Британија: Рускиот напредок последните денови е минимален


Руските сили на сите фронтови, на копно, на море и во воздух, последните денови остварија минимален напредок во својата инвазија на Украина, процени британската разузнавачка служба во последниот извештај. 2Украинскиот отпор останува непоколеблив и добро координиран. Голем дел од украинската територија, вклучително и сите градови и понатаму се во рацете на Украинците“, објави британското министерство […]

„Билд“: Лавров полета за Пекинг, па се врати во Москва


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров синоќа со авион полета за Пекинг, но некаде на половина пат, над Сибир, се врати на аеродромот во Москва, дознава германски „Билд“. Како што наведува весникот, авионот поминал  2.800 километри, пред да се врати на аеродромот. Не е јасно што точно се случило, додава весникот, дали Пекинг можеби […]

Захарова по повлекувањето/протерувањето на Русија од Советот на Европа: Ние не сме вреќа за удирање


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија официјално го напуштила Советот на Европа, бидејќи не сакала да биде „вреќа за удирање“. -Советот на Европа ни ги ограничи правата како членка на организацијата, тие едноставно го направија тоа. Никој нема намера да биде лишен од своите права, да плаќа средства, да […]

Градоначалник на Мариупол: Над 1.000 лица беа засолнети во театарот што беше гранатиран


Повеќе од 1.000 луѓе се засолниле во театарот во опколениот украински град Мариупол, за кој се верува дека бил цел на руско бомбардирање, според градоначалникот Вадим Бојченко. Тој ја објави информацијата на својот канал на Телеграм рано утринава, нарекувајќи го инцидентот „уште една трагедија“, пренесува ДПА. Би-Би-Си истакнува дека со огромни букви на паркинзите од […]

Моравјецки: За мене нема „црвени линии“ во однос на економските санкции кон Русија


 Полскиот премиер Матеуш Моравјецки повика на воведување поостри антируски санкции, изјавувајќи дека за него нема „црвени линии“ кога станува збор за економските санкции кон Русија. -За мене не постојат црвени линии во однос на економските санкции против Русија, изјави Моравјецки во интервју за германскиот весник „Билд“. „Навистина, треба да бидеме доследни и да нема веќе […]

Ослободен градоначалникот на Мелитопол, разменет за деветмина руски војници


уските сили го ослободија градоначалникот на градот Мелитопол, кого го заробија минатата недела, соопшти денеска шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак. Според властите тој бил разменет за деветмина руски војници, заробени во Украина. „Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, е ослободен од руско заробеништво“, објави Јермак на социјалните мрежи. Украина соопшти дека руските […]

Дали Абрамович ќе остане без португалско државјанство?


Португалија – Португалија го заостри законот со кој се доделува државјанство на потомците на сефардските Евреи и кој му дозволи на рускиот олигарх Роман Абрамович да стане државјанин, но промените нема да бидат ретроактивни, рече министерот за надворешни работи во средата. Милијардерот доби португалско државјанство минатата година врз основа на законот од 2015 година кој […]

„Мета“ отстрани лажно видео каде Зеленски повикува на капитулација


САД– Службата за безбедносни протоколи на „Мета“, компанијата што е сопственик на платформите „Инстаграм“ и „Фејсбук“, соопшти дека била забележана и избришана лажна видео-порака во која украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги повикува украинските војници на капитулација. Лажното видео најверојатно е направено со помош на т.н. „дип фејк“ технологија што доколку биде потврдено ќе биде првиот […]

СБ на ОН денеска ќе одржи итна седница, посветена на хуманитарната криза во Украина


САД – За денеска е закажана итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се договорат потезите поврзани со растечката хуманитарна криза во Украина. САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Норвешка и Албанија побараа итен состанок, соопштија дипломатски извори, поттикнати од интензивното гранатирање кое го вршат руските сили во станбените области на украинските градови […]

Бајден го нарече Путин „воен злосторник“


Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја започна врз Украина. Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако Русија почна со инвазија врз Украина. „Тој е воен злосторник“, изјави Бајден пред новинарите во обраќањето во Белата куќа. Тој, исто така, го обвини […]

ЕСЧП го суспендира разгледувањето на сите обвиненија против Русија


 Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) вечерва соопшти дека одлучил да го прекине испитувањето на сите обвиненија против Русија додека не ги разгледа правните последици врз неговата работа порди исклучувањето на земјата од Советот на Европа. Судот со седиште во Стразбур ја донесе одлуката откако Комитетот на министри на Советот на Европа рано денеска ја […]

Се јави Путин: Завршува обидот на Западот да има глобална доминација


  Владимир Путин денеска изјави дека „обидот на Западот да има глобална доминација“ е при кра и предупреди се обидува да ја „одложи Русија“ со „економски блицкриг“ од санкции. Рускиот претседател, зборувајќи на телевизиски владин состанок во Москва, рече дека држењето на Русија под контрола е долгорочна политика на Западот и дека неговите економски мерки […]

Циркус на руска телевизија: Се бара назад Алјаска, требало да се бесат Украинци, Русија треба да го земе и Антарктик


  Пратеник во рускиот парламент побара компензација од САД за строгите економски санкции што Западот ги воведе кон Русија по инвазијата на Украина. Меѓу другото, тој ги побара Алјаска и Калифорнија. Алјаска и населбата Форт Рос во Калифорнија (на север од Сан Франциско), всушност, биле дел од Руската империја во 18 и 19 век пред […]

Земјотрес од 7,3 по Рихтер ја погоди Јапонија, предупредување за цунами


Земјортерс со интензите од 7,3 степени по Рихтеровата скала го погоди источниот дел од Јапонија. Издадено е предупредување за можно цунами. Односно се предупредува на бранови високи 1 метар во префектурите Фукушима и Мијаги.  Се бара од грашаните да се качќат на повисоки места за да го избегнат ударот.  Инаку, земјотресот бил на длабочина од […]

Виена со 124 милиони евра ги поддржува граѓаните поради растот на цените на енергенсите


  Цените на струјата и на гасот изминатите месеци значително пораснаа низ Европа. За да се намали ударот на страндардот на грашаните поради поскапувањето на енергенсите, главниот град на Австрија одлучи да донесе пакет мерки за помош во висина од 124,3 милиони евра, Со тоа австриската престолнина сака значително да ги растовари граѓаните погодени од […]

Во САД идентификувано девојче кое исчезнало пред 60 години


По шест десетлетија, исчезнато американско девојче познато како „Малата госпоѓица Никоја“ (Little Miss Nobody) конечно доби име. Канцеларијата на шерифот на Округот Јавапај, Аризона, САД, одржа прес-конференција на којашто објави дека со ДНК-технологија, го идентификувале претходно непознатото девојче, чии останки се пронајдени во пустината во Аризона, 1960 година. Нејзиното име било Шерон Ли Галегос. – Во 1960, […]

Обраќање на Зеленски пред Конгресот, ја спореди војната со 11 Септември (ВИДЕО)


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето обраќање пред американскиот Конгрес, го спореди ужасот од руската војна во неговата земја со Перл Харбор и нападите од 11 септември. „Ова е терор што Европа не го видела, не го видела 80 години“, рече Зеленски. Зеленски му се обрати на американскиот претседател Џо Бајден дека да се […]

Бајден размислува за испорака на противтенковски беспилотни летала – камикази за Украина


Американскиот претседател Џо Бајден размислува за испраќање американски противтенковски беспилотни летала – камикази „Switchblade“ во Украина, како дел од одбранбениот пакет од една милијарда долари, чија цел е да одговори на барањата за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави МејлОнлајн. Малите, лесни и релативно евтини оружја – камикази, кои всушност претставуваат бомби со далечински […]

Истрага во Португалија како Роман Абрамович добил тамошно државјанство


  По Европските и британските санкции во Португалија е отворена истрага како на рускиот олигарх му беше доделено португалско државјанство. Отворена е дисциплинска постапка против вработените вклучени во процесот, објави во вторникот новинската агенција Луса. На рускиот милијардер му беше доделено португалско државјанство во април 2021 година врз основа на закон кој нуди натурализација на […]

Украинците масовно веруваат дека ќе победат, 80 отсто учествуваат некако во одбраната


 Според истражувањето спроведено од Социолошката група „Рејтинг“ од 8 до 9 март, 91% од Украинците имаат надеж кога размислуваат за ситуацијата во Украина и дури 92%  веруваат дека можат да ги одбијат руските напади со кои се соочуваат. Само 6% се чувствуваат безнадежно.  Исто така,  57% од испитаниците веруваат дека Украина може да ја добие […]