува бројот на заразени со Ковид-19 да биде 100.000 дневно


Британската влада синоќа ги отфрли се погласните повици за повторно воведување мерки против Ковид-19, како што е носење маска во затворени простории, поради ширење на инфекцијата, одлучувајќи да фаворизира вакцинација и нови лекови. Вчера имаше речиси 50.000 нови инфекции во Велика Британија, вторпат оваа недела толку голем број, поради што министерот за здравство Саџид Џавид […]

ФДА одобри засилувачки дози од вакцините на Модерна и Џонсон и Џонсон


Американската Управа за храна и лекови (ФДА) одобри засилувачка доза на вакцини произведени од Модерна и Џонсон и Џонсон и нагласи дека како дополнителна доза може да се прими вакцина што се разликува од онаа што претходно е примена. Одлуката го отвора патот за милиони луѓе во САД да добијат дополнителна заштита од варијантата Делта, […]

Трамп најави отворање своја социјална мрежа – „Truth Social“


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп формираше своја социјална мрежа „Truth Social“. Тој објави за платформата откако беше забранет од Твитер, Фејсбук и Јутјуб во јануари, обвинувајќи го дека ги поттикнал своите поддржувачи на агресија преку неговите профили пред нападот на Капитол. Платформата почнува со работа во ноември, како бета веризија – односно од идната година […]

Редовен октомвриски самит на лидерите од ЕУ


Лидерите на ЕУ 27 денеска и утре ќе одржат во Брисел  редовен октомвриски самит  на кој ќе разговараат за зголемувањето на цените на енергенсите, забрзување на вакцинацијата против Ковид-19 во Европа, владеење на правото во Полска, односи со ЕУ со партнерите во источното соседство, зајакнување на улогата на ЕУ во меѓународната трговска сцена и политиката […]

Тензично на границата на ЕУ со Белорусија


Летонија ја продолжи вонредната состојба на границата со Белорусија, јави ДПА. Агенцијата забележува дека ова се случува во услови на наплив на мигранти во земјата. Многумина веруваат дека мигрантската криза е намерно предизвикана од властите во Минск, кои сакаат да се одмаздат за санкциите што им ги воведе Европската унија. Владата ја продолжи вонредната состојба […]

НАТО ќе бара комуникациски канали кон Русија и покрај шпионскиот спор


Белгија– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Алијансата мора да  продолжи да разговора со Русија, откако Москва ја затвори својата мисија поради шпионскиот спор. Тоа ќе значи потпирање на „жешката линија“ меѓу командантот на руската армија, Валериј Герасимов, и командантот на НАТО за Европа, Тод Валтерс, како и средбите на Столтенберг со […]

Фон дер Лајен: Брзиот премин кон чистата енергија ЕУ ќе ја направи независен глобален играч


Белгија – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска на земјите-членки им кажа дека се „премногу зависни од гасот“, во контекст на тековната енергетска криза во која цените на бензинот се искачија на рекордни височини. Фон дер Лејен ги повика земјите од ЕУ да ја намалат зависноста од природниот гас и ја истакна потребата […]

Напаѓачот во средното училиште во Паркленд се изјасни за виновен


Николас Круз, напаѓачот во средното училиште во Паркленд, Флорида, денеска на судско рочиште се изјасни за виновен за убиството на 17 лица – 14 ученици и тројца вработени во школото.  Како што јави Ен-Пи-Ар, со изјаснувањето дека виновен се избегнува судење, но започнува правна борба за тоа каква треба да биде пресудата за Круз за […]

Ужас во Франција – најден маж со отсечена глава и извадена утроба


Во Болен, Франција, пронајдено е тело на маж без глава и отстранета утроба. Според првите информации, полицијата смета дека во моментов не станува збор за терористички напад. Полицијата објави фотографија од мажот, кој е осомничен за ова убиство. Тој е идентификуван како Алекс Мартин, а моментално е во тек обемна полициска потрага по него. Полицијата […]

Воена база во Мериленд затворена поради закана за бомба и евентуален оружен напад


САД – База на военоморските сили на САД во Бетесда, Мериленд, е затворена поради примена анонимна закана за поставена експлозивна направа, и спроведување истрага за активен вооружен напаѓач, соопшти базата на Твитер. Како што се соопштува, на сите војници им било наредено да се засолнат на безбедно место, откако утринава бил примен анонимен телефонски повик за […]

Полска не и дава на Европската комисија пристап до границата со Белорусија


Не стивнува кризата со бегалците на границата меѓу Белорусија и Полска, а Европската Унија нема пристап до теренот и бара полските власти да и дадат дозвола, јави дописничката на МИА од Брисел. Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, со денови бара одговор од полските власти за да ја посети белоруско-полската граница, која е и надворешна […]