Австралискиот премиер за Ѓоковиќ: „Никој не е над законот“


  Австралискиот премиер Скот Морисон ја потврди веста за одбивањето на визата за Новак Ѓоковиќ, велејќи дека никој не е над законот. Морисон на Твитер напиша: „Визата на Ѓоковиќ е откажана. Правилата се правила, особено кога се во прашање нашите граници. Никој не е над овие правила. Нашите силни гранични политики беа од клучно значење …

Австралискиот премиер за Ѓоковиќ: „Никој не е над законот“ Read More »

Цела Европа падна на колена пред Омикронот – рекордни бројки на заразени


  Неверојатно цунами од нови инфекции се случува во Европа најмногу поради новата варијанта на корона вирусот – Омикрон. Здравствените власти речиси и да не мпжат да ги добројат случаи и никој од епидемиолозите нема претстава кога би можела да запре оваа спирала. Веројатно додека сите не се разболат. Франција Министерот за здравство, Оливие Веран, …

Цела Европа падна на колена пред Омикронот – рекордни бројки на заразени Read More »

Германија да го запре гасоводот ако Русија ја нападне Украина, порачува Блинкен


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика Германија да го запре гасоводот Северен поток 2 со Русија доколку Москва ја нападне Украина. „Од наша перспектива, многу е тешко да се види гасот да тече низ тој гасовод, да стане оперативен, доколку Русија ја обнови својата агресија“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со германската министерка …

Германија да го запре гасоводот ако Русија ја нападне Украина, порачува Блинкен Read More »

Казахстан прогласи вонредна состојба, во нередите загинаа осум полицајци и припадници на националната гарда


Казахстан денеска прогласи вонредна состојба на целата територија, откако протестите  ескалираа во немири.  Локалните медиуми јавија за вонредната состојба повикувајќи се на коминике прикажано на државната телевизија на Казахстан. Претходно беше прогласена локална вонредна состојба во областите кои беа најмногу погодени од протестите: економската престолнина на Казахстан – градот Алмати, регионот Мангистау и главниот град на земјата …

Казахстан прогласи вонредна состојба, во нередите загинаа осум полицајци и припадници на националната гарда Read More »

Сенаторот Тим Кејн заглави 27 часови во сообраќаен метеж  


САД– На сенаторот Тим Кејн кој живее во Ричмонд, му требале 27 часови да стигне на работа во Конгресот во Вашингтон, откако ноќеска заглави во повеќекилометарска колона на автопат во Вирџинија, предизвикана од судир на камиони, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Сенаторот – демократ растојанието од Ричмонд до Вашингтон обично го поминувал за два …

Сенаторот Тим Кејн заглави 27 часови во сообраќаен метеж   Read More »

Ѓоковиќ навел дека прележал ковид, властите во Австралија не веруваат


  Влегувањето на светскиот број 1 во Австралија, Новак Ѓоковиќ, беше во лимбо ситуација во раните часови во четвртокот според австралиско време поради загриженоста на граничните и царинските власти околу доказите што го поддржуваат неговото ослободување од вакцината, како и потенцијално погрешното барање за виза, пишува австралискиот медиум „The Age“. Еве го текстот објавен доцна …

Ѓоковиќ навел дека прележал ковид, властите во Австралија не веруваат Read More »

Драмата во Казахстан: Претседателот се заканува со безмилосен одговор


  Претседателот на Казахстан се закани дека безмилосно ќе ги запре протестите што се во тек низ целата земја, тврдејќи дека немирите довеле до смртни случаи и повреди меѓу службениците за спроведување на законот. „Како шеф на државата… планирам да дејствувам што е можно построго“, рече Касим-Жомарт Токаев во телевизиското обраќање во средата попладне. „Ова …

Драмата во Казахстан: Претседателот се заканува со безмилосен одговор Read More »

Во Израел за еден ден регистрирани речиси 12.000 новозаболени од Ковид-19


Израел – Во Израел денеска е регистриран најголем број новозаразени со Ковид-19, пред сè поради сојот Омикрон, и покрај рестрикциите за патувања и мерките за изолација, соопшти Владата. Во изминатите 24 часа потврдени се 11.978 случаи, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Претходниот „црн рекорд“ беше забележан на 2 септември 2021 со …

Во Израел за еден ден регистрирани речиси 12.000 новозаболени од Ковид-19 Read More »

Наставничка од Њујорк уапсена оти вакцинирала ученик


Наставничката Лора Русо од Њујорк, САД, е уапсена затоа што вакцинирала ученик против корона вирус и покрај фактот што нема формални медицински квалификации. Според полицијата, Русо вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом. Наставничката по биологија, инаку, е уапсена на новогодишната ноќ и доколку биде осудена, ѝ се заканува казна затвор до четири години. Наводно, 17-годишникот …

Наставничка од Њујорк уапсена оти вакцинирала ученик Read More »

Прекината истрагата против поранешниот гувернер на државата Њујорк, Ендру Куомо


Јавниот обвинител на округот Олбани, во државата Њујорк, Дејвид Соарес ја прекина истрагата против поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој беше обвинет од негов некогашен соработник за сексуално вознемирување. – Иако подносителот на тужба во овој случај и помогна на истрагата и заслужува доверба, откако ги разгледавме сите достапни докази, дојдовме до заклучок дека нема да …

Прекината истрагата против поранешниот гувернер на државата Њујорк, Ендру Куомо Read More »

Австралискиот здравствен систем е под притисок, расте бројот на заразени со Ковид-19


Австралискиот здравствен систем е под зголемен притисок бидејќи бројот на нови инфекции со коронавирус трет ден по ред ги надминува рекордите, а расте и бројот на хоспитализирани и оние кои сакаат да се тестираат.   Речиси 53.000 нови случаи на зараза со Ковид-19 се пријавени во Нов Јужен Велс и Викторија, најнаселените држави во Австралија, …

Австралискиот здравствен систем е под притисок, расте бројот на заразени со Ковид-19 Read More »

Блумберг: Европа во следните два месеца може да остане без гас


Европа ризикува во следните два месеца да остане без гас поради студеното време и малите резерви од синото гориво, пишува Блумберг. Авторите на написот забележуваат дека предусловите за кризата со горивото се преминот кон обновливите извори на енергија и намалувањето на локалното производство на природен гас. Како резултат на тоа, производството на електрична енергија во …

Блумберг: Европа во следните два месеца може да остане без гас Read More »

Канада ќе исплати 40 милијарди долари отштета на домородните деца


Канада ќе исплати 40 милијарди канадски долари отштета за домородните деца кои биле одземени од нивните семејства и ставени во системот на социјална помош. Договорот прредвидува  20 милијарди канадски долари (еден канадски долар чини 42,8 денари) за потенцијално стотиците илјади домородни деца кои биле одземени од семејства и немале пристап или имале проблеми да пристапат …

Канада ќе исплати 40 милијарди долари отштета на домородните деца Read More »

Владата на Казахстан поднесе оставка по протестите заради цената на горивата


  Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска ја прифати оставката на владата, соопшти неговиот кабинет по протестите против владата, предизвикани од зголемувањето на цените на горивото, а во кои беа повредени речиси стотина полицајци. Полицијата со солзавец и шок бомби доцна синоќа упадна на протест при што од плоштад во Алмати протера стотици демонстранти, а немирите …

Владата на Казахстан поднесе оставка по протестите заради цената на горивата Read More »

Иванка и Доналд Трамп помладиот одбија да сведочат во истрагата за бизнисот на нивниот татко


Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп, децата на поранешниот американски претседател, одбија да сведочат во истрагата за наводната измама во врска со бизнисот на компанијата на нивниот татко. Целта на истрагата е да се утврди дали компанијата „Организаја Трамп“ манипулирала со проценетите вредности на својот недвижен имот за да добие заеми и даночни олеснувања. Обвинителката …

Иванка и Доналд Трамп помладиот одбија да сведочат во истрагата за бизнисот на нивниот татко Read More »

САД: Речиси милион случаи на Ковид-19 во еден ден


САД потврдија речиси милион нови случаи на коронавирус во понеделникот, што е најмногу во светот и речиси двојно поголем од бројот постигнат минатата недела, додека високо заразната варијанта омикрон не покажува знаци на забавување.   Бројот на хоспитализирани пациенти е зголемен за речиси 50 отсто во изминатата недела и сега изнесува над 100.000, објавија американските …

САД: Речиси милион случаи на Ковид-19 во еден ден Read More »

Макрон сака да ги „изнервира“ невакцинираните Французи


Францускиот претседател Емануел Макрон вчера за „Le Parisien“ изјави дека сака да ги изнервира Французите кои не се вакцинирани против Ковид-19 и да го ограничи нивниот пристап до социјалниот живот што е можно повеќе. -Сакам да ги нервирам невакцинираните. Ќе продолжиме да го правиме тоа, до крај. Тоа е стратегијата, рече Макрон, додека во парламентот …

Макрон сака да ги „изнервира“ невакцинираните Французи Read More »

Бајден ќе ја каже вистината за нападот на Конгресот, Трамп ја откажа прес-конференцијата


САД – Американскиот претседател Џо Бајден со говор ќе ја одбележи годишнината од нападот на Капитол Хил извршен на 6 јануари 2021 од страна на поддржувачите на поранешниот шеф на државата Доналд Трамп, предупредувајќи на заканите за демократијата. Трамп ја откажа прес-конференцијата најавена за утре, повторно напаѓајќи ги демократите и медиумите. Белата куќа соопшти дека Бајден …

Бајден ќе ја каже вистината за нападот на Конгресот, Трамп ја откажа прес-конференцијата Read More »

Бајден ги повика Американците да се вакцинираат против Ковид-19


САД – Претседателот на САД, Џо Бајден упати апел до Американците да се вакцинираат против Ковид-19 бидејќи се очекува дополнително зголемување на бројот на новозаболени поради позаразниот сој Омикрон. Тој истакна дека сојот Омикрон е „многу позаразен“ но оти граѓаните можат да се заштитат. – Вакцинирајте се. Примете дополнителна доза. Носете маска во јавност, истакна Бајден. …

Бајден ги повика Американците да се вакцинираат против Ковид-19 Read More »

Казахстан зафатен од големи протести поради поскапувањето на горивото


  Големи протести во Казахстан против поскапувањето на пропан-бутанот, главното гориво за автомобилите на многумина во земјата, ја преплавија целата земја, а вечерва дојде до судири со полицијата која употребила шок гранати. Новинарите известуваат дека почнал да се исклучува интернетот и дека биле блокирани независни медиуми Од почетокот на годината цената на гасот се удвои …

Казахстан зафатен од големи протести поради поскапувањето на горивото Read More »