Русите по втор пат загубија двајца полковници во еден ден

Едниот од нив е прославениот падобранец Сергеј Красников. Тој се стекна со слава кога се спушти со падобран на Северниот пол и беше селектор на руската репрезентација за падобранци


Високоодликуваниот полковник Сергеј Красников загинал во заседа за време на разузнавачка мисија во регионот на Харков

 

Руската армија по втор пат загуби двајца полковници во еден ден на боиштето во Украина. Високо одликуваниот полковник Сергеј Красников (56), познат по тоа што скокнал со падобран на Северниот пол, загинал во заседа на извидничка мисија.

Како обучен падобранец, тој се префрли во кривичниот систем на Русија, но се пријави доброволно да се бори во руската армија во Украина, велат извештаите.

Красников беше селектор на руската репрезентација за падобранци.

Тој загинал како командант на мифорлачка единица во битка во селото Тернове, во регионот на Харков.

Тој беше полковник во Истражниот комитет, гледан како еквивалент на ФБИ.

Претходно во денот беше објавена и смртта на полковникот Сергеј Постнов – во неговите 40-ти години.

Загубите значат дека руската армија досега има потврдена загуба на 54 полковници во Украина – шокантна бројка што веројатно е и под вистѕинската скала на загуби меѓу овие високи офицери.

Путин загуби и најмалку 11 генерали.

И Русија и Украина ги кријат своите вистински загуби во измачувачката војна.

Постнов бил дел од воената пропагандна единица во Руската национална гарда, која директно му одговара на Путин. Тој беше на активна должност со руските сили блиску до Киев, во Харков, како и неодамна во регионот Луганск. Не е јасно како точно и каде е убиен.

Во официјалното соопштение се вели дека неговиот живот „заврши “ додека бил на мисија во Украина.

„Тој се одликуваше со висока професионалност, организација и трудољубивост и креативен пристап во решавањето на проблемите“, соопшти Советот на ветерани на руското Министерство за внатрешни работи.

Се верува дека вкупните руски загуби се над 30.000.

Украински војници на оклопни транспортери во Донбас (Фото: Ројтерс)

Американскиот генерал Марк Мили, кој рече дека Русите изгубиле приближно 20-30% од нивната оклопна сила за време на војната во Украина.

„Тоа е значајно, тоа е огромно“, им изјави претседателот на Здружениот Генералштаб на новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.

Тој рече дека иако Украинците биле помалубројни и со помалку артилерија во источниот регион Донбас, „војната не е само игра на бројки, туку како ги користите“.

Русите вршеа масовно гранатирање„без нужно да постигнат воен ефект“, рече тој.

Но, Украинците користеа „многу подобри артилериски техники“ и „се бореа тактички во многу ефикасна борба и со оган и со маневри“, додаде тој.

Тој, исто така, рече дека извештаите во медиумите дека 100 украински војници умираат секој ден, а уште 100-300 се повредени, се во рамките на на американските проценки.

Марк Мили нагласи дека ракетниот систем „Химарс“, заедно со муниција и обучени екипажи, ќе бидат префрлени во Украина до крајот на овој месец.

Ова значи дека за неколку недели тие ќе имаат обучена ракетна артилерија со долг дострел во борбата, вели тој.

Системот „Химарс“ може да лансира повеќе прецизно наведувани ракети на цели оддалечени 70 километри – многу подалеку од артилеријата што моментално ја има Украина.

САД претходно соопштија дека се согласиле да ги обезбедат само откако добиле гаранции од украинскиот претседател Володомир Зеленски дека оружјето нема да се користи за напади врз цели во Русија.

Генералот Мили рече дека САД и сојузниците обучиле 60 лица украински персонал за „Химарс, како и други за 420 хаубици М777 и други на оклопни транспортери и беспилотни воздушни системи.

Тој рече дека меѓународната заедница обезбедила 97.000 противтенковски системи – повеќе отколку што има тенкови во светот.

Руски војници во полиња со жито крај Запорожје (Фото: АП)

Украина тврди дека околу 250 руски војници биле убиени во изминатите 24 часа, на 111-от ден од нејзината инвазија на земјата.

Околу 32.750 руски војници се убиени во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, се вели во ажурирањето на Генералштабот на украинските вооружени сили.

Од февруари, Украина тврди дека Русија изгубила:

  • 1.440 тенкови, 3.528 оклопни возила, 722 артилериски системи и 230 повеќекратни ракетни системи за лансирање
  • 97 системи за противвоздушна одбрана, 213 воени авиони, 179 хеликоптери, 591 беспилотни летала и 129 крстосувачки ракети
  • 13 воени бродови/чамци, 2.485 возила и цистерниза гориво и 55 парчиња специјална опрема

Русија претрпе најголеми загуби во изминатиот ден во областите Бахмут и Северодонецк, додаваат од Министерството.

Овиде податоци не можат независно да се потврдат.