Украина со дрон уништи руски десантен брод кај Змискиот остров (Видео)
Украина денеска прикажа видео во кое се тврди дека со беспилотно летало е погоден руски десантен брод кој доставувал противвоздушен ракетен систем TOR на Змискиот остров.
Се чини дека снимката покажува уништување на голем десантен брод од типот „Серна“ во воздушен напад.
„Непријателските единици кои остануваат на Змискиот остров остануваат без воздушно покривање и ќе бидат уништени и изгорени како бубашваби или скакулци“, изјави украинскиот функционер Антон Герашченко.
Други извештаи велат дека леталото било погодено од удар од украински воен дрон „Бајрактар ТБ2“.

Црно-белите снимки покажаа мали човечки фигури кои се движат наоколу на десантниот брод неколку моменти пред да го зафати бел блесок. Фигурите продолжуваат да се движат наоколу крај бродот откако ќе биде погоден.
На снимката се гледа и напад на зграда на Змискиот остров. Се чини дека рускиот персонал патролира околу зградата кога и таа е разнесена од небото.
Снимката од ударот на бродот не е датирана. Класата „Серна“ – руска ознака „Проект 11770“ – е тип на десантен брод конструиран за руската морнарица. Дванаесет бродови биле изградени помеѓу 1994 и 2014 година.