Америка очекува Русија да ја нападне Украина во февруари, кога ќе замрзне земјата


  Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден го предупредил украинскиот претседател во четвртокот дека постои „изразита можност“ Русија да преземе воена акција против Украина во февруари. Кремљ исто така се огласи со мрачна нота, велејќи дека гледа „малку основа за оптимизам“ во решавањето на кризата откако САД оваа недела повторно ги отфрлија главните барања …

Америка очекува Русија да ја нападне Украина во февруари, кога ќе замрзне земјата Read More »

По рекордниот број новозаразени, Полска враќа дел од учениците на онлајн настава


Постарите ученици во Полска се враќаат на учење од далечина откако земјата објави рекорден пораст на случаи на новозаразени со коронавирус, втор ден по ред. Во изминатите 24 часа бројот на заболени е зголемен за 57.659, соопшти Министерството за здравство. Во истиот период во Полска, која има 38 милиони жители, починале 262 лица. Министерството за …

По рекордниот број новозаразени, Полска враќа дел од учениците на онлајн настава Read More »

Финска порано од планираното ќе почне со олабавување на рестрикциите воведени поради Ковид


Финска ќе почне постепено да ги ублажува ограничувањата наметнати поради Ковид-19 веќе на 1 февруари наместо во средината на февруари, како што беше првично планирано, во услови на забележано растоварување на болничкиот систем, соопшти синоќа Владата. На 18 јануари, премиерот Сана Марин објави дека Финска ќе почне со олабавување на мерките од средината на следниот …

Финска порано од планираното ќе почне со олабавување на рестрикциите воведени поради Ковид Read More »

Петти обид на италијанскиот Парламент да избере претседател на државата


Италијанскиот Парламент денеска, во петти обид, ќе се ангажира да избере нов претседател. Премиерот Марио Драги се уште е кандидат за претседател, но неговите изгледи се избледени оваа недела бидејќи многу пратеници не сакаат да го поддржат, стравувајќи дека каква било промена на владата може да предизвика предвремени избори. Матео Салвини, лидер на десничарската Лига, …

Петти обид на италијанскиот Парламент да избере претседател на државата Read More »

Жестока дебата во Франција: Дали невакцинираните имаат право на бесплатно лекување


Шефот на болничкиот систем во Париз предизвика жестока дебата за тоа дали луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19 треба да продолжат да добиваат бесплатно болничко лекување, јавија француските медиуми. Францускиот здравствен систем го покрива лекувањето на сите пациенти примени на одделенијата за интензивна нега, при што трошоците за еден ден престој во такво …

Жестока дебата во Франција: Дали невакцинираните имаат право на бесплатно лекување Read More »

Канадскиот премиер Трудо во изолација по контакт со заразено лице со Ковид


Премиерот на Канада Џастин Трудо се изолирал откако дознал дека бил во контакт со лице заразено со Ковид-19. Информацијата ја објави Трудо на својот Твитер профил. „Синоќа дознав дека сум бил во контакт со лице заразено со Ковид-. Резултатот од мојот брз тест беше негативен. Ги следам упатствата на Одделот за здравство во Отава и …

Канадскиот премиер Трудо во изолација по контакт со заразено лице со Ковид Read More »

Бундестагот пренасочува милијарди евра за борба против пандемијата кон зелени проекти


Германскиот Бундестаг одлучи да пренасочи милијарди евра во буџетот одобрен лани како заеми за пандемијата, но кои не мораа да се користат, јави ДПА. Наместо тоа, средствата ќе се пренасочат на инвестирање во јаглеродна неутралност и дигитализација, според ребалансот на буџетот за 2021 година, претставен од министерот за финансии Кристијан Линднер. Тој потег предвидува неискористените …

Бундестагот пренасочува милијарди евра за борба против пандемијата кон зелени проекти Read More »

Советот за безбедност на ОН в понеделник ќе расправа за Украина


САД испратија барање за свикување средба на Советот за безбедност на ОН за Украина на 31 јануари, соопшти американската мисија во ОН. Сега е потребно целосно внимание на Советот и очекуваме директна и продуктивна дискусија в понеделник“, се вели во соопштението. Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил …

Советот за безбедност на ОН в понеделник ќе расправа за Украина Read More »

СЗО: Над 360 милиони потврдени случаи на заразени со Ковид-19 во светот


Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 360 милиони, а бројот на починати – 5,62 милиони, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците што ги објави синоќа, досега се регистрирани 360.578.392 заразени и 5.620.865 починати. Во изминатите 24 часа бројот на заболени е зголемен за 3.395.352, а на починати за 10.176. Рекорден …

СЗО: Над 360 милиони потврдени случаи на заразени со Ковид-19 во светот Read More »

Шведска ќе гради подземен склад за радиоактивен отпад


Шведската Влада денеска ја одобри изградбата на подземно складиште за радиоактивен отпад, за кое тврди дека ќе биде безбедно во следните 100.000 години. Складирањето на нуклеарниот отпад е глобален проблем од отворањето на првите нуклеарни централи во 1950-тите и 1960-тите. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека ширум светот привремено се складирани околу 370.000 …

Шведска ќе гради подземен склад за радиоактивен отпад Read More »

„Модерна“ почна тестирања врз луѓе за вакцина против ХИВ


Во САД почнаа првите испитувања врз луѓе за вакцина против ХИВ со помош на РНК информатичката технологија, соопштија денеска американската биотехнолошка компанија „Модерна“ и меѓународната истражувачка организација за СИДА „Иницијатива за вакцина против СИДА“. Тестирањата во прва фаза ќе се спроведат во САД, врз 56 возрасни лица со добро здравје и кои се серонегативни. Иако …

„Модерна“ почна тестирања врз луѓе за вакцина против ХИВ Read More »

Бајден ќе ја номинира првата црна жена за член на Врховниот суд


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе ја номинира првата црна жена во историјата на САД за член на Врховниот суд, обраќајќи и се на нацијата поради пензионирањето на либералниот судија Стивен Брејер. „Не донесов никаква одлука освен дека личноста што ќе ја номинирам ќе биде личност со исклучителни квалификации, карактер, искуство и интегритет. И …

Бајден ќе ја номинира првата црна жена за член на Врховниот суд Read More »

ЕМА го одобри лекот против Ковид на Фајзер за пациенти со висок ризик


Регулаторот на Европската унија за лекови денеска го одобри лекот против Ковид-19 на Фајзер за лекување возрасни лица изложени на ризик од тешка болест. Условното одобрување на Европската агенција за лекови (ЕМА) им дозволува на земјите-членки на ЕУ да го воведат лекот откако регулаторот даде упатства за негова итна употреба кон крајот на минатата година. …

ЕМА го одобри лекот против Ковид на Фајзер за пациенти со висок ризик Read More »

Бербок во Бундестагот ја бранеше одлуката на германската Влада да не испраќа оружје во Украина


Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска силно го поддржа германското одбивање да се испрати оружје во Украина за одбрана од можната руска агресија. Неподготвеноста на Германија да се приклучи на другите членки на НАТО, како што се САД, Велика Британија и балтичките земји, предизвика чудење кај сојузниците и фрустрација кај прозападната украинска Влада во …

Бербок во Бундестагот ја бранеше одлуката на германската Влада да не испраќа оружје во Украина Read More »

Шведска не препорачува вакцина против Ковид-19 за деца на возраст од 5 до 12 години


Шведска одлучи да не ја препорачува вакцината против Ковид-19 за деца на возраст меѓу 5 и 12 години, објави денеска Шведската здравствена агенција.   „Со знаењето што го имаме денес за малиот ризик од тешко заболување кај децата, не гледаме јасна корист од нивна вакцинација“, рече на прес-конференција службеничката на агенцијата Брита Бјоркхолм.   Таа …

Шведска не препорачува вакцина против Ковид-19 за деца на возраст од 5 до 12 години Read More »

Русија ја остави вратата отворена откако Запад ги одби нејзините барања


  МОСКВА – Русија во четвртокот рече дека е јасно оти Соединетите Држави не се подготвени да ги адресираат нејзините главни безбедносни проблеми, но ја држат вратата отворена за понатамошен дијалог во нивниот ќор-сокак околу Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва, која ги трупа своите сили во близина на Украина, нема да …

Русија ја остави вратата отворена откако Запад ги одби нејзините барања Read More »

Засилувачката доза може да ги намали хоспитализациите поради Ковид-19 во Европа до 800.000


Засилувачката доза на вакцините против Ковид-19 може да ги намали идните хоспитализации во Европа за најмалку половина милион, соопшти денеска Агенцијата за јавно здравје на Европската унија, иако варијантата омикрон се шири многу брзо.   – Сегашната примена на бустер дози постигната до почетокот на јануари може да го намали болничкиот прием на пациенти инфицирани …

Засилувачката доза може да ги намали хоспитализациите поради Ковид-19 во Европа до 800.000 Read More »

Будимпешта ја условува помошта за Киев со почитување на правата на унгарското малцинство во Украина


  Ако Украинците не отстапат од својата антималцинска политика, тоа многу ќе ја ограничи способноста на унгарската влада да обезбеди секаков вид поддршка, дури и во овој конфликт, рече министерот за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за провладиниот весник „Маѓар немзет“. во средата (26 јануари), објави „Телекс“. Будимпешта и Киев се затворени во кавга …

Будимпешта ја условува помошта за Киев со почитување на правата на унгарското малцинство во Украина Read More »

Грчката снежна бура стигна до Израел – обилен снег во Ерусалим


Во Ерусалим падна обилен снег во четвртокот, како и во северен Израел и на бреговите на окупираниот Западен брег, поради што затворени се патишта и училишта. Обилен снег во овој град е реткост, а најмногу му се израдуваа децата, кои излегоа надвор. Паднаа 20 см снег, пренесуваат израеслките медиуми. Нема училиште Абед Шабани (39), кој …

Грчката снежна бура стигна до Израел – обилен снег во Ерусалим Read More »

Австриец се заканувал дека ќе убие невакцинирани луѓе


Еден 47-годишен жител на австрискиот град Велс преку социјалните мрежи се заканувал дека ќе ги убие сите невакцинирани луѓе. Според полициското соопштение, тој за да ја потенцира својата закана се сликал со пиштол и фотографијата ја поставил покрај заканувачката порака. На распитот тој изразил жалење поради заканата поставена на социјалните мрежи. Тој истакнал дека е …

Австриец се заканувал дека ќе убие невакцинирани луѓе Read More »