Русија и Украина ги продолжуваат мировните преговори


Се очекува денеска да се сретнат делегациите на Украина и Русија на нова рунда преговори, јави ДПА. Двата преговарачки тима сакаат дискусиите, што ќе се водат преку видео врска, да започнат утрово. Според Михаило Подолјак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски „работните групи од двете страни работат интензивно“. Последните украинско-руски разговори на високо ниво се […]

Моментално мала е надежта за мирно решение во Украина, вели амбасадорката на САД во ОН


Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека во моментов мала е надежта дека преговорите би можеле да донесат окончување на војната во Украина. Таа смета дека мали се шансите за пресврт. „Ги поддржавме преговорите што Зеленски се обиде да ги одржи со Русија, велам се обиде затоа што се чини преговорите се еднострани, […]

 Бајден ќе ја посети Полска, Белата куќа негира планови за посета на Украина


Американскиот претседател Џозеф Бајден в петок ќе отпатува за Полска на разговори со полскиот претседател Анджеј Дуда посветени на украинската криза, соопштои Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека Бајден ќе отпатува во Полска за да разговара за „хуманитарната криза и кризата во човековите права создадени од неоправданата, неиспровоцирана војна на Русија […]

ЕУ разгледува нови санкции, па и нафтено ембарго кон Москва


Владите на државите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за воведување ембарго на нафта кон Русија поради инвазијата врз Украина. Европските лидери оваа седмица ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден на серија средби посветени на западните санкции против Москва. ЕУ веќе воведе серија рестриктивни мерки против Москва, вклучително и замрзнување на средствата на […]

Зеленски: Ерусалим е вистинското место за преговори


Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим. Зеленски во видео обраќање до граѓаните ги пофали напорите на израелскиот премиер Нафтали Бенет да ја преземе улогата на посредник. Тој изјави дека Израел вложува многу напори за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина. […]

Португалските острови ги погодија 90 земјотреси за 24 часа


Властите на португалските Азорски Острови се во дополнителна готовност, откако 90 помали земјотреси го погодија островот Сао Хорхе во Атлантскиот Океан за 24 часа, иако нема извештаи за причинета материјална штета. Последен пат вулканот Урзелина на Сао Хорхе исфрли лава во 1808 година, а Цивилната заштита на Азорските Острови побара мислење од експерти од регионалниот […]

Русија постави рок за предавање на Мариупол


Русија – Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина има рок до утре во раните утрински часови да даде одговор за предавање на Мариупол, објавија западните медиуми, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости. Од 10 до 12 часот по локално време, руската страна предлага да се организира излез на украинските војници и странските платеници без […]

Џонсон вети континуирана воена поддршка за Украина


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја продолжи воената поддршка за Украина во денешниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Премиерот ја истакна тековната посветеност на Велика Британија да работи заедно со меѓународните партнери за да ја координира поддршката за зајакнување на самоодбраната на Украина, се наведува во соопштението на Даунинг […]

Покајнички исповеди на заробени руски војници: „Путин е лажго и измамник“


  Руски војници кои беа заробени од украинските сили го повикаа својот народ да се крене против претседателот Владмир Путин и тврдеа дека нивните убиени колеги војници се закопуваат  во масовни гробници. Група руски војници зборуваа против нивната влада за време на прес-конференцијата со новинската агенција Интерфакс-Украина, велејќи им на сограѓаните да „не гледаат во […]

Дел од работниците ја напуштија нуклеарката Чернобил, ги заменија доброволци


Украина– Дел од работниците на неоперативната нуклеарна централа Чернобил денеска го напуштија објектот по повеќе од три недели, јави Би Би Си. Вкупно 64 работници заминаа дома, а нив ги заменија 46 доброволци. Околу 200 работници и припадници на Украинската национална гарда беа блокирани во нуклеарната централа од 24 февруари, првиот ден од војната, кога […]

Влезот на Финска во НАТО може да ги зголеми тензиите


Финска– Финскиот претседател Саули Нинисто предупреди дека аплицирањето на неговата земја за членство во НАТО би претставувало „голем ризик“ што може да ги зголеми тензиите во Европа и дека Финска бара начини да ја подобри безбедноста по рускиот напад врз Украина. Тој истакна дека членството во НАТО е една од двете главни алтернативи на Финска […]

Човечки бран на тага: 750.000 луѓе на погребот на ултраортодоксен рабин на Израел


  Масовни толпи денеска ги преполнија улиците на еден израелски град за да присуствуваат на погребот на еден од најистакнатите ултраортодоксни рабини во земјата. Рабинот Хаим Каниевски, кој беше еден од највлијателните учители во верската заедница на Израел, почина во петокот на 94-годишна возраст. Рабинот беше погребан на Бнеи Брак, претежно ултраортодоксниот град во близина […]

Нови мерки против Русија доколку употреби хемиско оружје


САД– Русија ќе се соочи со дополнителни мерки од САД доколку употреби хемиско оружје при нападите врз Украина, предупреди денеска американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд. – Русите се тие кои употребувале хемиско оружје и ние сме загрижени дека би можеле да го употребат истото оружје и во Украина. Бевме јасни дека ако ескалираат […]

Зеленски со ново видео: Ќе победиме и ќе бидеме „големи“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека ако неговата земја бeше примена во НАТО, тогаш Русија немаше да ја нападне земјата. „Да бевме членка на НАТО, војната немаше да започне. Би сакал да добијам безбедносни гаранции за мојата земја, за мојот народ“, изјави Зеленски за Фарид Закарија на Си-Ен-Ен, додавајќи дека е благодарен за […]

Супермаркети во Белгија ја ограничија продажбата на брашно и масло


Белгија – Синџирите супермаркети „Колорајт“ и „Лидл“ во Белгија ја ограничија продажбата на брашно, масло и конзервиран зеленчук поради големата побарувачка. Додека двете компании напоменуваат дека станува збор за „превентивна мерка“ и дека „нема недостиг“, потрошувачите во „Колорајт“ засега можат да купат најмногу две пакувања од секаков вид масло и брашно, додека во „Лидл“ е ограничена […]

Мики Рурк вели дека војната меѓу Русија и Украина е „кошмарен вид на сценарио“


САД- Актерот и поранешен боксер Мики Рурк зборува за руско-украинската војна, нарекувајќи ја „кошмарен вид на сценарио“ во ексклузивно интервју за Fox News Digital, и истакнува дека се моли на Бога рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на тоа.  „Уживав во Русија“, изјави Рурк за Fox News Digital за посетата на земјата пред четири […]

Досега 10 милиони луѓе ја напуштиле Украина


Швајцарија – Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Филипо Гранди објави дека досега 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина, како резултат на руската воена операција, што е повеќе од една четвртина од нејзиното население. – Меѓу одговорностите на оние кои се во војна, насекаде низ светот, е и страдањето на цивилите […]

Убиен и заменик-командантот на Црноморската флота на Русија


  Украина денеска соопшти тврди дека нејзините сили го убиле заменик-командантот на руската Црноморска флота. Капетанот од прв ранг Андреј Палиј (51) е единствениот висок поморски офицер наводно убиен во војната во Украина, а Киев тврди дека украинските сили убиле и пет армиски генерали. Палиј е роден во Киев, а во 1993 година одби да […]

Руски тенк гранатираше дом за стари и изнемоштени лица


Руски тенк гранатираше дом за стари и изнемоштени лица во градот Кремина во источниот дел на Украина, истакна шефот на воената цивилна управа во Луганск, Сергеј Хаидаи, јави Би Би Си. Тој на платформата Телеграм напиша дека руските сили „цинично и намерно“ отвориле оган, при што загинале 56 луѓе. Хаидаи тврди дека 15-те преживеани биле […]

Гаф на Џонсон, ги спореди Украинците со поддржувачите на Брегзит


   Британскиот премиер Борис Џонсон беше жестоко критикуван, вклучително и во неговите конзервативни кругови, за споредување на борбата на Украинците против руската инвазија со Британците кои гласаа за Брегзит затоа што „ја избраа слободата“. Во говорот вчера на конгресот на Конзервативната партија во Блекпул, на северот на Англија, Џонсон рече: „Инстинктот на луѓето во оваа […]