Француски тим ќе ги испитува тврдењата за воени злосторства во Украина


Украина– Француски тим пристигна во Украина за да им помогне на локалните истражители да ги разгледаат наводите за воени злосторства околу главниот град Киев. Веста на Твитер ја објави францускиот амбасадор Етјен де Понсинс, кој нагласи дека ова е првата странска единица која нуди ваква поддршка. Тврдењата за убиства на цивили во Буча предизвикаа минатата недела предизвика […]

„Директна, отворена и тешка“ средба меѓу австрискиот канцелар и Путин


  Австрискиот канцелар Карл Нехамер вели дека неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин била „директна, отворена и тешка“, според Ројтерс. Во изјавата по средбата – која наводно траела околу 90 минути – Нехамер вели дека тоа не била пријателска посета и дека целта била да не се остави неоткриен камен во барањето крај на […]

Пропаднатата држава на Путин


Неодамнешните успеси на Украина во одбивањето на руските сили ја истакнаа склерозата на наводно застрашувачката руска војска. Обложувајќи се на војна и освојување, режимот на Владимир Путин сега е политички банкротиран, претседавајќи со модерна Спарта која не може ни да победи на бојното поле. Војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина беше разоткриена како […]

Грузија и Молдавија ги добија прашалниците за членство во ЕУ


Грузија и Молдавија ги добија прашалниците за пристапување во Европската унија, што претставува важен момент со кој се означува почеток на долгиот процес до полноправно членство. Прашалниците ги добија од комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји, јави ДПА. Документот е „првиот чекор на вашиот европски пат“, му рече Вархеји на грузискиот министер за надворешни […]

Денеска ќе биде последната битка за Мариупол, снемавме муниција, вели Украина


  Украинските сили велат дека се подготвуваат за „последна битка“ за контрола на опколениот јужен украински пристанишен град Мариупол, пренесува АФП. Во соопштението на Фејсбук, 36-та поморска бригада на украинските вооружени сили рече: „Денеска најверојатно ќе биде последната битка, бидејќи муницијата е при крај“. Откако го бранеа пристаништето 47 дена и направија „сѐ што е […]

Германскиот весник „Велт“ ја ангажираше руската новинарка што протестираше против војната


  Новинарката која имаше антивоен протест за време на најгледаната руска информативна програма е ангажирана од германскиот весник „Велт“. Марина Овсјаникова се најде на насловните страници откако истрча во живо на емисијата „Времја“ на Канал 1, држејќи табла на која пишуваше: „Не војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“. Таа беше […]

Кремљ: Приемот на Шведска и Финска во НАТО нема да ѝ донесе стабилност на Европа


 Евентуалниот прием на Шведска и на Финска во НАТО, нема да ѝ донесе стабилност на Европа, соопшти денеска Кремљ. – Во повеќе наврати рековме дека северноатлантската Алијанса останува оружје насочено кон конфронтација и дека нејзиното натамошно ширење нема да му донесе стабилност на европскиот континент, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање за […]

Саудиска Арабија: Верници од странство можат да заминат на аџилак во Мека


Саудиска Арабија – Саудиска Арабија оваа година ќе дозволи до милион луѓе да се приклучат на аџилак во Мека, по две години строги ограничувања поради Ковид-19, објавија саудиските државни медиуми. За аџиите во Мека оваа година важи правилото дека мора да бидат помлади од 65 години и целосно вакцинирани против коронавирусот, соопштија властите во Ријад. На […]

Интервју на сопругата на Зеленски за „Вог“: Сите ние сме прво Украинци


  Олена Зеленска, сопругата на претседателот на Украина, даде интервју за британскиот магазин „Вог“. Во него таа се сеќава на она што го правела на почетокот на војната, раскажува како украинските градови ја доживуваат блокада и повикува да се затвори небото над Украина. Независниот руски веб-сајт „Медуза“ го прераскажува ова интервју. Еве делови од него. […]

Германска министерка призна дека лажела – се извини


  Министерската за прашања за семејството во германската влада Ен Шпигел призна дека лажела за одморот за време на поплавите од минатата година. Шпигел ги замоли граѓаните да ѝ простат што непосредно по катастрофалните поплави во 2021 година кога имала должност како министер за екологија на покраината Рајнланд-Фалц, отишла на четворонеделен одмор. Како причина за […]

Опаѓа бројот на Украинци кои влегуваат во Полска, расте бројот на повратници во Украина


Од почетокот на војната во Украина во Полска влегле 2.675.000 лица, соопшти денеска Полската погранична стража. Бројот луѓе што ја минуваат границата со Полска последните седмици значително опадна, додека расте бројот на оние што се враѓаат во Украина. Во текот на вчерашниот ден во Полска влегле 28.500 лица, два отсто помалку споредбено со саботата. Тоа […]

Русија тврди дека уништила четири ракетни системи „С-300“ и соборила два авиони


  Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили уништиле четири противвоздушни системи „С-300“ кои Украинците ги добиле од Европа. Москва уверува дека крстосувачките ракети „Калибар“ уништиле дури четири системи „С-300“ скриени во хангар во близина на градот Днипро во источна Украина. Во нападот загинале 25 украински војници. Русија не прецизираше која европска земја ги […]

(Видео) Паника во Њујорк – граѓани бегаа по „Тајмс сквер“


  Групи преплашени туристи и граѓани на Њујорк бегаа по „Тајмс сквер“ откако поради по три пожари во шахтите се случија силни експлозии. Причината за експлозиите на шахтите не е позната, но во 43 Западна улица надлежните по експлозиите открија зголемено ниво на јаглерод моноксид. Manhole explosion causes mass panic in New York's Times Square; […]

Елитната вечера во Вашингтон стана алармантна – 72 заболени од Ковид-19


Седумдесет и две лица беа позитивни на „Ковид-19“ откако присуствуваа на вечерата Гридирон во Вашингтон минатиот викенд, вклучително и членови на администрацијата на Бајден и новинари. Претседателот на клубот Гридирон, Том Дефранк, во неделата рече дека групата пријавила 72 случаи од стотиците луѓе што присуствувале. Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, кој исто така беше на […]

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус


Германската агенција ДПА јави дека рокот на употреба на повеќе од десет милиони дози вакцини ќе истече до крајот на јуни, а до крајот на третиот квартал оваа бројка ќе достигне 50 милиони. Германија нарача 677 милиони дози вакцина за периодот 2021-2023 година, вклучително и повеќе од 375 милиони вакцини на БиоНТек /Фајзер. Германското Министерство […]

Две жртви и 10 ранети при пукање во ноќен клуб во Сидар Рапидс, во САД


При пукање во преполн ноќен клуб во Сидар Рапидс во американската држава Ајова, две лица загинаа, а 10 се ранети, соопштија локалните власти. Шефот на полицијата во градот, Вејн Џерман изјави дека според истражителите, двајца мажи пукале од автоматско оружје во ноќен клуб околу 1.30 часот по локално време. Како што тој појасни, полицајците, кои […]

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за поголема помош за Украина


Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ денеска во Луксембург разговараат за дополнителни опции за поддршка за Украина. На маса, меѓу другото, е и предлогот на еврокомесарот за надворешни работи Жозеп Борел да се обезбедат дополнителни 500 милиони евра за испорака на оружје и друга воена опрема. Веројатно на состанокот ќе се зборува за […]

Едно лице загина, а 17.000 ги напуштиле домовите по налетот на тропската бура Меги на Филипини


Најмалку едно лице загина, а повеќе од 17.000 мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од првата тропска бура на Филипините оваа година. Тропската бура Меги, локално наречена Агатон, во неделата го погоди источниот брег на земјата, а обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во погодените области. […]

Анкета на Ипсос: Во вториот круг Макрон би добил 54 наспроти 46 отсто гласови за Марин Ле Пен


Франција–  Според првичната анкета објавена од Ипсос Сопра Стериа за Франс телевизион, Радио Франс, Франс 24, РФИ-МЦД, Публик Сенат-ЛЦП Асачбле насионал и Паризиен журдуи, во вториот круг Емануел Макрон би добил 54, наспроти 46 отсто од гласовите за Марин Ле Пен, јави дописникот на МИА. Анкетата е спроведена синоќча со репрезентативен, но ограничен примерок од 1.172 лица. Претседателот во заминување […]

Тајмс: Финска и Шведска најверојатно летово ќе му се приклучат на НАТО


Финска/Шведска– Лондонскиот весник „Тајмс“ објави дека Финска и Шведска се чини дека ќе се приклучат на НАТО уште ова лето, пренесе ДПА. Русија направи „голем стратешки гаф“, пишува весникот, цитирајќи американски официјални претставници. Официјалните претставници додадоа дека членството во НАТО за двете земји беше „тема на разговор и повеќекратни сесии“ за време на разговорите меѓу […]