Руските сили го гранатираа јужниот украински град Никопол


Руските сили денеска го гранатираа јужниот украински град Никопол, што е последно гранатирање на градски области, при што загинаа најмалку 37 луѓе, а многу беа ранети во последните три дена. Украинските служби за итни случаи соопштија дека две лица се ранети, а две се затрупани под урнатините во Никопол, кој се наоѓа на реката Днепар. […]

Шојгу нареди да се ​​интензивираат операциите во сите правци


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги прегледа војниците на Југот и Центарот кои учествуваат во специјалната воена операција во Украина и нареди да се интензивираат акциите во сите оперативни правци, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Шојгу ги дал потребните инструкции за дополнително зајакнување на акциите на единиците во сите оперативни правци со цел […]

Од петте гасоводи кои носат руски гас во Европа, само еден е во функција


На Европа очајно и треба руски гас, а добива се помалку од него, што деновиве предизвика голема загриженост. Имено, српскиот експерт за енергетика Милош Здравковиќ во авторски текст за порталот Енергија Балкана изјавил дека од петте гасоводи кои носат природен гас од Русија во Европа, моментално е во функција само Турски тек. Тој прецизираше дека […]

Чешка ќе почне да нуди втора засилена доза на вакцини против Ковид-19


– Чешка од 18 јули ќе почне да нуди втора засилена доза на вакцина против Ковид-19, препорачувајќи ја за луѓе постари од 60 години и за оние во ризични групи, соопшти Министерството за здравство. Бустер дозите ќе бидат достапни за сите постари од 18 години и ќе бидат доброволни, наведуваат здравствените власти. „Сакам сите кои […]

Терминал на аеродромот во Сан Франциско евакуиран поради закана за бомба


Меѓународниот терминал на аеродромот во Сан Франциско е евакуиран доцна синоќа, откако полицијата пронашла сомнителен предмет на аеродромот по закана за бомба, соопшти полицијата на Твитер. Полицијата во Сан Франциско објави дека полицајците добиле закана за бомба на аеродромот и во текот на истрагата пронашле сомнителен пакет. „Поради тековните полициски активности, меѓународниот терминал се евакуира“, […]

Смртта на Ивана Трамп последица на повреди на градниот кош


 Првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина како последица на повреди на градниот кош, соопштија денеска њујоршките лекари. Нејзината смрт била случајна, се наведува во соопштението, во кое не се прецизираат околностите. Доналд Трамп во четвртокот објави дека Ивана Трамп (73) починала „во својот дом во Њујорк“. Според Њујорк Тајмс, истрагата […]

Новиот пакет санкции на Европската унија вклучува забрана за увоз на руско злато


Европската комисија усвои предлог за нов пакет мерки за одржување и зајакнување на ефективноста на шесте пакети санкции што ЕУ ги усвои против Русија, вклучувајќи ја и забраната за увоз на руско злато. Комисијата објаснува дека овој пакет појаснува низа одредби за зајакнување на правната сигурност за спроведување на рестриктивните мерки кои се воведени досега […]

Пожари во Португалија: Се урна канадер, загина пилотот


 Канадер кој гаснеше шумски пожар во Португалија се урна синоќа во близина на Вила Нова де Фоз Кое, во северниот кварт Гарди, при што загина пилотот на авионот, во кој немаше други лица, соопшти цивилната заштита. „Засега немаме детали за тоа што се случило“, изјави командантот на националната цивилна заштита Андре Фернандес. Авионот бил од типот […]

ЕУ ќе го забрани увозот на руското злато, но не и на накитот


  Европската комисија подготви планови за забрана на увоз на руско злато во петокот – но засега го остава накитот надвор од листата на санкционирани стоки, според нацртот што го видел „Политико“. Извршната власт на ЕУ почна да подготвува планови за забрана на златото од Русија, откако економските сили на Г7 минатиот месец објавија дека […]

Огномет за Денот на Бастилја во Франција уби момче и неговата сестра


  Седумгодишно момче и неговата постара сестра загинаа за време на огномет по повод националниот ден на Франција во западниот град Шоле. „Ракета експлодира среде луѓе“, изјави градоначалникот Жил Бурдуле. Тој опиша дека жртвите биле со другите членови на семејството на 50 метри  од местото каде што се пуштал огнометот. Експлозијата ги натера гледачите да […]

Бајден пристигна во Саудиска Арабија, прва средба со престолонаследникот Бин Салман


Американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска пристигна во Саудиска Арабија, се сретна со престолонаследникот Мохамед бин Салман. Како што јавија сгтранските агенции, двајцата државници се поздравиле со стиснати тупаници. Првата средба меѓу Бајден и Бин Салман се одржа во палатата на саудиското кралско семејство во западниот град Џеда и беше кратка. За време на кампањата […]

Поранешниот директор на „Отворена Русија“, Андреј Пивоваров, осуден на четири години затвор


  Окружниот суд Ленински во Краснодар, Русија, го осуди Андреј Пивоваров, поранешен извршен директор на „Отворена Русија“, на четири години во казнена колонија, пренесува Интерфакс. Пивоваров беше прогласен за виновен според кривичниот член за активности на „непожелна организација“ (член 284.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација). Исто така, осум години му е забрането да се […]

Три земји на ЕУ добиваат 433 милиони евра за помош на украинските мигранти


  Белгија– Белгија, Италија и Луксембург ќе добијат 433,79 милиони евра преку РЕакт-ЕУ за да им се помогне на Украинците кои се наоѓаат во овие земји, јави дописничката на МИА од Брисел. Помошта за украинските мигранти во Белгија изнесува 33,4 милиони евра за да им се помогне да се интегрираат на пазарот на трудот и […]

Дмитриј Рогозин отпуштен како шеф на „Роскосмос“


  Дмитриј Рогозин е разрешен од функцијата шеф на „Роскосмос“. На негово место беше назначен Јуриј Борисов, кој претходно беше вицепремиер на Руската Федерација. Релевантните декрети потпишани од рускиот претседател Владимир Путин се објавени на веб-страницата на Кремљ. Сѐ уште не е објавено новото назначување на Рогозин. Борисов (65) работи како вицепремиер од мај 2018 […]

Топлотниот бран лошо влијае врз квалитетот на воздухот во Европа


Топлотниот бран во Европа предизвикува влошување на квалитетот на воздухот, особено во градовите, изјави денеска на прес-конференција во Женева претставникот на Светската метеоролошка организација (СМО), Лоренцо Лабрадор. – Воздухот што не се движи не дозволува да се распрснуваат атмосферските загадувачи, вклучително и штетните честички, рече Лабрадор. Тој посочи дека атмосферските загадувачи го намалуваат квалитетот на воздухот и се штетни за здравјето на луѓето.

Европа ја чека руска зима


Впијте ги летните зраци додека можете – целосна руска зима се движи кон Европа. И покрај тоа што борбите се во Украина, војната веќе се чувствува низ целиот континент, во форма на зголемување на цените на храната, страв од недостиг на гас и грижи за економијата. Фактот дека рускиот претседател Владимир Путин покажа подготвеност да користи […]

Симптомите на коронавирусот се сменети, заборавете на мирис и вкус – ова се новите симптоми


Корона вирусот повторно дивее, бројот на заразени се зголемува, а експертите предупредуваат на сосема нови симптоми. Дека сè уште не треба да се опуштиме и дека ни се заканува нов бран, докажуваат загрижувачките бројки на новозаразени со корона вирусот. Тоа го поткрепува и тоа што за десет дена двојно се зголемил бројот на пациенти со […]

Петгодишно дете случајно пукна и го уби своето 8-годишно братче


Осумгодишно дете во американската сојузна држава Арканзас е убиено од своето полано петгодишно братче, а тамошните власти наведуваат дека до пукањето дошло случајно. „Ова е трагичен настан кој можеше да се избегне. Не може доволно силно да се нагласи дека оружјето треба да биде на сигурно и надвор од дофат на деца. Сопствениците на оружје […]

Прифатена оставката на претседателот на Шри Ланка


 Претседателот на Парламентот на Шри Ланка денеска соопшти дека ја прифатил оставката на претседателот на државата Готабаја Раџапакса, два дена после неговото бекство од земјата. Раџапакса ја напушти земјата во средата, откако демонстрантите упаднаа во претседателската резиденција и други јавни згради и државни институции. „Готабаја официјално поднесе оставка“, изјави пред новинарите претседателката на Парламентот Махинда […]

Руските сили во Украина би можеле да бидат поразени до крајот на годината


Пензионираниот американски генерал-полковник Бен Хоџис проценува дека руската инвазија врз Украина би можела да заврши наредната година доколку Западот продолжи воено да го поддржува Киев. „Русите се исцрпени, нема многу работи што сега можат да ги направат како што треба“, вели тој. Хоџис тврди дека украинските сили имаат морална предност пред Русите. Според него, Русите […]