Меркел ја одбила понудата на Гутереш за работа во ОН, ќе пишува мемоари


Германија– Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која на почетокот на декември  ја напушти функцијата по 16 години минати на нејзино чело, ја одби понудата од генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, да работи во ОН, соопшти денеска нејзиниот кабинет. Меркел на 8 декември дефинитивно ја напушти политичката сцена и се посвети на пишување политички мемоари, наведоа […]

Нов Зеланд ги заострува мерките поради Омикрон, но го отфрла заклучувањето


Нов Зеланд– Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн денеска изјави дека ќе се зголемат мерките во земјата доколку Омикрон варијантата на коронавирусот се пренесе во заедницата, но го отфрли заклучувањето. Силните контроли во Нов Зеланд и неговата географска оддалеченост помогнаа Омикрон да не се шири во земјата, иако многу случаи се пријавени во карантин на границата.   […]

Ќе се отвора истрага дали поранешниот папа Бенедикт XVI знаел за сексуално насилство врз деца


Германија – Во Германија денеска ќе се објави извештај што може да отвори потенцијален скандал за сексуално насилство врз деца во католичката црква,а меѓу оние кои можат да се најдат во центарот на внимението е поранешниот папа Бенедикт XVI, јавија француските медиуми. Во извештајот на адвокатската канцеларија Westpfahl Spilker Wastl (WSW) се анализира како биле разгледувани случаите на […]

Отстранета статуата на Теодор Рузвелт од Њујорк, ќе се пренесе во Северна Дакота


Градската канцеларија за култура на Њујорк минатата година донесе одлука да се отстрани статуата на поранешниот американски претседател Теодор Рузвелт, што стоеше пред Природнонаучниот музеј во „Големото јаболко“, и истата сега ќе биде преместена во претседателската библиотека на Рузвелт во Медора, во сојузната држава Северна Дакота. Работниците вчера ја демонтираа статуата на американскиот претседател, што […]

Лидерите на германските Зелени под истрага за исплатата на „корона бонуси“


Германија – Јавното обвинителство во Берлин отвори истрага против раководството на германската партија на Зелените, вклучувајќи го и новиот вицеканцелар и министер за надворешни работи, за исплата на бонуси за време на пандемијата минатата зима. Обвинителството и партијата денеска потврдија дека е покрената истрага по извештајот на неделникот Шпигел, пренесе агенцијата ДПА. Станува збор за улогата […]

Ѓоковиќ ќе бара шест милиони долари оштета од Австралија


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, протеран од Австралија во пресрет на Грен слем турнирот, има намера да ја тужи владата на оваа земја.Триесет и четиригодишниот Србин ќе бара оштета 6 милиони долари, објавија британските медиуми. Ѓоковиќ ќе се жали за изгубен приход од парични награди за спортски настап, плаќања за спонзорство, како и морална штета […]

Твитер го блокираше налогот на милијардерот Плиега заради навреди кон новинарка


САД – Твитер вчера соопшти дека ја блокирал сметката на мексиканскиот милијардер Рикардо Салинас Плиего поради навредливо однесување кон мексикански новинар. Раководството на Твитер соопшти дека Салинас на неговиот налог „учествувал во вознемирувачки ситуации насочени кон едно лице“. Минатата недела Салинас, сопственик на „Banco Azteca SA“, влезе во расправија со мексиканската новинарка Дениз Дресер, коментирајќи го […]

Бајден: Првата година од претседателствувањето беше година на предизвици, но и на огромен напредок


САД– Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Белата куќа по повод првата година од неговото претседателствување изјави дека тоа е година на предизвици, но и на огромен напредок.   Бајден особено ја наведе кампањата за масовна вакцинација против Ковид-19 и притоа истакна дека 75 отсто од возрасните Американци сега се целосно имунизирани, во споредба […]

КОВАКС бара 5,2 милијарди долари за продолжување на програмата


Глобалната иницијатива КОВАКС, програма поддржана од ОН, започната за подеднакво дистрибуција на вакцините против коронавирус меѓу богатите и сиромашните земји, денеска побара 5,2 милијарди долари за да продолжи со набавка на вакцини во наредните месеци. Програмата испорача нешто повеќе од милијарда дози вакцини во изминатата година, а првичната цел беше да се испорачаат две милијарди […]

Близу половина милијарда долари отштета за сексуално злоставување американски спортисти


Американскиот Универзитет Мичиген со седиште во Ан Арбор постигна спогодба во износ од 490 милиони долари во врска со обвинението дека поранешниот спортски доктор на оваа образовна институција Роберт Андерсон со години сексуално ги злоставувал студентите спортисти, јавија денеска локалните медиуми. Со спогодбата се опфатени повеќе од 1.000 лица. „Горд сум што можам да објавам дека е […]

Во акција на Европол уапсени 29 луѓе поради криумчарење мигранти


Полицијата на Италија, Албанија и Грција денеска уапси 29 лица под обвинение дека заработиле неколку стотици милиони евра криумчарејќи мигранти од Турција во Европската унија, соопшти Европол. Се верува дека е уапсените сзе дел од синџирот од 80 членови, кои организирале најмалку 30 шверцерски операции во кои најмалку 1.100 луѓе биле превезени со брод од […]

Англија ги укинува повеќето мерки – нема маски во училиштата


  Британскиот премиер Борис Џонсон најави укинување на речиси сите мерки во Англија, почнувајќи од идниот четврток, пишува Би-би-си. Ковид-потврдите повеќе нема да бидат потребни за повеќето случувања, но на организаторите ќе им биде дозволено сами да одлучат дали ќе ги бараат или не. Исто така, маските повеќе нема да бидат задолжителни во училиштата, како […]

Во Израел над 70.000 заразени со корона вирус за 24 часа


Генералниот директор на Министерството за здравство на Израел, Нахман Еш денеска изјави дека 71.593 Израелци биле позитивни на коронавирусот вчера, но изрази уверување дека многу повеќе луѓе се заразени во изминатите 24 часа – дури 200.000. Министерството не може да достави точен извештај за бројот на новозаразени веќе трет ден бидејќи компјутерските системи се преоптоварени, […]

Австралија нуди сезонски работни места за млади гости од странство


Австралиските власти ги повикаа младите туристи од странство да прифатат сезонски работни места во земјоделството и угостителството за време на посета на државата за да се ублажи недостигот на работна сила поради ширењето на инфекцијата со Ковид 19. Премиерот Скот Морисон рече дека неговата влада се откажува од таксата за виза од 630 американски долари […]

ИЛО: Повеќе од половина милион Авганистанци од неодамна се без работа


Повеќе од половина милион Авганистанци ги загубија своите работни места неодамна откако талибанците ја презедоа власта во земјата минатата година, соопшти денеска Меѓународната организација на трудот (ИЛО). Агенцијата на ОН, чиј мандат е да ги промовира работните стандарди на глобално ниво, исто така проценува дека до средината на 2022 година тој број би можел да […]

Најмалку петмина загинати во пожар во пензионерски дом во Шпанија


Во пензионерски дом во предградие на Валенсија ноќеска избувнал пожар во кој загинаа пет лица, соопшти противпожарната служба. Пожарот избувнал околу полноќ и биле потребни околу два часа да се стави под контрола, сооштија пожарникарите на официјалниот Твитер профил. Околу 70 корисници на домот се евакуирани од објектот во Монкада, северно предградие на Валенсија, третиот […]

Рекордни 464.769 позитивни случаи на коронавирус во Франција


Во изминатите седум дена во Франција дневната  контаминација со коронавирус достигна рекордни бројки од над 300.000 позитивни лица, објави Јавното здравство, но вчера оваа бројка се зголеми на 464.769. Со тоа просекот за неделата достигна 309.433 дневни случаи, наспроти 281.965 претходниот вторник, јави дописникот на МИА. Службите за интензивна нега, кои примаат најсериозни случаи, во вторникот […]

Макрон во Стразбур ја претставува својата „визија“ за Европа и ЕУ


Францускиот претседателот, Емануел Макрон, утринава во Стразбур денеска ќе зборува пред европратениците за почетокот на француското претседателство со ЕУ. Тоа ќе биде можност да ги наметне своите предизборни теми во неговата земја, со приближувањето на претседателските избори во април и истовремено да ја даде својата визија за Европа  и ЕУ, јави дописникот на МИА. Макрон веќе […]

САД загрижени од ненајавените воени вежби на Русија во Белорусија


САД се загрижени од регистрираното префрлање неутврден број руски војници и воена опрема од Далечниот Исток на Русија во Белорусија, под изговор за планирани воени вежби, а со цел најверојатно да ја нападне Украина од север, изјави синоќа официјален претставник на Стејт департментот. Воените вежби, што не биле најавени кај дипломатските претставници во Москва во […]

Од магацин во Сиднеј украдени 42.000 брзи антигенски тестови


Од магацин во Сиднеј непознато лице украло 42.000 антигенски тестови за коронавирусот, соопштија денеска австралиските власти. Портпаролот на полицијата изјави дека крадецот вчера попладне влегол во магацинот во предградието Маскота и „ги зел тестовите“, не наведувајќи други детали. Истрагата за кражбата е во тек. Властите на Нов Јужен Велс го осудија инцидентот и соопштија дека […]