Извештај: Стотици деца биле злоставувани во домови во Лондон повеќе децении


Англија – Неколку стотици деца биле изложени на „тешко сфатливи“ нивоа на злоупотреба и занемарување во текот на неколку децении, се наведува во Извештајот на британска независна јавна истрага за сексуално злоставување деца. Независна истрага за сексуалната злоупотреба на деца соопшти дека социјалните работници во општината Ламбет во јужен Лондон во периодот меѓу 60-те и 90-те години …

Извештај: Стотици деца биле злоставувани во домови во Лондон повеќе децении Read More »

Пандемијата ги стави Индијците во огромни долгови за лекување


Во Индија, сериозно погодена од епидемијата на коронавирус, огромните сметки за здравствена заштита се ноќeн кошмар за милиони луѓе. Повеќето Индијанци немаат здравствено осигурување, а трошоците за лекување на Ковид-19 ги фрла во долгови. Според искуството на родителите на еден од пациентите, агенцијата АП дојде до информација дека досега дале повеќе од 50.000 американски долари …

Пандемијата ги стави Индијците во огромни долгови за лекување Read More »

Карантинот во Сиднеј продолжен за уште еден месец


Австралија–  Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс денеска го продолжија рокот на карантин поради коронавирусот во Сиднеј за уште еден месец. Мерката е донесена поради фактот дека во Сиднеј продолжува да се шири варијантата Делта на коронавирусот. – Карантинот се очекуваше да заврши в петок, но е продолжен до 28 август, изјави премиерот на …

Карантинот во Сиднеј продолжен за уште еден месец Read More »

Георгиевски: Одлично е чувството да ја израдуваш македонската јавност


Таеквондистот Дејан Георгиевски ги сподели вечерва со македонската јавност своите први импресии по освојувањето на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио. – Чувството е одлично да се израдува македонската јавност. Во моментов сум навистина под големи импресии и не можам да кажам ништо повеќе, рече Георгиевски во директното јавување од Токио за дневникот на телевизија …

Георгиевски: Одлично е чувството да ја израдуваш македонската јавност Read More »

Германска група ги организира протестите против карантинот во Австралија


Група за заговор со седиште во Германија помогна да се водат серија протести против карантинот низ Австралија, во кои беа уапсени десетици луѓе и стотици казнети по насилните судири со полицијата. Полицијата уапси повеќе од 60 лица и казни уште 107 откако толпа од околу 3.000 лица се собра во Сиднеј во саботата да протестира …

Германска група ги организира протестите против карантинот во Австралија Read More »

Во Мексико во 2020 година убиени повеќе од 36.500 луѓе


Според Националниот институт за статистика, бројот на убиства во Мексико од 36.579 во текот на минатата година во основа остана непроменет во споредба со 2019 година. Иако пандемијата на коронавирус намали многу други активности во Мексико во текот на 2020 година, бројот на убиства остана приближно до оној од 2019 година, кога беа убиени 36.661 …

Во Мексико во 2020 година убиени повеќе од 36.500 луѓе Read More »

Ексминистерката за правда, Рашида Дати, обвинета за пасивна корупција и прикривање злоупотреба на власта


Франција – Рашида Дати, поранешната француска министерка за правда во мандатопт на претседателот Никола Саркози, на 22 јули била обвинета за пасивна корупција и прикривање злоупотреба на власта во истрагата за нејзините консултантски услуги за поранешниот извршен директор на групациојата „Рено-Нисан“,  Карлос Госн, јави дописникот на МИА. Канцеларијата на националното финансиско обвинителство ја потврди информацијата објавена …

Ексминистерката за правда, Рашида Дати, обвинета за пасивна корупција и прикривање злоупотреба на власта Read More »

Пожарникарите спречија втора експлозија во „Хемпаркот“ во Леверкузен


По експлозијата на резервоарот со растворувачи во фабриката за хемикалии во западниот германски град Леверкузен, противпожарната единица по три часа борба со стихијата успеа да ја спречи опасноста од втора експлозија, за ДПА наведе државен службеник. -Резервоарот содржел 100.000 литри многу запалив, токсичен отпаден материјал, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт …

Пожарникарите спречија втора експлозија во „Хемпаркот“ во Леверкузен Read More »

Град со големина на јајце уништуваше стакла и покриви на автомобили на северот од Италија


На северот од Италија денеска беснеше невреме, што попладнево се разви во пороен дожд и град, наведоа италијанските медиуми. Во текот на попладнево дојде до развој на суперќелии со уништувачка моќ,  а најлошо беше во околината на Парма, каде паѓаа големи парчиња мраз, што предизвика огромна материјална штета. Поради мноштвото уништени и оштетени автомобили, автопатот …

Град со големина на јајце уништуваше стакла и покриви на автомобили на северот од Италија Read More »

Во Конгресот почна сослушувањето за упадот на Капитолот на 6 јануари 


САД- Избраната конгресна Комисија за упадот во американскиот Капитол на 6 јануари ги почна првите сослушувања. За денеска закажани се сведочења на четворица полицајци, двајца од полицијата на Капитолот, двајца од полицијата на дистриктот Колумбија.  Сите четворица службени лица биле во служба на 6 јануари и моментално сведочат за физичките и вербалните напади што ги …

Во Конгресот почна сослушувањето за упадот на Капитолот на 6 јануари  Read More »

Саудиска Арабија воведува тригодишна забрана за патување


Саудиска Арабија– Саудиска Арабија ќе воведе тригодишна забрана за патување за граѓаните кои ги кршат прописите, патувајќи во земјите од „црвената листа“, поради напорите да се спречи ширењето на коронавирусот и неговите нови видови, објави денеска државната новинска агенција. Агенцијата цитираше неименуван службеник во Министерството за внатрешни работи дека некои државјани на Саудиска Арабија, на …

Саудиска Арабија воведува тригодишна забрана за патување Read More »

Осуммина загинати во верижен судир на автопат во Јута


САД – Во верижен судир во кој учествувале 22 автомобили во Јута загинаа осум лица, а уште неколкумина се здобиле со повреди, јавија синоќа американските медиуми. Половината од загинатите се деца.  Немилиот настан се случил на автопат во близина на градот Канош, во централниот дел на Јута, а причина за несреќата била намалената видливост предизвикана од …

Осуммина загинати во верижен судир на автопат во Јута Read More »

Епидемиолог: Се наѕира крајот на епидемијата во Британија


  Епидемиологот Нил Фергусон од јавниот истражувачки Империјал колеџ, тврди дека епидемијата во Велика Британија спласнува. „Од завршување на епидемијата Велика Британија ја делат можеби неколку месеци затоа што вакцините драстично го намалија ризикот од хоспитализација и смрт“, вели Фергусон. Премиерот Борис Џонсон верува дека една од најголемите економии во Европа може повторно да биде …

Епидемиолог: Се наѕира крајот на епидемијата во Британија Read More »

Највисок број на инфекции во Токио од почетокот на епидемијата


Токиските 2.848 дневни инфекции со корона вирус во вторникот беа најголеми во олимпискиот град од почетокот на пандемијата, соопштија официјалните лица, а медиумите објавија дека властите побарале од болниците да подготват повеќе легла за пациентите. Јапонија ги избегна разорните епидемии што ги претрпеа другите држави како Индија, Индонезија и Соединетите Држави, но петтиот бран на …

Највисок број на инфекции во Токио од почетокот на епидемијата Read More »

Хјуман рајтс воч: Израелските злосторства очевидни во војната во Газа


Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч ја обвини денеска израелската армија за извршување напади кои „очевидно претставуваат воени злосторства“ за време на 11-дневната војна во мај против припадниците на движењето Хамас. Меѓународната организација со седиште во Њујорк дојде до таков заклучок истражувајќи три израелски воздушни напади во кои загинаа 62 цивила, нагласувајќи дека „во …

Хјуман рајтс воч: Израелските злосторства очевидни во војната во Газа Read More »

Постигната е целта – вакцинирани 70 отсто од возрасните во ЕУ


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската Унија е постигната и ги повика сите што имаат можност да се вакцинираат за заштита на сопственото здравје и за заштита на другите. „Нашата цел во јули беше да заштитиме 70 проценти од возрасните во …

Постигната е целта – вакцинирани 70 отсто од возрасните во ЕУ Read More »

Екстремна опасност по експлозија во Левекузен


Силна експлозија се слушна денеска во германскиот град Леверкузен. Како што пренесуваат светските медиуми, сведоци велат дека виделе чад, а прогласена е тревога на ниво од „екстремна опасност“. Според „Билд“, наводно дошло до експлозија во фабрика за преработка на отпад. Германските медиуми јавуваат дека упатен е апел до граѓаните да ги затворат вратите и прозорците. …

Екстремна опасност по експлозија во Левекузен Read More »

Нестварни сцени во Италија – град кршеше шофершајбни


Силно невреме проследено со град во понеделникот ги зафати северните региони во Италија. Најсилно било кај градот Парма. За тоа, колку силно било невремето сведочат и стотиците оштетени возила на автопатот Парма – Пјаченца, каде и патот бил затворен на одредено време. https://twitter.com/locatellicharts/status/1419712504540827655?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1419712504540827655%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2021mm%3D07dd%3D27nav_category%3D78nav_id%3D1897079 Од снимките што корисниците на социјалните мрежи ги објавуваат се гледа штетата …

Нестварни сцени во Италија – град кршеше шофершајбни Read More »

Пандемијата значително го намали работното време во ЕУ


Бројот на реално одработените часови во ЕУ е намален за 12 отсто во споредба со претходната година. Тоа го покажуваат податоците на статистичката агенција на ЕУ – Евростат. Според агенцијата, падот може да се објасни со мерките преземени како одгoвор на пандемијата на Ковид-19 кои принудија стотици луѓе да бидат на платено и неплатено отсуство …

Пандемијата значително го намали работното време во ЕУ Read More »

САД со препораки до граѓаните: Не патувајте во Шпанија и во Португалија поради Ковид-19


САД – Американскиот Центар за контрола и превенција на болести и Стејт департментот предупредија дека не треба да се патува во Шпанија, Португалија, Кипар и Киргистан заради зголемениот број на коронавирус инфекции во тие земји. ЦДЦ го зголеми ризикот за патување за овие земји на „ниво четири: многу високо“ и им препорачува на Американците да …

САД со препораки до граѓаните: Не патувајте во Шпанија и во Португалија поради Ковид-19 Read More »