Чешка пејачка намерно се зарази со коронавирус и почина


Чешката пејачка Хана Хорка, противник на вакцинацијата против коронавирус, почина на 57-годишна возраст откако намерно се зарази со вирусот за да добие ковид потврда, соопшти нејзиното семејство. Нејзиниот син Јан Рек изјави за јавното радио iRozhlas.cz дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, […]

Вториот човек на Ватикан позитивен на коронавирусот


Италијанскиот кардинал Пјетро Паролин, државен секретар и втор човек на Ватикан, како и неговиот заменик, се позитивни на коронавирусот, соопшти денеска ватиканската медиумска служба. „Паролин (67) е позитивен на Ковид, но со благи симптоми и сега е во изолација“, изјави Матео Бруни, директор на медиумската служба. Позитивен е и неговиот заменик Едгар Пења Пара, венецуелски надбискуп, и нема симптоми, […]

Борбената Аналена Бербок во Москва


  Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, и нејзиниот руски колега Сергеј Лавров ја одржаа заедничката прес-конференција во Москва со долго задоцнување – очигледно тие разговараа меѓу себе многу подолго од планираното. Лавров рече дека разговорите биле „интересни и конструктивни“, засновани на взаемното почитување на двете земји. Беа обработени многу теми, како што […]

Роберта Мецола е новата претседателка на Европскиот парламент


Франција – Роберта Мецола е избрана за наследничка на починатиот претседател на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, а изборот се случи токму на нејзиниот роденден, пренесува Зидојче цајтунг, наведувајќи дека „историскиот избор е важен сигнал“. Членовите на Европскиот парламент ја избраа 43-годишната Мецола за нов претседател, при што Парламентот конечно доби жена по 2002 година, а таа […]

Фаучи: Ковид-19 може да остане со нас засекогаш како ендемска болест 


САД– Американски официјални лица од здравството повикуваат на внимателност, наспроти информациите дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да ја запре пандемијата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  – Големо прашање е дали намерно инфицирање со вирусот е слично на вакцинација за што сите се надеваат, изјави Ентони Фаучи, главен советник за здравство во Белата […]

Најнизок наталитет во Кина за последниве децении


  Населението на Кина повторно порасна многу бавно во 2021 година. Бројот на жители порасна за само 480.000 луѓе во изминатата година, објави Бирото за статистика во Пекинг. Вкупното население сега е 1,4126 милијарди. Според официјалните податоци, раѓањата повторно се намалиле драстично за 11,5 отсто на 10,62 милиони. Како резултат на тоа, стапката на наталитет […]

Во Австралија најсмртоносен ден од почетокот на пандемијата


Австралија денеска се соочи со најсмртоносниот ден од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, бидејќи ширењето на сојот Омикрон продолжи да ги зголемува стапките на хоспитализација на рекордно ниво, и покрај падот на дневниот број нови инфекции. Во Австралија денеска се регистрирани вкупно 77 смртни случаи, што го надминува претходниот национален максимум од 57 смртни случаи […]

Меркел и во пензија е најпопуларна меѓу Германците


Германија – Се зголемува популарноста на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, иако таа веќе некое време не е во политиката, ниту на чело на владата. Според најновата анкета на ИНСА, спроведена за весникот „Билд“, Меркел не само што се наоѓа на прво место како најомилена германска политичарка, туку нејзината предност е зголемена во последниот месец и […]

ЕУ се прости од Сасоли: „Вашата борба за демократија ќе продолжи“


Франција– Европратениците му оддадоа почит на споменот на претседателот Давид Сасоли за време на пленарната церемонија што се одржа синоќа во Стразбур, јави дописникот на МИА. – Европа загуби лидер, демократијата загуби шампион, а ние изгубивме пријател. Тој секогаш знаеше како да ги преточи вредностите во кои веруваше во конкретни акции. Давид Сасоли се бореше […]

Нобеловецот Маркез имал тајна ќерка во Мексико


Колумбија- Реномираниот колумбиски автор Габриел Гарсија Маркез со децении ја спречуваше јавноста да знае за интимен аспект од неговиот живот: тој имаше ќерка со мексиканска писателка, со која имаше вонбрачна врска во раните 1990-ти. Строго чуваната тајна беше објавена од колумбискиот весник „Ел Универзал“ во неделата, а за Асошиетед прес ја потврдија двајца роднини на […]

Илјадници летови во САД и Канада се одложени поради снежно невреме


САД – Обилниот снег и снежните виулици одложија илјадници летови на источниот брег на САД. Поради лошите временски услови илјадници домаќинства останаа без струја. Снежната бура доведе до торнадо на Флорида. Околу 120.000 луѓе останаа без електрична енергија, а најголеми проблеми со струјата има во Западна Вирџинија, Северна и Јужна Каролина и Џорџија. Метеоролозите предвидуваат дека […]

Британската Влада со најава за замрзнување, па укинување на претплатата за Би-Би-Си


  Владата на конзервативниот премиер Борис Џонсон денеска објави дека ќе го замрзне финансирањето на медиумската корпорација Би-Би-Си на две години и ќе почне дебата за тоа дали претплатата за британскиот јавен сервис треба да продолжи. Министерката за култура на Џонсон, Надин Дорис, изјави денеска во парламентот дека Би-Би-Си, треба да стане поедноставна, поштедлива организација […]

Институтот Пастер најавува пик на бранот инфекции и хоспитализации поради сојот Омикрон


Франција–   Францускиот институт Пастер овјави дека врвот на бранот инфекции со сојот Омикрон на коронавирусот ќе се случи до средината на јануари, по што ќе следи пик на приеми во болница во втората половина на јануари. Француското Министерство за здравство вчера потврди дека во изминатите 24 часа се регистрирани повеќе од 278.000 нови инфекции, што […]

Семејството на Мартин Лутер Кинг Јуниор го предводи маршот за гласачки права


Потомци на убиениот активист за граѓански права Мартин Лутер Кинг Јуниор и нивните поддржувачи маршираат во Вашингтон за да ги принудат демократите на Џо Бајден да усвојат закон со кој ќе се заштитат гласачки права. Како дел од годишната мировна прошетка, семејството на Кинг и повеќе од 100 национални и локални организации за граѓански права […]

Израелска студија: 4-тата вакцина против Ковид-19 е помалку ефикасна на Омикрон


Израел– Четвртата вакцина против Ковид-19 ги ​​зајакнува антителата на дури повисоки нивоа од третата вакцина но тоа не е доволно за да се спречат инфекциите со Омикрон, според прелиминарната студија во Израел. Медицинскиот центар Шеба во Израел ја даде втората бустер-доза на испитување меѓу својот персонал и го проучува ефектот на бустер-дозата на Pfizer кај […]

НАТО и Украина со договор за продлабочување на кибер соработката


Белгија – НАТО потпиша договор за зајакнување на кибер поддршката за Украина, откакоо големиот хакерски напад врз Киев ги зголеми тензиите поради стравувањата дека Русија може да подготвува инвазија, пренесува БГНЕС. – Ние работиме успешно со Украина веќе неколку години, обезбедувајќи клучни капацитети и разменувајќи знаење, рече Лудвиг Декампс, шеф на Агенцијата за комуникации и информации […]

Новиот главен град на Индонезија ќе се вика Нусантара


Донесена е одлука новиот главен град на Индонезија, кој ќе се наоѓа во југоисточниот дел на островот Калимантан, да се вика Нусантара, што значи архипелаг, соопшти денеска индонезискиот министер за планирање национален развој Сухарсо Моноарфа на владина седница за преместување на главниот град. – Штотуку добив директна потврда од претседателот Јоко Видодо, кој рече дека новата престолнина се вика Нусантара, рече […]

Макрон претстави 21 нов проект за странски инвестиции во Франција


Француското претседателство претстави 21 нов проект за странски инвестициски во земјата со вредност над четири милијарди евра со што, според франциски медиуми, шефот на државата Емануел Макрон ќе може да продолжи со својата политика на задржување на имиџот на Франција како атрактивна инвестициска дестинација три месеци пред претседателските избори. Владата ја гледа новата инвестиција како […]

Француски претседателски кандидат казнет 10.000 евра за поттикнување расна омраза


– Францускиот претседателски кандидат на екстремната десница Ерик Земур денеска е казнет со 10.000 евра поради поттикнување расна омраза, бидејќи младите мигранти ги нарекол убијци, крадци и силувачи. Тужбата се заснова на забелешките кои ги кажал на десничарскиот канал СиЊуз во 2020 година за мигрантите кои пристигнуваат како деца без придружба: „Тие немаат причина да бидат тука, тие се крадци, тие се убијци, тие се силувачи, тоа […]

Европскиот буџет за хуманитарна помош годинава ќе изнесува 1,5 милијарда евра


 Европската комисија го усвои годишниот буџет за хуманитарна помош, тој изнесува 1,5 милијарди евра од кои 152 милиони за Балкан, Украина, Кавказ и Турција, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија смета дека со 1,5 милијарди евра алоцирани за хуманитарна помош, Европа ќе биде водечка сила во оваа област во време кога хуманитарните кризи […]