Во Русија најмногу починати за еден ден од почетокот на пандемијата на Ковид-19


Бројот на смртни случаи од коронавирус во Русија денеска е поголем од 1.200 втор ден по ред, додека бројот на новозаразени опаѓа, но сепак е поголем од претходниот бран на пандемијата. Руската државна оперативна група за коронавирусот соопшти дека 1.251 лице починале од Ковид-19 во претходните 24 часа, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата […]

По две години најден мртов маж во стан во Стокхолм


Маж на возраст од седумдесетина години најден е мртов во неговиот стан во Стокхолм неделава, со неотворена пошта што сугерира дека тој починал пред две години. Тој бил пронајден откако неговите соседи ја контактирале полицијата, јави СВТ. Полицијата вели дека немало ништо сомнително во неговата смрт и дека мажот бил мртво веќе некое време. Портпаролот […]

По хаосот на границата со Полска, забележан прв случај со корона вирус меѓу мигрантите


Меѓу мигрантите на границата Белорусија-Полска, забележан е прв случај со корона вирус. Ова денеска го потврди заменик-претседателот на Гродњенскиот извршен одбор Виктор Прањук. Тој изјави дека во Белорусија во транспортно-логистичкиот центар е откриен заразен мигрант, кој е хоспитализиран на Универзитетската клиника Гродно, пренесе РИА Новости. Порано беше соопштено дека белоруската страна во иднина ќе почне […]

Германија поради короната откажува сѐ повеќе божиќни саеми


  Еден од најголемите божиќни саеми во Германија, оној во минхен, веќе е откажан, а поради наглото влошување на епидемиолошката состојба под прашалник се и останатите. „Тешко е да се замисли пиење варено вино на божиќен саем додека болниците се на раб на силите и се борат со последните ресурси“, коментира саскиот премиер Михаел Кретшмер […]

Земјотрес од 5,5 степени во Агрентина


Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во провинцијата Сантјаго дел Естеро во Арганетина. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 582 километри. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

ЕУ сака правилата за праќање отпад во сиромашните земји да бидат построги


Европската комисија предложи ревидирање на правилата за извоз на отпадот за да се отежне праќањето отпад во сиромашни земји од страна на членките на унијата. Предложениот закон, кој треба да го одобрат земјите членки и парламентот, е дел од планот на Брисел за намалување на загадувањето и да се осигура дека материлајите како пластика, текстил […]

Земјотрес во Јадранско Море


Синоќа, 19 минути по полноќ во Јадранот е забележан потрес со магнитуда од 4,1 степен според Рихтер, јави ЕМСЦ. Земјотресот е забележан во ителијанскиот дел на Јадранот, а хипоцентарот бил на 5 км длабочина.

Бајден ги прашува регулаторите зошто поскапеле горивата во САД


Американскиот претседател Џо Бајден ги повика американските регулатори да ги разјаснат причините за поскапувањето на горивата на национално ниво. Минатата недела Бајден ја идентификуваше борбата против инфлацијата како главен приоритет по падот на довербата на јавноста кон него. Статистиката покажува дека цените достигнаа 30-годишен пик во октомври. Во писмото до Федералната трговска комисија, Бајден ги […]

Во САД за една година починале над 100.000 луѓе од предозираност со дрога


Во САД минатата година регистрирани се над 100.000 смртни случаи од предозираност со дрога, што е рекорден број смртни случаи за една година, соопштија американските здравствени власти. Бројката од 100.000 е надмината за време на пандемијата со Ковид-19. Во периодот од април 2020 година и истиот месец оваа година, во САД починале 100.306 лица поради […]

Во САД 80 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина против Ковид-19


Осумдесет проценти од Американците на возраст од 12 и повеќе години примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид-19, потврди денеска координаторот на Белата куќа за ковид-19, Џеф Зајентс. Зајентс додаде дека 2,6 милиони деца на возраст од 5 до 11 години ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19. Американската Администрација за храна и […]

Европа соборува црни рекорди во инфекции на коронавирусот, Фаучи предупредува на „двоен удар“ во САД


Европа од минатата недела е лидер во светот според бројот на инфицирани и смртни случаи од Ковид-19, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО), откако бројот на смртни случаи се зголеми за пет отсто и со тоа Стариот континент стана единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19. СЗО ја информира јавноста дека […]

Помош за градови во Канада што се отсечени поради поплавите


Хеликоптери доставуваат храна до луѓе во градовите отсечени поради големите поплави и лизгање на земјиштето во канадската провинција Британска Колумбија додека некои региони се подготвуваат за повеќе врнежи во следните неколку дена. Одрони уништија патишта и мостови и го прекинаа пристапот до најголемото пристаниште во земјата во Ванкувер, нарушувајќи ги глобалните синџири на снабдување кои […]

Пресретнат дрон во обид да изврши напад врз аеродром во Саудиска Арабија


Коалицијата што се бори во Јемен против бунтовниците Хути потврди дека пресретнала и уништила дрон што се обидел да нападне врз меѓународниот аеродром Абха во Саудиска Арабија. Според соопштението, коалицијата предводена од Саудиска Арабија презема „оперативни мерки за справување со изворите на непријателски прекугранични напади“, јавија саудиски медиуми. Јемен е вовлечен во граѓанска војна од […]

Франција денеска имаше повеќе од 20.000 новозаразени, прв пат по август


  Франција денеска имаше повеќе од 20.000 новозаразени со корона вирус, прв пат по 25 август оваа година. Министерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа регистрирани биле 20.294 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата порасна на 7,33 милиони, а седнодневниот просек е 12.400 заразени. Неделниот број нови […]

Шаманот од упадот во Капитол осуден на 41 месец затвор


Американски федерален суд денеска на 41 месец затвор осуди еден од демонстрантите кои упаднаа во Капитол, попознат како „QAnon Shaman“, за неговата улога во смртоносните настани при упадот во Капитол на 6 јануари годинава, пренесоа британските медиуми. Џејкоб Ченсли, поради своето исшарано лице со бои, крзното на себе и роговите на главата, стана еден од […]

САД ја додадоа Русија на црната листа заради загрижувачкиот однос кон верските слободи


САД– САД денеска соопштија дека ја додале Русија на црната листа на „особено загрижувачки“ земји во однос на верските слободи. Нигерија, од друга страна, која лани беше ставена на листата, годинава е повлечена од таму, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој неделава треба да ја посети оваа западноафриканска земја. Земјите […]

Новавакс поднесе барање за одобрување на својата вакцина во ЕУ


Белгија – Фармацевтскиот гигант Новавакс поднесе барање за одобрување на неговата вакцина против коронавирус во ЕУ, а одлуката може да биде донесена „во рок од неколку недели“, соопшти денеска европскиот регулатор за лекови. Доколку биде одобрена, тоа ќе биде петта вакцина одобрена за употреба во ЕУ – останатите четири се произведени од Бионтех/Фајзер, Астра Зенека, Модерна и Џонсон […]

СЗО: Европа е единствениот регион во светот каде расте смртноста од Ковид-19


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека бројот на смртни случаи во Европа минатата недела се зголеми за пет отсто и дека Европа е единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19. СЗО додаде дека бројот на потврдени случаи на инфекцијата на глобално ниво е зголемен за шест отсто. Од 3,3 милиони […]

Фаучи: Трета доза ќе стане стандард за „целосна вакцинација“ против Ковид-19


Главниот медицински советник во Белата куќа Ентони Фаучи предупреди дека слабеењето на ефектот на вакцините во комбинација со високо преносливата Делта варијанта на коронавирусот ќе доведе до двоен удар, што ќе ги погоди и вакцинираните луѓе. Како што се приближува зимата и бројот на случаи на коронавирус повторно се зголемува, главниот медицински советник на Белата […]

Атентатот во Ливерпул бил подготвуван најмалку седум месеци


Наводниот извршител на нападот со експлозијата, што се случи во неделата во такси во Ливерпул, северна Британија, го подготвувал нападот „најмалку“ седум месеци, соопшти денеска британската полиција. Силите за борба против тероризмот го истражуваат минатото на Емад Ал Свелмин (32), барател на азил кој го прифатил христијанството, кој загина во експлозијата во неделата околу 11 часот пред женска болница, […]