Трамп: Орбан е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е битен


Унгарскиот премиер Виктор Орбан е „фантастичен“ лидер, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во египетското одморалиште Шарм ел Шеик. Во видео објавено на Фејсбук страницата на унгарскиот премиер, Трамп го фали Орбан.  „Тука ја имаме Унгарија. О, Виктор! Го сакаме Виктор. Ти си фантастичен. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене, …

Трамп: Орбан е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е битен Read More »

„Калининград ќе биде уништен за неколку часа“: американски генерал за можната војна на НАТО со Русија


  Вооружените сили на НАТО се способни да уништат руски трупи и воена инфраструктура за неколку часа доколку Москва се обиде да нападне земји од Алијансата, изјави поранешниот врховен командант на американските воени сили во Европа, генарал Бен Хоџис, во интервју за програмата „Вот Так“ на телевизијата Белсат. „Доколку Русија ја нападнеше Полска во 2025 …

„Калининград ќе биде уништен за неколку часа“: американски генерал за можната војна на НАТО со Русија Read More »

Трамп (79) постојано ги споменува усните на својата портпаролка (28)


Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го привлече вниманието со својот необичен коментар за изгледот на портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Тој ја даде изјавата за време на летот на „Ер Форс Уан“, по посетата на Трамп на Израел, каде што учествуваше во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците на Блискиот …

Трамп (79) постојано ги споменува усните на својата портпаролка (28) Read More »

Претседателот на Мадагаскар избега од земјата во страв за неговиот живот


  Претседателот на Мадагаскар, Андри Ражоелина, изјави дека ја напуштил земјата од страв за својот живот по воениот бунт, но не ја објави својата оставка во говорот емитуван на социјалните мрежи доцна во понеделник од непозната локација. 51-годишникот се соочи со недели антивладини протести предводени од генерацијата З, кои достигнаа клучна точка во саботата кога …

Претседателот на Мадагаскар избега од земјата во страв за неговиот живот Read More »

Русија треба да и плати 253 милиони евра отштета на Грузија, реши Судот за човекови права


Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека Русија треба да и исплати 253 милиони евра на Грузија, поради попречување на слободното движење на луѓето во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија.  Русија изврши повеќе прекршоци, вклучително и прекумерна употреба на сила, малтретирање, незаконско притворање и ограничување на секојдневното движење преку административната гранична линија помеѓу …

Русија треба да и плати 253 милиони евра отштета на Грузија, реши Судот за човекови права Read More »

Пентагон воведе ограничувања за новинарите, медиумите се повикуваат на Првиот амандман


Голем број истакнати американски медиуми одбија да се согласат со новата политика на Министерството за војна (Пентагон) за новинарски пропусници, која го ограничува она што акредитираните новинари можат да го објават. Новинарите имаат рок до 17 часот (21:00 GMT) денеска да се согласат со новите упатства, кои беа ревидирани откако првиот нацрт, во кој се …

Пентагон воведе ограничувања за новинарите, медиумите се повикуваат на Првиот амандман Read More »

Зошто Египет е толку важен за мировниот план на Трамп за Газа


Американскиот специјален претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, алудираше на клучната улога на Египет во постигнувањето на договор за првата фаза од планот на претседателот Доналд Трамп за Газа, кога му рече на Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси дека пробивот не би бил можен без неговата поддршка. Египет очигледно повторно се враќа во центарот на вниманието, …

Зошто Египет е толку важен за мировниот план на Трамп за Газа Read More »

Тројца карабинери загинаа, а десет војници се повредени во експлозија во Верона


Тројца карабинери и најмалку десет војници и полицајци се повредени во експлозија што се случи за време на вчерашната полициска операција во село Кастел Д’Акано, во италијанската покраини Верона. Според првичните информации, експлозијата се случила во текот на евакуација на двокатна селска куќа, во која биле три лица. По експлозијата куќата се урнала, затрупувајќи ги …

Тројца карабинери загинаа, а десет војници се повредени во експлозија во Верона Read More »

Стармер: Потпишувањето на мировниот план за Појасот Газа е историски ден


Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер го поздрави вчерашниот „историски ден“, кога клучните држави се согласија со мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа. Стармер, кој присуствуваше на потпишувањето на примирјето во египетското летувалиште Шарм ел Шејк, најави дека Велика Британија ќе има клучна улога во набљудувањето, зачувувањето на примирјето и реформирање …

Стармер: Потпишувањето на мировниот план за Појасот Газа е историски ден Read More »

Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за улогата во постигнувањето на прекин на огнот во Газа


Вашингтон – Поранешните демократски претседатели Џо Бајден и Бил Клинтон синоќа го пофалија актуелниот американски претседател Доналд Трамп за неговиот придонес во постигнувањето на прекин на огнот во војната во Газа, што е редок пример на двопартиско одобрување за републиканскиот лидер. „Го пофалувам претседателот Трамп и неговиот тим за нивната работа да го донесат обновениот договор …

Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за улогата во постигнувањето на прекин на огнот во Газа Read More »

Најмалку 14 загинати при уривање во рудник за злато во јужна Венецуела


Каракас – Најмалку 14 лица загинаа при уривање во рудник за злато во градот Ел Каљао, во јужна Венецуела, како последица на поројните дождови во регионот, соопштија денеска итните служби. Екипите за спасување информираа дека потрагата продолжува и дека телата на загинатите биле пронајдени во три одделни јами на рудникот „Куатро Ескинас де Каратал“. „Првата фаза …

Најмалку 14 загинати при уривање во рудник за злато во јужна Венецуела Read More »

Генерален штрајк во Белгија за квалитетни и сигурни работни места и фер пензии


Брисел – Во организација на трите главни белгиски синдикати денеска во Белгија се одржува еднодневен генерален штрајк против мерките на Владата за поврзани со работничките права и реформите во пензискиот систем.   Во повикот на „обединетиот синдикален фронт“ на Конфедерацијата на христијански синдикати (АЦВ/ЦСЦ), Генералната федерација на трудот на Белгија (АБВВ/ФГТБ) и Генералната конфедерација на …

Генерален штрајк во Белгија за квалитетни и сигурни работни места и фер пензии Read More »

Ердоган кон Мелони: Изгледаш одлично. Но, мора да престанеш да пушиш. Макрон: Невозможно е


На маргините на мировниот самит за Газа во Египет, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, италијанската премиерка Џорџија Мелони и францускиот претседател Емануел Макрон беа снимени како разговараат. „Изгледаш одлично. Но, морам да те натерам да престанеш да пушиш“, ѝ рекол Ердоган на Мелони, според снимките објавени од италијанскиот весник „Ил Фољо“ и други медиуми. Макрон, …

Ердоган кон Мелони: Изгледаш одлично. Но, мора да престанеш да пушиш. Макрон: Невозможно е Read More »

На 21 октомври, Саркози почнува да ја отслужува петгодишната казна затвор во затворот Ла Санте


Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе почне да отслужува петгодишна затворска казна во затворот Ла Санте на 21 октомври, објави денес францускиот РТЛ. Канцеларијата на парискиот обвинител соопшти дека не може ниту да ја потврди ниту да ја негира информацијата на РТЛ. Адвокатите на Саркози не одговорија веднаш на барањето за коментар. Казната е драматичен …

На 21 октомври, Саркози почнува да ја отслужува петгодишната казна затвор во затворот Ла Санте Read More »

По Нобеловата награда: Венецуела ја затвора амбасадата во Осло


Венецуела ја затвори својата амбасада во Осло без да наведе причина, објави во понеделник норвешкото Министерство за надворешни работи, три дена откако Нобеловата награда за мир ѝ беше доделена на лидерката на опозицијата во јужноамериканската земја, Марија Корина Мачадо. „Венецуелската амбасада нè информираше дека ги затвора своите врати, без да наведе причина“, изјави портпаролката на …

По Нобеловата награда: Венецуела ја затвора амбасадата во Осло Read More »

„Неверојатен ден за светот“: Трамп го потпиша мировниот договор за Газа


  По повеќе од две години војна во Газа и заробеништвото на израелски заложници, денес се случи историски пресврт во односите меѓу Израел и Хамас. Сите преживеани заложници беа ослободени од Газа и вратени во Израел, додека во исто време започна размена на палестински затвореници, вкупно 2.000, кои по години поминати во израелските затвори беа …

„Неверојатен ден за светот“: Трамп го потпиша мировниот договор за Газа Read More »

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа


Израелската затворска служба денеска соопшти дека ослободила речиси 2.000 затвореници, претежно Палестинци, како дел од договорот за прекин на огнот во Газа. Службата во соопштението наведува дека „1.968 терористи биле префрлени од неколку затвори низ земјата во затворите Офер и Кзиот“. -По завршувањето на потребните процедури во затворите и одобрението од политичките власти, сите терористи …

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа Read More »

Калас: ЕУ финансира специјален трибунал за кривично гонење на Владимир Путин


Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска во Киев изјави дека Унијата започнала со финансирање на специјален трибунал за кривично гонење на рускиот претседател Владимир Путин и други високи руски функционери за кривично дело агресија против Украина, повикувајќи ги земјите-членки да го сторат истото. „Го основавме овој специјален …

Калас: ЕУ финансира специјален трибунал за кривично гонење на Владимир Путин Read More »

Зеленски: Ќе се сретнам со Трамп во Вашингтон в петок


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон в петок, каде што се очекува двајцата лидери да разговараат за оружје за Киев во војната против Русија, првенствено ракети „Томахавк“ со долг дострел. Во изјава за новинарите во Киев, Зеленски рече дека споделил со американскиот претседател „визија“ …

Зеленски: Ќе се сретнам со Трамп во Вашингтон в петок Read More »

Трамп за пратеникот Виткоф: „Требаше да има разговор 20 минути со Путин, тој остана пет часа“


  За време на својот говор пред израелскиот Кнесет, американскиот претседател Доналд Трамп детално ги опиша средбите на неговиот специјален пратеник Стив Виткоф со Владимир Путин, истакнувајќи дека Виткоф бил целосно неподготвен за разговорите. Според Трамп, тој очекувал средбата да трае не повеќе од дваесет минути, но разговорот во Кремљ се одолговлекувал пет часа. „Му …

Трамп за пратеникот Виткоф: „Требаше да има разговор 20 минути со Путин, тој остана пет часа“ Read More »