Рекордни бројки заразени во Шведска – се затвораат училишта


  Во регионот околу Гетеборг, вториот најголем град во Шведска, за една недела регистрирани се 44.791 позитивни на корона висут во последната недела, што е најголем пораст во една недела од почетокот на пандемијата. Во истиот регион се регистрирни и најмногу ПЦР тестирања 133.554 во една недела. Многумина не успеале да закажат термин за тестирање, […]

Поранешниот канцелар Себастијан Курц основа своја компанија во Австрија


Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц основа компанија во Австрија наречена „SK Management“. Покрај работата како „глобален стратег“ во американската компанија „Тил Капитал“, на Питер Тил, поддржувач на Доналд Трамп, сега отвори и своја компанија со седиште во Долна Австрија. Според основачките документи Курц е сопственик и директор на „СК Менаџмент“, компанија чија регистрирана дејност е […]

„Фајзер“ почна испитување на вакцина против омикрон


САД– Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ почнаа клиничко испитување на вакцина против сојот омикрон на коронавирусот. Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор, а во испитувањето се вклучени повеќе од 1.400 луѓе. – Иако постоечките истражувања и податоци покажуваат дека засилувачките дози на вакцината продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од […]

Зошто Германија не испорачува оружје на Украина? Одговорот е во историјата и енергијата


  БЕРЛИН – Одбивањето на Германија да им се придружи на другите членки на НАТО во обезбедувањето оружје на Украина, вознемири некои сојузници и покрена прашања за решителноста на Берлин да се спротивстави на Русија. Прашањето стана актуелно во текот на викендот по извештајот дека Берлин отишол толку далеку што ја блокирал Естонија да испорача […]

Најмалку 37 жртви во тропска бура во Мадагаскар и Мозамбик


Тропската бура „Ана“ усмрти најмалку 34 лица во Мадагаскар и три во Мозамбик, а ја прекина струјата во Малави, соопштија денеска властите во трите земји. Невремето, кое се формира над источниот брег на најголемиот африкански остров Мадагаскар, донесе поројни дождови кои предизвикаа поплави и свлечишта во главниот град Антананариво. Во последниот извештај на Агенцијата за […]

Пет земји формираат фонд за помош на Украина


Велика Британија, Канада, Шведска, Швајцарија и САД планираат на крајот од месецов да основаат фонд за помош на Украина со финансирање од 35 милиони фунти (над 47 милиони долари) за период од три години, соопшти денеска прес-службата на Министерството за реинтеграција на неконтролирани територии на Украина. Станува збор за создавање на меѓународниот фонд „Партнерство за силна Украина“. […]

Во Украина разбиена криминална група поддржана од Москва


Украинските власти соопштија денеска дека разбиле група диверзанти, координирани од Москва, кои подготвувале серија напади во пограничните области на Украина со цел да ја „дестабилизираат“ ситуацијата во поранешната советска република. Групата подготвувала „серија вооружени напади“ врз урбаната инфраструктура, се наведува во соопштението на Службата за безбедност на Украина, во кое се додава дека групата била […]

Полицијата ќе ги истражува постапките на Борис Џонсон за време на карантинот


  Нови големи неволји за британскиот премиер Борис Џонсон. Комесарот на лондонската Метропилитен полиција, Кресида Дик, пред малку објави дека ќе се истражуваат настаните во Даунинг стрит 10 за време на тешкото заклучување. Гневот на јавноста се зголеми уште повеќе кога вчќера беше објавена информацијата дека на Џонсон му била приредена и роденденска забава со […]

Руските власти официјално го прогласија Навални за терорист


Руската федерална служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг ги додаде Алексеј Навални, Љубов Собол, Георги Албуров и уште 19 лица во регистарот на терористи и екстремисти, објавено е денеска на веб-страницата на агенцијата. Меѓу поддржувачите на Навални на листата се и Лилија Чанишева, Руслан Шавединов, Павел Зеленски и други. Одлуката ги става на исто ниво со […]

НАСА: Ерупцијата на вулканот во Тонга посилна од бомбата фрлена на Хирошима


Ерупцијата на вулканот во Тонга ослободи експлозивни сили кои далеку ја надминаа силата на експлозијата на атомската бомба што Американците ја фрлија на Хирошима, оценија научници на НАСА. Се појаснува дека ерупцијата на вулканот во Тонга била неколку стотини пати појака од америиканската атомска бомба фрлена на јапонскиот град Хирошима во август 1945 година, за […]

Џо Бајден опцу новинар


  Американскиот претседател Џо Бајден вчеравечер на настан во Белата куќа опцу новинар на Фокс њуз, откако беше прашан за влијанието на зголемената инфлација врз овогодишните конгресни избори. Имено, на крајот од состанокот на Советот за конкуренција на Бајден, дописникот  на Фокс од Белата куќа, Питер Дуси, праша дали инфлацијата е политичка одговорност? „Тоа е […]

Италијанските пратеници не избраа претседател на државата во првиот круг од гласањето


Италијанскиот Парламент не избра претседател во првиот круг, бидејќи ниту еден кандидат не доби доволен број гласови на тајното гласање, а за денеска е закажано ново гласање. Околу 1.000 членови на двата дома на парламентот, Претставничкиот дом и Сенатот, и претставниците на регионите и автономните покраини почнаа да гласаат вчера попладне за избор на наследник на Серџо Матарела, а на победникот […]

Колумбиските безбедносни сили го „неутрализираа“ лидерот на дисидентите на ФАРК


Колумбиските безбедносни сили убија еден од водечките челници на дисидентите на ФАРК во операција во провинцијата Каука на југозападот на земјата, соопшти синоќа претседателот Иван Дуке. Евклидес Еспана, попознат како Џониер, беше водач на дисидентската фракција на демобилизираните Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) предводени од Џентил Дуарте, која не го признава мировниот договор од […]

Најмалку 19 загинати во тепачка и пожар во бар во Индонезија


Најмалку 19 лица загинаа во пожар што избувна рано утринава во караоке бар во индонезиската провинција Западна Папуа, по тепачка меѓу ривалски банди, соопшти полицијата. Едно лице е смртно избодено со нож, а потоа барот бил запален со најмалку 18 лица кои останале заробени внатре, изјави полициски претставник. Полицијата соопшти дека тепачките меѓу младите се вообичаени, но […]

Бајден: Целосна едногласност со сојузниците околу Украина


САД и европските сојузници се „целосно едногласни“ околу Украина и подготвени се да нанесат жестока економска штета на Русија ако таа изврши напад, истакнаа синоќа од Белата куќа. -Имав многу, многу добар состанок. Целосно сме едногласни со европските лидери, рече претседателот на САД Џо Бајден. На неговиот Твитер налог беше укажано дека Бајден со европските […]

Макрон ќе му предложи на Путин „патоказ за смирување на украинската криза“


За време на разговорите што ќе се реализираат во следните неколку дена францускиот претседател Емануел Макрон ќе му предложи на својот руски колега, Владимир Путин, „патоказ за смирување на украинската криза“, соопшти вечерва Елисејската палата. „Загрижени сме и многу внимаваме да не создадеме двосмисленост и дополнителна нестабилност“, соопшти француското претседателство поради тензиите меѓу Западот и […]

Војската ја презеде власта во Буркина Фасо, претседателот уапсен


  УАГАДУГУ, Буркина Фасо – Повеќе од десетина бунтовнички војници во понеделникот на државната телевизија објавија дека воената хунта ја презела контролата врз Буркина Фасо откако го уапсила демократски избраниот претседател по еден ден престрелки во главниот град. Воениот удар во земја која некогаш беше бастион на стабилноста беше трет од ваков вид во Западна […]

Борис Џонсон имал и роденденска забава во затворено за време на строгиот карантин


  На Борис Џонсон му беше организирана роденденска забава за време на првото заклучување на коронавирусот во Велика Британија и покрај строгата забрана за дружење во затворени простории, објави во понеделникот телевизијата ИТВ. Телевизијата објави дека сопругата на премиерот на Велика Британија, Кери Џонсон, организирала ненадејно дружење за него попладнето на 19 јуни 2020 година, […]

Почина една од жртвите на нападот на Универзитетот во Хајделберг


Една млада жена им подлегна на повредите здобиени во денешниот вооружен напад на Универзитетот во Хајделберг, додека уште три други лица се повредени, се најновите податоци на германските безбедносни извори, кои прецизираат дека напаѓачот си го одзел животот Полицијата првично јави дека четири лица се повредени во денешниот напад. Нападот го извршил маж, кој подоцна […]

СЗО: Дефинитивно не е крај на корона вирусот


  Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус оцени дека во моментот идеални се условите за појава на уште соеви од корона вирусот. Тој денеска изјави дека би било опасно да се помисли дека исклучително заразниот омикрон сој е последен кој ќе се појави во светот и дека тој ќе биде крај на пандемијата. […]