Пожар во голема урбана шума во Берлин, по неколку експлозии во магацин за оружје


 

Голем пожар изби утрово во една од најголемите урбаи шуми во Берлин, откако се случија неколку експлозии во магацин со муниција.

Стотина пожарникари се обидуваат да го изгасат пожарот во шумата Груневалд на западната страна на градот, јави германската новинска агенција ДПА.

Огнот досега зафати околу 15.000 метри квадратни шума, а ситуацијата и понатаму е ризична.

Огнот брзо се шири, а се слушаат силни експлозии од местото каде инаку се чува стара муниција од Втората светска војна, како и огномет и други експлозивни средства.

„Ситуацијата е опасна“, вели Томас Кирштајн од берлинската противпожарна служба и ги повика граѓаните да стојат подалеку од шумата.

Поради искшени делови во експлозијата што летаат далеку и опасност од други експлозии, пожарникарите почнале со системско гасење на пожарот.

Берлинските власти ги повикаа на помош специјалните сили на германската војска. Има водени топови, хеликоптери и специјални цистерни за евакуација.

Приградскиот железнилки сообраќај кон западниот дел на градот е делумно сопрен, како и сообраќајот на Авус, еден од најзначајните автопати во градот.

Куќите не се директно изложени на пламен, но пожарникарите предупредуваат дека огнот може да се прошири поради сушниот период во шумата и големите жештини. Се очекуваат температури од 38 степени Целзиусови.