Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, деветмина загинаа


  Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, при што деветмина загинаа, а еден се здобил со тешки повреди. За време на вежбата која се одвивала во неделата наутро во пештерата Дуас Бокус паднал еден нејзин дел и десетимина останале заробени. Бразилското министерство за безбедност соопшти дека во тој момент на …

Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, деветмина загинаа Read More »

„Дали мислите дека премиерот на Австралија ве излажа“; „Не мислам, знам“: Макрон за потегот на Морисон околу подморниците


Францускиот претседател Емануел Макрон го обвини австралискиот премиер Скот Морисон дека го лажел додека тајно преговарал за договор за подморници со САД и Велика Британија и дека треба многу да се направи за да се обезбеди взаемна доверба во иднина јави Си-Ен-Ен. На прашањето на австралиски новинар дали мисли дека Морисон го излажал, Макрон одговори …

„Дали мислите дека премиерот на Австралија ве излажа“; „Не мислам, знам“: Макрон за потегот на Морисон околу подморниците Read More »

Во Мексико од 2000 година убиени се над 130 новинари


Во Мексико во изминатите четири дена убиени се двајца новинари, изјави претставникот на  Комитетот за заштита на новинари, Алберт Хутсен. Тој додаде дека фоторепортерот Алфредо Кардосо, кој беше хоспитализиран откако беше застрелан во Акапулко, починал. Во соопштението на Обвинителството се наведува дека Кардосо, кој работел на информативен портал, бил префрлен во болница откако бил пронајден …

Во Мексико од 2000 година убиени се над 130 новинари Read More »

Вашингтон Пост: ФБИ не реагирал на дојавите за насилство во Капитол


Федералното истражно биро (ФБИ) и други клучни американски агенции за спроведување на законот не одговорија на плејадата совети и други информации пред 6 јануари, што сигнализираа дека тој ден може да се случи потенцијално насилен настан во Капитол, покажуваат документите објавени од Вашингтон Пост. Според весникот „документите на внатрешното биро“ вклучувале информации добиени од официјални …

Вашингтон Пост: ФБИ не реагирал на дојавите за насилство во Капитол Read More »

Потрага по La Dolce Vita? Лидерите на Г20 фрлаа паричка во фонтаната Треви во Рим


Италија– Светските лидери вчера фрлаа парички  во римската фонтана Треви – некои несомнено бараат среќа – според традицијата за посетителите на италијанскиот главен град која датира од пред стотици години. Легендата вели дека ако фрлите паричка со десната рака преку левото рамо во фонтаната, ќе се вратите во Рим. Повеќето од лидерите кои позираа на …

Потрага по La Dolce Vita? Лидерите на Г20 фрлаа паричка во фонтаната Треви во Рим Read More »

(Видео) Силен земјотрес во Токио


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер го погоди Токио во Јапонија, но не е објавено предупредување за цунами. Епицентарот на потресот бил во префектурата Ибараки, на длабочина од 60 километри, пренесе Кјодо. Засега нема податоци за евентуална материјална штета, констатира Ројтерс.

Лидерите од светот пристигнуваат во Глазгов на самит за спас на Земјата


„Јаглен, автомобили, пари и дрвја“, британскиот премиер Борис Џонсон ги сумираше главните теми на Конференцијата на ОН за климатските промени чиј домаќин е Глазгов. COP26 почна вчера во најголемиот град во Шкотска, но најважниот дел од двонеделната конференција ќе биде денеска и утре, кога повеќе од 120 светски лидери ќе пристигнат во Глазгов за да …

Лидерите од светот пристигнуваат во Глазгов на самит за спас на Земјата Read More »

Малезија воведе задолжителна вакцинација за државните службеници


Малезиските владини службеници мора да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот, во спротивно, тие се соочуваат со отказ, според новите правила, објавени денеска на веб-страницата на владата. „Согласно владина наредба, сите владини службеници се лично одговорни за својата целосна вакцинација против коронавирусот. Ова е неопходно за да се обезбедат безбедни услови за работа и да се …

Малезија воведе задолжителна вакцинација за државните службеници Read More »

СМО: Годините од 2015 до 2021 година се веројатно седумте најтопли досега


Седум години – од 2015 до 2021 година веројатно ќе бидат најтоплите забележани досега, соопшти Светската метеоролошка организација. Во првите девет месеци од годинава просечната температура била за 1,09 степени Целзиусови повисока отколку во прединдустриската ера. Оваа година веројатно ќе биде меѓу петтото и седмото место на листата на најтопли години. Најтопла година досега беше …

СМО: Годините од 2015 до 2021 година се веројатно седумте најтопли досега Read More »

Бразилската полиција уби 25 осомничени за кои се тврди дека биле дел од банда за грабеж на банки


Властите во бразилската држава Минас Жераис соопштија дека се убиени најмалку 25 лица осомничени за грабеж на неколку банки во регионот. Во еден судир меѓу полицијата и банда убиени се 18 лица, а во друг седум, пренесува Гардијан. – Оваа операција … ќе влезе во историјата, изјави за локалното радио секретарот за државна безбедност на …

Бразилската полиција уби 25 осомничени за кои се тврди дека биле дел од банда за грабеж на банки Read More »

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки објави дека се заразила со коронавирус


Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки објави дека се заразила со коронавирус. Таа не го придружуваше претседателот Џо Бајден во Европа на самитот на Г-20 во Рим. Тој денеска ќе пристигне во Глазгов на самитот на ОН за климата. Портпаролката го откажа своето патување откако дозна дека членовите на нејзиното домаќинство биле позитивни на коронавирус, …

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки објави дека се заразила со коронавирус Read More »

Шпанија подготвена да донира 50 милиони вакцини на сиромашните земји


Шпанија, во која досега е вакцинирано 78,5 отсто од населението, вети дека ќе донира 50 милиони вакцини против Ковид-19 на сиромашните земји во светот, што е 20 милиони повеќе од претходно најавеното. Шпанскиот премиер Педро Санчез од Рим, каде викендов се одржа состанок на групата Г20, порача дека вакцините ќе бидат испорачани во период од …

Шпанија подготвена да донира 50 милиони вакцини на сиромашните земји Read More »

Путин: Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека просечната годишна температура на воздухот во Русија расте два и пол пати побрзо отколку во светот. На самитот на Г-20, на кој тој учествуваше преку видео врска, рече дека температурата на воздухот во Русија во последните десет години се зголемила за повеќе од половина степен, пренесе ТАСС. Путин …

Путин: Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек Read More »

(Видео) Едно лице загина, а 11 се повредени во експлозија на гас во Мексико


 Најмалку едно лице загина, а 11 се повредени во експлозија на гас рано утринава во градот Пуебла во централно Мексико, а причината најверојатно е нелегално поврзување на гасоводот, изјавија официјални лица. Гувернерот на Публе, Мигел Барбоса, изјави дека 2.000 луѓе кои живеат во радиус од еден километар биле евакуирани пред експлозијата по итен повик до …

(Видео) Едно лице загина, а 11 се повредени во експлозија на гас во Мексико Read More »

Повеќе од 28.000 нови случаи на коронавирус во САД


САД– Во последните 24 часа во САД се регистрирани 282 смртни случаи поврзани со Ковид-19, односно вкупно 745.670 од почетокот на пандемијата. Податоците од Универзитетот Џон Хопкинс покажуваат дека бројот на заразени во САД се зголемил за 28.327 на 45.953.806. Повеќе од 4,91 милиони луѓе биле заразени во Калифорнија, што е најмногу во САД. Следат Тексас …

Повеќе од 28.000 нови случаи на коронавирус во САД Read More »

Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека просечната годишна температура на воздухот во Русија расте два и пол пати побрзо отколку во светот. Тој на самитот на Г-20, на кој учествуваше преку видео врска, рече дека температурата на воздухот во Русија во последните десет години се зголемила за повеќе од половина степен, пренесе ТАСС. …

Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек Read More »

(Видео) Падна кабина од жичарница во Чешка, загина едно лице


Едно лице загина откако на планината Јештед на северот на Чешка, падна кабина од жичарница, која се одвоила од кабелот. Во кабината во моментот имало само едно лице. „Една кабина падна додека се спушташе. Внатре имаше едно лице, кое за жал им подлегна на повредите“, рече портпаролот на спасувачката служба, Михаел Георгиев. Друга кабина, во …

(Видео) Падна кабина од жичарница во Чешка, загина едно лице Read More »

Во нападот во воз во Токио повредени 17 лица


 Во нападот во воз во Токио, кој беше извршен денеска од маж вооружен со нож, повредени се 17 лица, од кои три потешко. Мажот прво со нож ранил неколку патници, а потоа предизвикал пожар, поради што патниците скокнале од прозорците, соопшти полицијата. Напаѓачот, идентификуван како 20-годишен маж, е уапсен на самото место на злосторството. Тој …

Во нападот во воз во Токио повредени 17 лица Read More »

Млаки ветувања на Г-20 за климатска неутралност


Нема одреден датум за постигнување „нето-нула“ емисии на јаглерод диоксид, во завршното коминике пишува „околу средината на векот“. Кина, Индија и други земји кои се зависни од јаглен не сакаат да преземат јасни обврски   РИМ – Лидерите на најголемите светски економии во неделата презедоа нејасна обврска да бараат јаглеродна неутралност „до или околу средината …

Млаки ветувања на Г-20 за климатска неутралност Read More »

Најмалку девет лица загинаа во експлозија на аеродромот во Аден


Најмалку девет лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во близина на аеродром во привремениот главен град на Јемен, Аден. Се верува дека уште 12 лица се повредени во синоќешната експлозија – која премиерот Муен Абдулмалек Саид ја опиша како „терористички бомбашки напад“, јавува Би-Би-Си. Очевидци велат дека жртвите се жени и деца. Досега никој не …

Најмалку девет лица загинаа во експлозија на аеродромот во Аден Read More »