(Фото/Видео) Екстремна бура ги затрупа улиците со 60 см град во источна Франција


  Пожарникарите биле повикани повеќе од 100 апти да интервенираат по екстремната бура што го зафати истокот на франција вчера, при што улиците на градовите беа затрупани со 600 сантиметри висок град. Не се пријавени жртви или повредени. Tout mon soutien aux habitants de Plombières les Bains victime d’un orage de grêle. Courage et solidarité …

(Фото/Видео) Екстремна бура ги затрупа улиците со 60 см град во источна Франција Read More »

Најмалку 34 жртви на пеколните горештини во Канада


Канада– Повеќе од 34 смртни случаи се регистрирани во западна Канада, посебно во регионот околу Ванкувер, заради рекордните горештини, соопшти денеска полицијата, пренесоа француските медиуми. Кралската канадска коњаничка полиција информира за повеќе од 34 смртни случаи што за 24 часа биле пријавени кај локалните власти. Големата жештина се смета за главната причина за повеќето смртни …

Најмалку 34 жртви на пеколните горештини во Канада Read More »

Раст на семејното насилство по укинувањето на рестриктивните мерки во Европа


Со постепеното враќање на животот во нормала во Европа се бележи зголемување на семејното насилство врз жените, пишува денеска агенцијата Франс Прес. Лицата на жртвите деновиве се наоѓаат на насловните страници на медиумите, во време кога насилниците ја „губат контролата“ врз жените што ја имале за време на пандемијата на коронавирусот и ограничувачките мерки што …

Раст на семејното насилство по укинувањето на рестриктивните мерки во Европа Read More »

По 20 години германската војска се повлече од мисијата во Авганистан


Германија – Германските трупи синоќа се повлекоа од Авганистан, соопшти Министерството за одбрана на Твитер, објавувајќи го повлекувањето на нивните војници од Авганистан по цели 20 години. -Ова е крај на едно историско поглавје, интензивна мисија која беше тест за Бундесверот и во која Бундесверот се покажа во битка, рече германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер. …

По 20 години германската војска се повлече од мисијата во Авганистан Read More »

Критично со Ковид-19 во Русија: 150.000 луѓе се во болница


Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко изјави дека 151.000 луѓе во земјата во моментов се во болница со Ковид-19, додека земјата е зафатена од трет бран од многу заразната варијанта Делта. Инфекциите особено се засилија во главниот град Москва и вториот град Санкт Петербург, кој е домаќин на четвртфиналето на Евро 2020 во петок. На …

Критично со Ковид-19 во Русија: 150.000 луѓе се во болница Read More »

Германските владини организации се повлекуваат од Фејсбук до крајот на годинава


Германските владини организации се очекува да ги затворат своите сметки на Фејсбук до крајот на годинава откако комесарот за заштита на податоците утврди дека социјалната мрежа не ја сменила својата практика во согласност со германските и европските закони за приватност. Во писмо до владините институции и агенции во овој месец, комесарот Улрих Келбер наведе дека …

Германските владини организации се повлекуваат од Фејсбук до крајот на годинава Read More »

(Видео) Невреме во Германија: Поплавени села, хаос на концерт


Грмотевици и обилни дождови, кои ги погодија јужните и западните делови во Германија во понеделник навечер предизвикаа низа инциденти. Противпожарните служби интервенираа во текот на целата ноќ. Во Баварија се поплавени некои села, како Мамлинген близу Франкфурт каде улиците се поплавени, а подрумите од куќите се затрупани со кал, пренесува АП повикувајќи се на германската …

(Видео) Невреме во Германија: Поплавени села, хаос на концерт Read More »

Смртоносниот напад со нож во Вирцбург имал исламистички мотив


Исламистички мотив, веројатно, се крие зад нападот со нож на 25 јуни во германскиот град Вирцбург, во кој беа убиени три лица, а седуммина други минаа со тешки повреди, јавија денеска германските обвинители. „Веројатно ќе има исламистичка основа за злосторствата“, се наведува во соопштението на Обвинителството во Минхен. Сторителот двапати извикал „Алах акбар“, арапска фраза …

Смртоносниот напад со нож во Вирцбург имал исламистички мотив Read More »

Русија ја тестира својата воздушна одбрана како одговор на воените вежби на Украина и САД


Русија ја тестира подготвеноста на својот систем за противвоздушна одбрана на Крим, полуостровот што го анектираше од Украина во 2014 година, бидејќи Украина и земјите од НАТО одржуваат воени вежби во Црното Море, објави денеска новинската агенција Интерфакс.   Вежбите „Морски ветер 2021“ следат по зголемувањето на тензиите меѓу НАТО и Москва, која минатата недела …

Русија ја тестира својата воздушна одбрана како одговор на воените вежби на Украина и САД Read More »

Шефот на израелската дипломатија во историска посета на ОАЕ


Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид денеска ќе престојува во Обединетите Арапски Емирати, во првата официјална посета на еден израелски министер на оваа земја од Заливот по воспоставувањето на дипломатските односи минатата година. За време на дводневната посета, Лапид ќе ги отвори седиштото на израелската Амбасада во Абу Даби и конзулатот во Дубаи. Израелското …

Шефот на израелската дипломатија во историска посета на ОАЕ Read More »

Саудиска Арабија ослободи две активистки за женски права


Саудиска Арабија – Саудиска Арабија ослободи две истакнати активистки за женски права кои се наоѓаат во затвор од 2018 година, соопшти вчера Центарот за човекови права во Персискиот залив. Самар Бадави и Насима ал-Садах сега не се во притвор, но нивните движења и активности остануваат строго ограничени. Тие не смеат да го напуштат ова ултраконзервативно кралство, …

Саудиска Арабија ослободи две активистки за женски права Read More »

Истражување на Оксфорд: Комбинација на „АстраЗенека“ и „Фајзер“ ги произведува најдобрите одговори на Т- клетките


Англија – Доза на вакцината „АстраЗенека“, надополнета со втора доза на „Фајзер“, ги произведува најдобрите одговори на Т-клетките, како и подобар одговор на антителата, покажа најновото истражување на Универзитетот Оксфорд. Примањето мешани вакцини, кога вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 се дава четири недели по имунизацијата со „АстраЗенека“ ќе произведе подобар имунолошки одговор од втората доза на вакцината …

Истражување на Оксфорд: Комбинација на „АстраЗенека“ и „Фајзер“ ги произведува најдобрите одговори на Т- клетките Read More »

Половина година корона-вакцини: европски биланс


Европа пред половина година за првпат „ги засука ракавите“ за вакцинација против Ковид-19. Но, кампањата за вакцинација не се одвиваше секаде и секогаш лесно. Ова е европскиот биланс. Каков успех беше тоа кога Европската комисија неколку дена пред Божиќ ја одобри за употреба корона вакцината на Бионтек/Фајзер и на 27 декември повеќето ЕУ земји започнаа …

Половина година корона-вакцини: европски биланс Read More »

Русија обвинета во извештај на ОН за злоупотреби на нивен персонал во Централноафриканската Република


САД– Руски инструктори во Централноафриканската Република, заедно со армијата на оваа земја, го прекршиле меѓународното хуманитарно право, објавено е во годишниот извештај на експертите на ОН, додека руските власти наведуваат дека нивните инструктори не се вооружени и не учествуваат во борби. Извештајот на експертите задолжени за контролира на ембаргото за вооружување во ЦАР, воведено во …

Русија обвинета во извештај на ОН за злоупотреби на нивен персонал во Централноафриканската Република Read More »

Секоја втора нова инфекција со коронавирус во Германија е најверојатно со варијанта Делта


Германија– Секоја втора нова инфекција со коронавирус во Германија е најверојатно со варијанта Делта, соопшти денеска Институтот за инфективни болести Роберт Кох, јави ДПА. – Најмалку 35 проценти од инфекциите се со варијанта Делта, но податоците се од пред неколку дена и реалниот процент може да биде 50, изјави Лотар Вилер, шеф на институтот  на …

Секоја втора нова инфекција со коронавирус во Германија е најверојатно со варијанта Делта Read More »

Европските авиокомпании и аеродроми предупредуваат на хаос поради Ковид-потврдите


Здружението на најголемите авиокомпании и аеродроми во Европа предупреди дека ќе има хаос и часови на чекање по објавувањето на ЕУ-дигиталниот сертификат за Ковид-19, освен ако не се воспостави подобра координација меѓу државите. Заедничкиот европски систем за Ковид-сертификација ќе стапи на сила в четврток. Здружението на аеродроми АЦИ и здруженијата на авиокомпании А4Е, ИАТА и …

Европските авиокомпании и аеродроми предупредуваат на хаос поради Ковид-потврдите Read More »

Голем пожар во Лондон во близина на централната железничка станица (Фото, видео)


Голем пожар избувна во близина на централната лондонска железничка станица „Elephant & Castle“, при што над главниот град на Велика Британија се надвиснаа огромни облаци црн чад, јави АП . Лондонската противпожарна бригада соопшти дека 15 противпожарни возила и 100 пожарникари се борат со пожарот на железничките лакови во близина на станицата, што е јужно …

Голем пожар во Лондон во близина на централната железничка станица (Фото, видео) Read More »

Шпанија и Португалија ги враќаат рестриктивните мерки за британските туристи


 Поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот во Велика Британија, Шпанија повторно ќе бара негативен ПЦР-тест од британски туристи кои сакаат да влезат во земјата, а Португалија одлучи да бара од Британците да се вакцинираат или ќе мора да одат во  карантин. Одлуката беше донесена откако Лондон ги вклучи Балеарските Острови на „зелена листа“ …

Шпанија и Португалија ги враќаат рестриктивните мерки за британските туристи Read More »

(Видео) Москва ја погоди ураган, гром удри во трафостаница


Москва денеска ја погоди ураган, а потопена е станицата на метрото „Јасеново“ и телевизискиот центар „Останкино“. Гром удри во трафостаница во предградието Шчелково. Very severe weather in Moscow right now pic.twitter.com/XGMzadG7n8 — Russia No Context (@officialrus1) June 28, 2021 Информацијата ја соопшти метеорологот на телевијата „Русија 24“, Евгениј Тишковеч. Поради ударот на громот во трафостаницата, …

(Видео) Москва ја погоди ураган, гром удри во трафостаница Read More »

Коронавирусот беснее во Москва, се враќаат рестриктивните мерки


Во последните 24 часа во Москва се потврдени 6.723 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 114 умреа, поради што од денеска во сила стапуваат нови епидемиолошки мерки. Само на вакцинираните, лицата кои заздравеле од коронавирусот или луѓето кои ќе направат негативен тест, ќе им биде дозволен влез во московските ресторани, кафулиња и барови. Градските …

Коронавирусот беснее во Москва, се враќаат рестриктивните мерки Read More »