Шведска: И по Лофен, Лофен


Кандидатот за нов премиер на Шведска, ултра-десничарот Улф Кристерсон соопшти дека се откажува од обидот да формира влада по падот на владата на левиот центар. „Парламентарните услови за формирање нова влада на десниот центар не постојат“, потврди Кристерсон на конференција за новинарите. Потоа, вршителот на должност премиер на Шведска, Стефан Лофен, доби мандат уште еднаш …

Шведска: И по Лофен, Лофен Read More »

(Видео) Голема експлозија во Лос Анџелес, повредени 16 лица


Полицијата во Лос Анџелес се обиде да активира неколку тони нелегален огномет, по што следеше силна експлозија во која се повредени повеќе од 17 лица, вклучително и полицајци. Девет полицајци и еден федерален агент од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви се повредени во несреќата. Шест цивили се пренесени в болница – тројца …

(Видео) Голема експлозија во Лос Анџелес, повредени 16 лица Read More »

СЗО: Повторно се зголемува бројката на заразени со Ковид-19 во Европа


Светската здравствена организација денеска соопшти дека заврши периодот на двомесечно континуирано намалување на случаите со коронавирус во Европа, предупредувајќи дека ќе има нов бран „доколку не останеме дисциплинирани“. -Минатата недела, бројот на случаи се зголеми за 10 проценти како резултат на зголеменото мешање, патувања, собири и олеснување на социјалните ограничувања, рече на прес-конференција регионалниот директор …

СЗО: Повторно се зголемува бројката на заразени со Ковид-19 во Европа Read More »

Индонезија ги заострува мерките поради ширењето на Ковид-19


Индонезија оваа недела ќе воведе построги ограничувања со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави денеска претседателот Јоко Видодо, откако зголемениот број на нови случаи на зараза го нарушија здравствениот систем на земјата. Новите мерки ќе се применуваат од 3 до 20 јули на густо населените острови Јава и Бали, објави ДПА. Индонезиското медицинско …

Индонезија ги заострува мерките поради ширењето на Ковид-19 Read More »

(Видео) Затворски чувари во Италија дивјачки ги тепаат затворениците


  Снимки од италијанските затворски чувари како ги тепаат затворениците со палки и со раце по ланските протести во врска со пандемијата од корона вирус ја згрозија Италија во средата и ја разбеснија министерката за правда. Претепувањето се случило на 6 април 2020 година во затворот „Санта Марија Капуа Ветере“, северно од Неапол, а снимките …

(Видео) Затворски чувари во Италија дивјачки ги тепаат затворениците Read More »

Шумски пожар во западна Канада во екот на топлотниот бран, наредена евакуација на населението


 Во западна Канада, каде веќе неколку дена владее топлотен бран, избувна шумски пожар, заради што е наредена евакуација на жителите на малиот град Литон, во провинцијата Британска Колумбија . Градоначалникот Жан Полдерман издаде наредба за евакуација и изјави дека пожарот ја загрозува безбедноста на жителите на местото, што се наоѓа на повеќе од 150 километри …

Шумски пожар во западна Канада во екот на топлотниот бран, наредена евакуација на населението Read More »

Трамп веќе одлучил дали ќе се кандидира на изборите во 2024 година, но не кажува каква е одлуката


САД– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп веќе донел одлука за тоа дали ќе учествува на следните претседателски избори во САД во 2024 година, но не прецизираше каква е таа, самиот изјави за телевизијата „Фокс њуз“. На новинарско прашање дали донел одлука за ова прашање, Трамп одговори „Да“, но притоа не даде други детали. Трамп во …

Трамп веќе одлучил дали ќе се кандидира на изборите во 2024 година, но не кажува каква е одлуката Read More »

Зголемена глобалната доверба во медиумите за шест отсто


  Глобалната доверба во медиумите порасна во просек за 6 отсто за време на пандемијата, а Фејсбук се смета за платформа преку која се шират најмногу дезинформации за коронавирусот. Тоа е нагласено во извештајот на новинарскиот институт Ројтерс на Универзитетот во Оксфорд. Финците имаат најголема доверба во медиумите, а Американците најмалку.  Вкупната доверба во медиумите …

Зголемена глобалната доверба во медиумите за шест отсто Read More »

Папата во Ватикан ќе се сретне со злоставувани староседелци во Канада


Италија – Папата Франциск се согласи во декември да се сретне со преживеаните канадски државјани, кои биле злоупотребени во озлогласените католички интернати, по повикот да се извини за улогата на Католичката црква во злоупотребата и смртта на илјадници деца. Канадската конференција на католички бискупи јави дека Франциск поканил делегации во Ватикан и дека од 17 до …

Папата во Ватикан ќе се сретне со злоставувани староседелци во Канада Read More »

Вакцината на Кјурвак е ефикасна 48 проценти


Германија– Германската компанија Кјуревак објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 е 48 проценти ефикасна во финалната анализа на клиничкото испитување, што е само за еден отсто повеќе од прелиминарните резултати пред две недели. Додека ефективноста во спречувањето на симптоматска болест е 53 проценти, кога ќе се исклучат учесниците во студијата постари од 60 години односно …

Вакцината на Кјурвак е ефикасна 48 проценти Read More »

Почина поранешниот американски секретар за одбрана Доналд Рамсфелд


САД – Почина поранешниот американски секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд на 88-годишна возраст. Беше роден на 9 јули 1932 година во Чикаго. Рамсфелд беше секретар за одбрана на САД во време на претседателот Џералд Форд (1975-1977)  и кога претседател беше Џорџ В. Буш (2001-2006) за време на војната во Ирак. 

Рекорден број новоинфицирани со Ковид-19 во Британија од крајот на јануари


Англија – Во Велика Британија евидентирани се 26.068 нови случаи на заразени со Ковид-19 што е највисок број од 29 јануари, како и 14 смртни случаи. Повеќе од еден месец, бројот на пациенти се зголемува, но нема многу смртни случаи, а научниците наведуваат дека забрзаната вакцинација ги ослабела последиците од инфекцијата. Претходниот ден, Велика Британија …

Рекорден број новоинфицирани со Ковид-19 во Британија од крајот на јануари Read More »

ЕУ ги продолжи економските санкции на Русија за шест месеци


Европската унија ги продолжи за шест месеци економските санкции воведени на Русија од 2014 година поради нејзината нелегална анексија на Крим и дестабилизација на Украина и ја разгледува можноста за воведување нови мерки против Москва. Договорот допрва треба да биде одобрен од министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот на 12 јули, велат дипломатски …

ЕУ ги продолжи економските санкции на Русија за шест месеци Read More »

Телевизијата „Фокс њуз“ казнета 1 милион долари за сексуално вознемирување и кршење на работничките права


Комисијата за човекови права во градот Њујорк ја казни Фокс Њуз со еден милион долари – најголема казна во нејзината историја поради кршење на законите за сексуално вознемирување и кршење на работничките права на вработените. Како дел од парничен договор, телевизијата, исто така, се согласи да воведе задолжителна обука против сексуално вознемирување за своите вработени …

Телевизијата „Фокс њуз“ казнета 1 милион долари за сексуално вознемирување и кршење на работничките права Read More »

Меркел во петок ќе ја посети кралицата Елизабета


Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети кралицата Елизабета во замокот Виндзор за време на нејзиниот престој во Велика Британија оваа недела, соопшти денеска Бакингемската палата. Канцеларката ќе се сретне со кралицата Елизабета во петок, кога ќе има средба и со британскиот премиер Борис Џонсон во неговата резиденција. Предвидено е Меркел да го посети и …

Меркел во петок ќе ја посети кралицата Елизабета Read More »

САД првпат ќе имаат амбасадорка во Германија


Претседателот на САД, Џо Бајден ја номинираше претседателката на Универзитетот во Пенсилванија, Ејми Гутман за амбасадорка во Германија, соопштија извори од германската Влада. Гутман (71), ќерка на преживеан од холокаустот, ќе биде првата жена назначена на функцијата. Назначувањето на Гутман треба да биде потврдено од американскиот Сенат и одобрено од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. Сè уште …

САД првпат ќе имаат амбасадорка во Германија Read More »

Во Индонезија голем пораст на бројот заразни со Ковид-19, сѐ повеќе заразени се деца


  Бројот на деца заразени со корона вирус во Индонезија порасна речиси три пати од мај, а смртноста на новороденчиња од Ковид-19 нагло порасна во земјата која се бори со најтешкиот бран од заразата досега, рече во средата водечкиот педијатар. Индонезија во јуни забележа пораст на бројот заразени со корона вирус меѓу кои и рекорди …

Во Индонезија голем пораст на бројот заразни со Ковид-19, сѐ повеќе заразени се деца Read More »

ЕК: Неевропска е одлуката на Германија за ставање на Португалија на црвената листа заради ширењето на делта сојот


Одлуката на Германија да ја стави Португалија на својата црвена листа поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот не е во согласност со европскиот пристап, соопшти ЕК денеска. Одлуката за тоа ја донела канцеларката Ангела Меркел. Портпаролот на Европската комисија денеска изјави дека сите европски членки треба да се консултираат и да ги координираат …

ЕК: Неевропска е одлуката на Германија за ставање на Португалија на црвената листа заради ширењето на делта сојот Read More »

Франција најверојатно ќе има четврти бран на Ковид-19


Франција– Франција, најверојатно, ќе има четврти бран на Ковид-19, како резултат на повторување на случаите предизвикани од Делта варијантата на вирусот, првично откриена во Индија, изјави водечкиот научен советник на Франција, професорот Жан-Франсоа Делфрејси.   Сепак, Делфрејси денеска додаде дека воведувањето на вакцината против Ковид-19 ќе помогне во ублажување на влијанието на овој нов бран на …

Франција најверојатно ќе има четврти бран на Ковид-19 Read More »

Путин откри дека примил „Спутник V“: Имав темпeратура


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин денеска откри дека, по негов избор, ја примил руската вакцината против коронавирус „Спутник V“. Рускиот претседател, кој денеска одговара на прашања од руските граѓани, кажа дека бил замолен да не кажува која вакцина ја примил за да не создаде конкуренција, но потоа, сепак, призна дека станува збор за вакцината „Спутник …

Путин откри дека примил „Спутник V“: Имав темпeратура Read More »