Грета Тунберг е меѓу стотиците активисти депортирани од страна на Израел


Израел изјави дека 171 активист од флотилата за помош, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, денес се депортирани во Грција и Словачка. Тунберг, која беше префрлена во Грција, беше една од околу 450 активисти приведени од Израел кога неговите сили ја пресретнаа флотилата минатата недела, пренесува Гардијан. Италијанската авиокомпанија „ИТА Ервејс“ ќе ја продолжи суспензијата на летовите …

Грета Тунберг е меѓу стотиците активисти депортирани од страна на Израел Read More »

Макрон остана сам со кризата по падот на уште една влада во Франција


  Премиерот Себастијан Лекорну и неговата влада поднесоа оставка во понеделник, длабоко влошувајќи ја француската политичка и економска криза што ги потресува финансиските пазари и фрла сериозни сомнежи врз способноста на претседателот Емануел Макрон да владее. Лекорну, кој беше назначен пред само 27 дена, се повлече само неколку часа откако ги именуваше клучните членови на …

Макрон остана сам со кризата по падот на уште една влада во Франција Read More »

Нова мистериозна смрт во Русија: Издавачот на советскиот весник „Правда“ паднал од прозорецот на својата куќа во Москва


Мистериозниот раководител на издавачката куќа „Правда“, Вјачеслав Леонтиев, паднал од висина од 21 метар од својот дом во западниот дел на Москва, а руските власти го истражуваат овој случај, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на извештаи од Русија. Леонтиев го предводеше познатиот советски весник „Правда“, главниот весник на владејачката Комунистичка партија, и продолжи на таа …

Нова мистериозна смрт во Русија: Издавачот на советскиот весник „Правда“ паднал од прозорецот на својата куќа во Москва Read More »

Белгија преговара со Албанија и Косово за изнајмување или изградба на затвор за странци без престој во ЕУ


Белгиските министри за правда и миграција оваа недела ќе патуваат во Косово и Албанија на разговори за можност за растеретување на затворскиот систем на Белгија, јавија локалните медиуми. Се очекува белгиските функционери да разговараат со своите колеги во двете балкански земји за да ја истражат можноста Белгија да префрли затвореници осудени за кривични дела и …

Белгија преговара со Албанија и Косово за изнајмување или изградба на затвор за странци без престој во ЕУ Read More »

Францускиот премиер поднесе оставка


Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денес француската телевизиска станица БФМ, повикувајќи се на неименувани владини извори. Канцеларијата на претседателот Емануел Макрон објави дека премиерот Себастијан Лекорну поднел оставка наутро во понеделник, 6 октомври, неколку часа откако беше формирана неговата нова влада. Лекорну на функцијата премиер беше назначен од претседателот Емануел Маркон на 9 …

Францускиот премиер поднесе оставка Read More »

Дронови и над Осло, привремено суспендирани летовите на аеродромот


Аеродромот во норвешката престолнина Осло привремено ги суспендираше слетувањата рано утрово откако беше пријавен дрон во близина на аеродромот, објави новинската агенција NTB. Неколку дојдовни летови беа одложени или пренасочени откако полицијата доби извештај околу полноќ дека пилот на Норвешката авиокомпанија мислел дека видел три до пет дронови за време на приближувањето кон аеродромот, објави …

Дронови и над Осло, привремено суспендирани летовите на аеродромот Read More »

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј


Маж рани 20 лица во пукање на прометна улица во Сиднеј, соопшти полицијата во најнаселениот град во Австралија. Напаѓачот вчера наводно случајно ги таргетирал автомобилите што минувале, вклучително и полициски автомобили. Тој испукал помеѓу 50 и 100 истрели, предизвикувајќи паника во областа. Еден маж е во сериозна состојба. Неколку други се однесени во болница. Повеќето …

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј Read More »

Рубио: Мислам дека Израел сфаќа дека заложниците не можат да се ослободуваат среде воздушни напади


Војната во Газа го наруши јавниот имиџ на Израел, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Тој го дал овој коментар откако израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ќе ги прекинат офанзивните операции во градот Газа, по договорот меѓу Израел и Хамас за размена на затвореници, што минатата недела го предложил американскиот претседател Доналд Трамп. – …

Рубио: Мислам дека Израел сфаќа дека заложниците не можат да се ослободуваат среде воздушни напади Read More »

САД погодија уште еден брод крај брегот на Венецуела


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека американските сили претходната ноќ погодиле уште еден брод за кој се тврди дека транспортирал дрога покрај брегот на Венецуела. Трамп, за време на говорот во американската поморска база Норфолк во Вирџинија, веднаш до носачот на авиони „Хари С. Труман“, рече дека САД ќе почнат да ја истражуваат трговијата …

САД погодија уште еден брод крај брегот на Венецуела Read More »

Мерц: Претпоставувам дека Русија стои зад беспилотните летала над Германија


 Германскиот  канцелар Фридрих Мерц изјави дека претпоставува дека Русија стои зад низата дронови што изминатиот викенд беа видени над Германија, вклучувајќи ги и оние што прекинаа десетици летови и оставија повеќе од 10.000 патници блокирани на аеродромот во Минхен. Мерц нагласи дека фреквенцијата на вакви упади во европскиот воздушен простор е без преседан, дури и …

Мерц: Претпоставувам дека Русија стои зад беспилотните летала над Германија Read More »

Украинците го погодија Белгород, градот со 320.000 жители остана без струја


Во рускиот град Белгород и околните области синоќа имаше прекин на електричната енергија, откако во украински напади беше оштетена регионалната енергетска инфраструктура, потврди гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, пишува “Еуромајдан прес“.  Во Белгород, главниот град на регионот што граничи со Украина, живеат над 320.000 лица. Нападот уследил по сè почестиот модел на украински напади врз …

Украинците го погодија Белгород, градот со 320.000 жители остана без струја Read More »

ЕУ со остра критика за локалните избори во Грузија


Европската унија остро ги критикуваше локалните избори одржани во Грузија за време на викендот. Гласањето се одржа во саботата по период на сеопфатно задушување на неистомислениците, се наведува во заедничката изјава на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос. – Месеци рации врз независните медиуми, донесувањето закони насочени …

ЕУ со остра критика за локалните избори во Грузија Read More »

Трамп оваа недела очекува резултати од мировниот план за Газа


 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека оваа недела очекува резултати од разговорите во Египет за неговиот мировен план за прекин на војната во Газа, кои треба да почнат денеска. – Кажано ми е дека првата фаза треба да биде завршена оваа недела, и барам од сите да дејствуваат брзо, напиша Трамп вчера на својата платформа …

Трамп оваа недела очекува резултати од мировниот план за Газа Read More »

Еврокомисијата и Фон дер Лајен се соочуваат со ново гласање за недоверба


Европратениците денеска на стартот на овонеделното парламентарно заседание во Стразбур ќе расправаат по двете иницијативи за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен предложени од десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ) и од екстремно левичарската Левица, по што в четврток одвоено ќе гласаат по предлозите. Ова е второ гласање за недоверба на …

Еврокомисијата и Фон дер Лајен се соочуваат со ново гласање за недоверба Read More »

Трамп ја испраќа Национална гарда на Калифорнија во Орегон и покрај противењето од двете држави


Американскиот претседател, Доналд Трамп, преместува околу 200 федерални припадници на  Националната гарда на Калифорнија од регионот на Лос Анџелес во Портланд, Орегон, соопшти синоќа Пентагон, дури и откако двете држави поднесоа заедничка тужба во федералниот суд за блокирање на неговата одлука. Во кратко соопштение, Пентагон наведе дека војниците „ќе ги поддржат Службата за имиграција и …

Трамп ја испраќа Национална гарда на Калифорнија во Орегон и покрај противењето од двете држави Read More »

Најмалку 350 туристи спасени по снежна бура на Монт Еверест


Најмалку 350 туристи кои останале заглавени по снежна бура на тибетската страна на Монт Еверест се спасени, јавија кинеските државни медиуми. Спасувачките тимови безбедно ја префрлиле групата во најблиското населено место, Чуданг, пренесе ДПА. Претходно беше објавено дека речиси 1.000 луѓе биле заглавени на околу 4.900 метри надморска височина, на источната страна на планината. Нивните …

Најмалку 350 туристи спасени по снежна бура на Монт Еверест Read More »

Канцеларот Мерц ја поддржува забраната за мобилни телефони во основните училишта во Германија


Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера изрази поддршка за забраната за мобилни телефони во основните училишта во земјата, јави ДПА. Во интервју за јавниот радиодифузен сервис ARD, Мерц рече дека се согласува со ваквата идеја што веќе почна да се спроведува во неколку европски земји. Канцеларот, сепак, додаде дека ограничувањето на пристапот на децата до социјалните …

Канцеларот Мерц ја поддржува забраната за мобилни телефони во основните училишта во Германија Read More »

Планот на Трамп за Газа го вклучува Тони Блер. Палестинците се бесни


Сè уште постојат загрижености дали заложниците ќе бидат ослободени и нападот врз Газа ќе биде откажан, но веќе се разгледува втора фаза. А Тони Блер, кој не се прославил таму, би бил важен во Советот за мир на Трамп, пишува Дојче Веле. Велика Британија и Палестинците имаат долга и посебна заедничка историја, долго пред Тони …

Планот на Трамп за Газа го вклучува Тони Блер. Палестинците се бесни Read More »

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура


Катманду – Околу 1.000 луѓе се заглавени во камповите на источната падина на Монт Еверест во Тибет поради снежна бура што ги блокираше патиштата и во тек е акција за нивно спасување. Kинеските медиуми објавија дека стотици локални жители и спасувачи се мобилизирани за да го расчистат снегот и да обезбедат пристап до областа, која се …

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура Read More »

Силно невреме во северозападна Европа предизвика прекини во снабдувањето со струја, блокади на патниот и авиосообраќајот


Брисел – Силното невреме што зафати денеска делови од Европа предизвика прекини во снабдувањето со електрична енерегија, откажување на летови, соборени дрвја и блокада на некои сообраќајници. Во неколку европски земји, припадници на противпожарните служби се ангажирани во санација, јави ДПА. Во белгискиот главен град Брисел, противпожарната служба одговори на околу 90 повици, претежно за паднати …

Силно невреме во северозападна Европа предизвика прекини во снабдувањето со струја, блокади на патниот и авиосообраќајот Read More »