Нова грижа за европските лидери: Што ако победи Украина?


  БЕРЛИН – Во последното продолжение на Изборот за песна на Евровизија, Европејците ја искористија можноста да покажат солидарност со Украина и да му удрат по нос Владимир Путин. Но, подалеку од ентузијазмот за победничкиот влез на Украина на тој фестивал на камперски игри, плитка симболика и лош англиски јазик, најмоќните престолнини на континентот почнаа да […]

Австриски министер: Пакетот санкции против Русија готов деновиве


Надворешните министри на Австрија и Естонија во Брисел дадоа изјави околу шестиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, што следува. Австрискиот министер Александер Шаленберг е уверен дека пакетот ќе биде „завршен следните денови“, јави Си-Ен-Ен. Според Шаленберг, пакетот санкции поради руската инвазија на Украина, ќе биде „многу суштински“, но сè уште има „извесна потреба […]

Започнуваат НАТО вежбите во Естонија, најголеми досега на Балтикот


Во Естонија денеска почнуваат големи воени маневри на НАТО, кои се сметаат за едни од најголемите одржани досега во историјата на Балтикот. Маневри со кодно име „Еж“ ќе се одржат во Естонија во текот на следните две недели и ќе учествуваат 15.000 војници од десет земји, меѓу кои британски, американски, фински и шведски, јавува Би-Би-Си. […]

Премиерката на Шведска ќе побара широка поддршка од Парламентот за влез во НАТО


Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон денеска ќе побара широка поддршка на Парламентот за поднесување барање за членство во НАТО, откако нејзината партија објави дека поддржува влез во Алијансата. Владеачките социјалдемократки во текот на вчерашниот ден информираа дека поддржуваат влез на земјата во НАТО, прекинувајќи го децениското противење на овој потег, по руската инвазија на Украина. […]

Рјабков: Влезот на Шведска и на Финска во НАТО уште една грешка со далекусежни последици


Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков оцени дека влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе биде уште една грешка со далекусежни последици. Безбедноста во Шведска и Финска нема да биде зајакната по влезот во НАТО, ја пренесува весникот „Известија“ изјавата на Рјабков. Тој додава дека доколку двете држави станат дел од НАТО, од […]

Полициски час за малолетници во центарот на Чикаго


Градските власти во Чикаго воведуваат полициски час за млади лица во централното градско подрачје, поради завчерашното убиство на 16-годишното момче. Градоначалничката Лори Лајтфут појасни дека мерката за ограничување на движење ќе важи на просторот на Милениум паркот во центарот, што е едно од омиленисте места за собирање на младите во градот. Забраната ќе биде на […]

Сијарто: Унгарците нема да ја плаќаат цената на војната во Украина


 Унгарската влада инсистира на тоа дека Унгарците нема да ја плачаат цената на војната во Украина, изјави синоќа министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Сијарто за локален медиум изјави дека Унгарците на никаков начин не се виновни за избувнувањето на војната во Украина, па доколку Европската комисија има намера да воведе ембарго на руската нафта, […]

Њу Делхи се пече на 49 степени Целзиусови


  Индија се најде на удар на топлотен бран, а во Њу Делхи измерени се 49 степени Целзиусови. Интензивниот топлотен бран ги зафати северните делови на Индија, а температурата достигна рекордни 49,2 степени Џелзиусови во делови од главниот град Њу Делхи. Метеоролошките извештаи покажуваат дека ова е петти топлотен бран во индиската престолнина ова лето, […]

Во Естонија почнуваат големи воени маневри на НАТО


Естонија –   Во Естонија денеска почнуваат големи воени маневри на НАТО, што се сметаат за едни од најголемите одржани досега во историјата на Балтикот. Маневрите ќе се одржат во Естонија во текот на следните две недели и во нив ќе учествуваат 15.000 војници од десет земји, меѓу кои британски, американски, фински и шведски, јави Би-би-си. […]

Задолжително носење заштитна маска на летовите од и кон Германија


Патниците кои летаат кон и од Германија сепак ќе мора да носат маски за време на летот и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската унија, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи. Според протоколите, „FFP2“ или медицинските маски мора да се реме на целиот лет. Маските може да се симнат само додека патниците […]

Во Брисел состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ и на Западен Балкан


Белгија– Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел на редовен мајски Совет на ЕУ, со прва точка на дневниот ред на состанокот размена на мислења за Западен Балкан и влијанието на војната во Украина врз тој регион. Од Советот на ЕУ се истакнува дека идејата е заедно со нивните […]

Шангај се враќа во нормала


Кина – Локалните власти во Шангај работат на повторно отворање и овозможување обновување на нормалниот живот од 1 јуни, откако во 15 од 16-те градски области се сузбиени случаите на инфекција со коронавирусот надвор од карантински услови. Заменик-градоначалникот Зонг Минг пред медиумите го претстави распоредот на активностите за враќање кон нормала, после шестнеделно затворање. Властите во […]

Институтот за војна објави нова анализа и мапа: Овој пораз ги шокираше Русите


Институот за проучување на војна објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина. „Украинското уништување на значајни елементи на руската моторизирана бригада која се обиде да го помине понтонскиот мост преку реката Сиверски Донец на 11 мај ги шокираше истакнатите руски воени блогери и аналитичари. Тие почнаа да коментираат за неспособноста на руската армија […]

Бајден по масакрот во Бафало: Омразата е дамка на душата на Америка


Американскиот претседател Џо Бајден ја осуди „омразата која е дамка на душата на Америка“, ден по расистичкиот масакр во кој загинаа десет луѓе во Бафало, Њујорк. „Напаѓачот кој дејствуваше сам и беше опремен со воено оружје, со душа полна со омраза, ладнокрвно уби десет невини луѓе“, рече американскиот претседател во Вашингтон, на комеморацијата на полицајците […]

ЦДУ победи на изборите во Северна Рајна-Вестфалија, опомена за канцеларот Шолц


Христијанско-демократската унија (ЦДУ) победи на покраинските избори во Северна Рајна-Вестфалија, додека на сојузно ниво владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) го постигна најлошиот резултат во оваа некогаш социјалдемократска сојузна држава. Според првите прогнози врз основа на преброените гласови, ЦДУ освоила 35 отсто, што е подобрување за два процентни поени во однос на последните избори во […]

Швајцарците гласаа за автоматско донирање органи, на референдумот се изјаснија и за Фронтекс и Нетфликс


Мнозинството гласачи во Швајцарија го поддржаа преминот кон автоматски систем за донирање органи, освен во случаите кога потенцијалниот донатор експлицитно се изјаснил против тоа пред неговата смрт, покажуваат излезните анкети по денешниот референдум. Околу 59 отсто од гласачите ја поддржаа промената, покажува анкетата на Институтот за испитување на јавното мислење gfs.bern. Промената на законот би […]

Шведска за неколку дена ќе поднесе апликација за членство во НАТО


Шведските владејачки социјалдемократи најавија поддршка за влезот на земјата во НАТО. Премиерката Магдалена Андерсон најави дека „сега е сосема сигурна дека за неколку дена ќе започне официјална апликација“. Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде одлуката ја нарече „историска“. „Руската инвазија на Украина ја влоши безбедносната состојба за Шведска и Европа во целина“, додаде таа. […]

Чавушоглу: Шведска и Финска да престанат да ги поддржуваат терористичките групи ако сакаат Турција да ги поддржи за НАТО


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска рече дека Шведска и Финска мора да престанат да ги поддржуваат терористичките групи во нивните земји, да обезбедат јасни безбедносни гаранции и да ја укинат забраната за извоз на Турција, доколку сакаат Турција да го поддржи нивното членство во НАТО. Говорејќи по состанокот на министрите за надворешни […]

Папата Франциско назначи десет нови светци, меѓу нив и холандски свештеник, борец против нацизмот


Папата Франциско денеска прогласи десет лица за светци, меѓу кои еден холандски свештеник, борец против нацизмот, убиен во концентрациониот логор Дахау и францускиот монах пустиник убиен во Алжир. Папата (85) беше донесен до олтарот во инвалидска количка поради болки во колената и нозете. На плоштадот Свети Петар имаше повеќе од 50.000 луѓе, што е еден […]

Скокот на цената на маслото за јадење го урна рејтингот на претседателот на Индонезија


Рејтингот на индонезискиот претседател Џоко Видодо достигна најниско ниво во последните шест години поради незадоволството од зголемените цени на маслото за јадење и неможноста забраната за извоз да го ограничи скокот на цените на суровините, покажа денеска објавеното истражување на јавното мислење. Податоците објавени од агенцијата Indochina Politics Indicator покажуваат дека рејтингот на претседателот на […]