Пропадна обидот за евакуација на цивилите од Мароупол

Сепаратистички функционер рече дека само околу 300 луѓе го напуштиле градот


 

Ни денешниот обид да се организира хуманитарен коридор од Мариупол во Украина не успеа, а проруските сепаратисти и украинската национална гарда меѓусебно се обвинуваат за кршење на привременото примирје.

Телевизија Украина 24 прикажа борец на Националната гарда кој рече дека руските и проруските сили кои го опколија крајбрежниот град со околу 400.000 жители, продолжиле да ги гранатираат подрачјата кои требало да бидат сигурни.

Новинската агенција Интерфакс пак цитираше функционер од сепаратистичката администрација од Дењецк кој обвини дека украинските сили не го почитувале ограничениот прекин на огнот.

Сепаратистички функционер рече дека само околу 300 луѓе го напуштиле градот. Украинските власти пак порано соопштија дека не планираат да евакуираат повеќе од 200.000 луѓе од Мариупол.

Путин најави прекин на огнот кога Украина ќе престане да се бори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара итен прекин на огнот во Украина во разгово со рускиот колега Владимир Путин, кој на тоа одговорил дека е подготвен , но само кога Украина ќе престане да се бори и ќе ги исполни руските барања, пренесоа агенциите.

Путин рекол дека операциите течат според планот и распоредот и изразил надеж дека украинските преговарачи ќе заземат конструктивен пристап на разговорите и ќе ја земат во предвид состојбата на терен, објави Кремљ.