Во Австралија најавенo продоложување на карантинот заради делта сојот на корона вирусот


Речиси половина од 25-те милиони жители на Австралија се уште се заробени во своите домови поради ширењето на делта сојот на корона вирусот, вклучувајќи ги и граѓаните на Сиднеј, најголемиот град во земјата. Австралиските власти денеска соопштија дека во државата Викторија и во следните денови ќе биде продолжен локдаунот поради Ковид-19, по утрешниот ден како …

Во Австралија најавенo продоложување на карантинот заради делта сојот на корона вирусот Read More »

Половина милион Кинези со писмо до СЗО бараат истрага за американската био-лабораторија во Форт Детрик


Повеќе од половина милион корисници на Интернет од Кина потпишаа отворено писмо до Светската здравствена организација (СЗО) во кое бараат истрага за американската биолошка лабораторија во Форт Детрик за да се „спречат идни епидемии“, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“. Првиот човек на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус, претходно, не ја исклучи можноста за вештачкото потекло на …

Половина милион Кинези со писмо до СЗО бараат истрага за американската био-лабораторија во Форт Детрик Read More »

Ќе има ли НАТО за првпат жена генерален секретар?


Потрагата по успешна замена за Јенс Столтенберг како генерален секретар се фокусира на жените лидери во Источна Европа.Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка, ја извршува врвната дипломатска функција од октомври 2014 година. Сојузниците го продолжија неговиот договор до септември 2022 година, оставајќи нешто повеќе од една година да изберат заменик. Неодамна започнаа формалните дискусии, а наследникот …

Ќе има ли НАТО за првпат жена генерален секретар? Read More »

Почина данскиот карикатурист Курт Вестергард, познат по контроверзните карикатури за пророкот Мухамед


Данскиот карикатурист Курт Вестергард почина на 86-годишна возраст. Toj животот го завршил мирно, по долго боледување, на 14 јули, во Копенхаген, соопшти вчера неговото семејство. Вестергард стана познат на светско ниво во 2005 година, кога серија негови карикатури со исламскиот пророк Мухамед објавени во весникот „Јиландс-Постен“ ја предизвикаа најголемата криза на Данска во надворешен план …

Почина данскиот карикатурист Курт Вестергард, познат по контроверзните карикатури за пророкот Мухамед Read More »

Како државите ги мотивираат своите граѓани да се вакцинираат


Кога започна процесот на вакцинација, некои земји имаа поголем успех од другите и постигнаа подобар напредок на тоа поле. Од самиот почеток, некои луѓе користеа разни придобивки и подароци за да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат. Некои земји сега бараат задолжителна вакцинација за здравствените работници и вработените во одредени сектори. Кои земји сè уште …

Како државите ги мотивираат своите граѓани да се вакцинираат Read More »

Во САД пристигнал патник од Африка со нова зараза- мајмунска сипаница


Американските Центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) го потврдија првиот случај на мајмунска сипаница во САД. ЦДЦ и Министерството за здравство на државата Тексас сооштија дека кај американски државјанин, кој допатувал од Нигерија во Тексас, се потврдени мајмунски сипаници. Патникот имал два лета во САД до крајната дестинација, Далас – прво летал од …

Во САД пристигнал патник од Африка со нова зараза- мајмунска сипаница Read More »

Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот


Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот, каде е прогласен Ден на слободата, иако во последните неколку недели во Велика Британија е регистриран зголемен број на заразени лица. Стадионите и големите сали од денеска се отворени со полн капацитет, како и дискотеките, а веќе нема никакви ограничувања ниту во угостителските објекти …

Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот Read More »

Невремето што ги погоди Германија и Австрија може да ја зафати и Словачка


Метеоролозите предупредуваат дека бранот од Германија и Австрија кој ги предизвика поплавите може да влијае и на Братислава. Нивото на Дунав може да се искачи за 2,5 метри во Словачка, според последните податоци на страницата imeteo.sk, која ја следи состојбата на реките. Словачкиот хидрометеоролошки институт (ШМУ) во неделата издаде предупредување за можни силни бури низ Словачка, каде …

Невремето што ги погоди Германија и Австрија може да ја зафати и Словачка Read More »

Анкета: Јапонците не веруваат во безбедноста на Олимписките игри


Најмалку 68 проценти од Јапонците не веруваат дека претстојните Олимписки игри во Токио ќе бидат безбедни, како што вети Владата, покажуваат резултатите од анкетата на весникот „Асахи“. Додека 21 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат доверба во ветувањето на Владата. Во исто време, 76 проценти од испитаниците ја поддржуваат одлуката поголемиот број натпревари да се …

Анкета: Јапонците не веруваат во безбедноста на Олимписките игри Read More »

Новиот премиер на Непал ја доби поддршката од парламентот


Новиот премиер на Непал, Шер Бахадур Деуба, ја доби поддршката од повеќе од половината пратеници во Долниот дом на парламентот, кои му дозволија да остане на власт до изборите следната година. Деубу синоќа беше поддржан од 165 пратеници, додека 83 гласаа против него. Тој минатата недела го почна својот петти мандат како шеф на владата, …

Новиот премиер на Непал ја доби поддршката од парламентот Read More »

ОН: Коронавирусот ја влоши ситуацијата во светот – секое десето лице гладува


Пандемијата на коронавирусoт го зголеми бројот на гладни луѓе во светот, а во моментов секој десетти човек на нашата планета гладува, поради што пет организации на Обединетите нации повикаа на аларм. Пет организации на ОН се вклучени во подготовката на Светскиот извештај за храна, вклучувајќи ги и Организацијата за помош на децата (УНИЦЕФ) и Светската …

ОН: Коронавирусот ја влоши ситуацијата во светот – секое десето лице гладува Read More »

Се повлекува водата во Белгија: Повеќе од 30 мртви, се трага по 163 лица


  Во историските поплави во Белгија, од средината на неделава, има 31 жртва, според официјалните податоци, кои вечерва ги објавија властите, кои додадоа дека операцијата за спасување е завршена. „Нема повеќе опасност во погодените подрачја. Операциите за спасување се завршени, но потрагата и понатаму трае во повеќе зони“, објави белгискиот кризен ценатр во сооппштението од …

Се повлекува водата во Белгија: Повеќе од 30 мртви, се трага по 163 лица Read More »

Саша Барон Коен предлага Марк Цукерберг да оди во затвор поради дезинформациите за короната


Комичарот Саша Барон Коен во неделата предложи извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг да биде затворен, откако претседателот на Соединетите Држави Џо Бајден изјави дека фирмите за социјални мрежи „убиваат луѓе“, поради ширењето на дезинформации за вакцините против Ковид-19 на нивните платформи. „Претседателот е во право – Фејсбук убива луѓе“, објави на Твитер Барон Коен. …

Саша Барон Коен предлага Марк Цукерберг да оди во затвор поради дезинформациите за короната Read More »

„Проект Пегаз“  откритија на 16 редакции за глобален телефонски шпионски систем


Франција – Парискиот дневен весник „Ле Монд“ и уште шеснаесет други редакции добија пристап до повеќе од 50.000 телефонски броеви потенцијално следени од Пегаз, моќен израелски шпионски софтвер, во корист на  десетина држави. Дигитално оружје што се користи против новинари, адвокати, активисти и политичари во многу земји, вклучувајќи ја и Франција, јави дописникот на МИА. Во …

„Проект Пегаз“  откритија на 16 редакции за глобален телефонски шпионски систем Read More »

Земјотрес со јачина од 5,7 степени го потресе јужен Иран


Силен земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужната иранска провинција Фарс, јави иранската државна телевизија. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Хешта. Засега нема извештаи за можни жртви или материјална штета.

Меркел: Мора да брзаме во борбата против климатските промени


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „најголемата економија во Европа мора да работи побрзо и подобро во борбата против климатските промени“ по катастрофалните поплави што ги погодија германските провинции Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц. Ова е најголемата природна катастрофа во Германија во последните шест децении. „Се укажува на тоа дека мора да се стори нешто …

Меркел: Мора да брзаме во борбата против климатските промени Read More »

Стотици мигранти во Белгија штрајкуваат со глад и жед: „Подготвени сме да умреме“


 Над четиристотини лица без официјални документи во Белгија денеска го започнаа 56-от ден од гладот на штрајкот прогласен на 23 мај. Штрајк прогласен по 3 месеци постојани протести. Во отсуство на реакција и позитивен одговор од властите, овие луѓе, мажи и жени, пред два дена ја преземаа најрадикалната мерка: штрајк со жед. Теоретски човековото тело …

Стотици мигранти во Белгија штрајкуваат со глад и жед: „Подготвени сме да умреме“ Read More »

Се поплави и Сицилија


Поради обилните дождови кои ја погодија Италија, северот и југот на земјата во недела се борат со поплави и надојдени реки. Службите за итни случаи во Сицилија, во градот Палермо и остатокот од регионот, добија стотици повици по обилните дождови. Пожарникарите интервенирале поради поплавување и оштетување на водата, потврдија во неделата наутро. Засега нема сериозни …

Се поплави и Сицилија Read More »

Расте бројот заразени со коронавирус во Италија по шампионското славје


 Здравствените власти во Италија соопштија денеска дека славењето ширум земјата по повод триумфот на фудбалската репрезентација на неодамнешното ЕУРО2020 влијаело на пораст на бројот заразени со коронавирус. Европската титула се славеше низ цела Италија, а централната прослава се одржа на 12 јули во Рим каде десетици илјади луѓе ги поздравија фудбалерите, кои се возеа во отворен автобус. …

Расте бројот заразени со коронавирус во Италија по шампионското славје Read More »

Британски научник: Ќе имаме и по 100.000 нови зарази дневно


  Научниот советник на британската влада, пред укинувањето на епидемиолошките мерки во Англија, рече дека речиси е извесно оти бројот на новозаразени со Ковид-19 ќе достигне 100.000 дневно, со 1.000 хоспитализирани. Нил Фергусот, професор на лондонскиот Империјал колеџ и член на научната советодавна група за итни ситуации на британската влада, за Би-би-си вели дека наведените …

Британски научник: Ќе имаме и по 100.000 нови зарази дневно Read More »