И Орбан го осуди рускиот напад на Украина


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го осуди рускиот воен напад на Украина. „Со нашите сојузници од ЕУ и НАТО, го осудуваме рускиот воен напад“, рече Орбан по состанокот на советот за безбедност, додавајќи дека „Унгарија ќе остане на маргините на воениот конфликт, бидејќи безбедноста на Унгарците е најважна“. Тој додаде дека Унгарија ќе обезбеди хуманитарна …

И Орбан го осуди рускиот напад на Украина Read More »

Макрон: „Нема да покажеме слабост“


  Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и нејзините европски сојузници направиле сѐ за да се обидат да го спречат нападот врз Украина. Тој рече дека нема да покажат „слабост“ во нивниот одговор. Макрон во телевизиското обраќање до нацијата во четвртокот рече дека рускиот напад е „пресвртница во европската историја“ и како резултат „ќе …

Макрон: „Нема да покажеме слабост“ Read More »

Руско лудило: Путин го обвини Евреинот Зеленски дека е нацист


Владимир Путин утрово ѝ објави војна на Украина со изговор дека сака да ја демилитаризира и денацифицира. Неколку часа порано, украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој има еврејски корени, го упати последниот апел за мир, демантирајќи ги неоснованите обвинувања од Путин дека Украина ја водат нацисти.Тој директно ѝ се обрати на руската јавноста, и тоа на …

Руско лудило: Путин го обвини Евреинот Зеленски дека е нацист Read More »

Украински воен авион со 14 патници се урна во близина на Киев


Украински воен авион со 14 лица денеска се урна јужно од Киев, соопшти службата за итни случаи. Службата соопшти дека „сѐ уште одредува колку луѓе загинале“. Инцидентот се случил на околу 20 километри јужно од Киев, по извештаите за напад на неколку локации низ градот. Засега не е јасно дали авионот бил погоден од руски …

Украински воен авион со 14 патници се урна во близина на Киев Read More »

Русија и Кина ги обвинија Украина и Западот за ескалацијата на конфликтот


Русија и Кина ги обвинуваат западните земји и Киев за ескалацијата на конфликтот во Украина, наведе денеска Министерството за надворешни работи во Москва, по разговорите меѓу министерите за надворешни работи Сергеј Лавров и Ванг Ји, јави ДПА. „Министрите го изразија своето заедничко уверување дека причината за актуелната криза е одбивањето на Киев, охрабрено од САД …

Русија и Кина ги обвинија Украина и Западот за ескалацијата на конфликтот Read More »

НАТО нема планови да испраќа трупи во Украина, рече Столтенберг


  НАТО нема војници внатре во Украина и не планира да испрати во земјата, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференција за руската инвазија на Украина. „Нема борбени трупи на НАТО, воопшто нема војници на НАТО внатре во Украина. Ние јасно ставивме до знаење дека немаме никакви планови и намера за распоредување на …

НАТО нема планови да испраќа трупи во Украина, рече Столтенберг Read More »

Украинска гранична служба: Руските сили упаднаа во регионот на Киев


Руските сили се пробија во северниот дел на регионот Киев, соопштија украинските погранични сили, извршувајќи напад со проектили „Град“ врз владините позиции. Западни медиуми во северниот дел на главниот град на Украина регистрирале хеликоптери кои летаат кон градот, по извештаите дека аеродромот е нападнат. Патиштата надвор од Киев денеска се заглавени со сообраќај, бидејќи луѓето …

Украинска гранична служба: Руските сили упаднаа во регионот на Киев Read More »

Џонсон го нарече Путин „диктатор“, а инвазијата – „грозен и варварски потфат“


  Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече Путин „диктатор“, а инвазијата врз Украина „грозен и варварски потфат“. Џонсон нагласи дека западните сојузници подготвуваат „голем“ пакет санкции против Русија. Тој му порача на народот на Украина: „Не можеме и нема само да гледаме на страна“. 

Олаф Шолц: „Црн ден за Европа“


  Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди нападот на Русија врз Украина, нарекувајќи го „црн ден за Европа“ и изразувајќи ја „целосната солидарност на неговата земја со Киев“. Шолц во изјавата во канцеларијата во Берлин во четвртокот рече дека новите санкции што ќе ги воведат Германија и нејзините сојузници кон Русија ќе покажат дека „Путин …

Олаф Шолц: „Црн ден за Европа“ Read More »

Украина тврди дека 50 Руси биле убиени на источниот фронт


  Украинските сили соопштија дека убиле околу 50 „руски окупатори“ додека ја вратиле контролата врз градот Шчастија на источната линија на фронтот, јави АФП. Агенцијата вели дека не може независно да го потврди тоа тврдење. Еве извадок од нивниот извештај за ситуацијата која брзо се движи додека руските тенкови напредуваат далеку во украинска територија, далеку …

Украина тврди дека 50 Руси биле убиени на источниот фронт Read More »

По руската инвазија, Молдавија го затвора воздушниот простор, Белорусија само „дел“


Молдавија соопшти денеска дека го затвора својот воздушен простор, како одговор на руската инвазија во Украина. Од друга страна, Белорусија информираше дека ќе затвори само „дел“ од својот воздушен простор. „Набљудувајќи ја ситуацијата во регионот, Врховниот совет за безбедност препорача да се затвори воздушниот простор на Молдавија“, напиша на Телеграм, заменик премиерот Андреј Спину. Тој …

По руската инвазија, Молдавија го затвора воздушниот простор, Белорусија само „дел“ Read More »

Литванија воведува вонредна состојба по инвазијата на Русија врз Украина


Властите во Литванија, членка на ЕУ и на НАТО, денеска соопштија дека ќе воведат вонредна состојба по воздушниот и копнениот напад на руската армија врз Украина. „Денеска ќе потпишам указ за воведување вонредна состојба“, изјави литванскиот претседател Гитанас Наузеда по состанокот на националниот совет за одбрана. Тој додаде дека „Литванија ќе побара активирање на членот …

Литванија воведува вонредна состојба по инвазијата на Русија врз Украина Read More »

Украина: Загинати повеќе од 40 украински војници и најмалку 10 цивили


   Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Знам дека повеќе од 40 се убиени и неколку десетици ранети. Знам за речиси 10 цивилни загуби“, изјави Арестович.  Украинските власти тврдат дека во …

Украина: Загинати повеќе од 40 украински војници и најмалку 10 цивили Read More »

Украина ги прекина дипломатските односи со Русија


  Украина ги прекина дипломатските односи со Русија откако Москва започна целосна инвазија, објави во четвртокот претседателот Володимир Зеленски. Зеленски ја даде изјавата во телевизиско обраќање во живо, споредувајќи ја Русија со нацистичка Германија. „Украина се брани и ние нема да ја отстапиме нашата слобода“, рече тој. „Русија ја нападна нашата држава на начинот на …

Украина ги прекина дипломатските односи со Русија Read More »

Корумпираните европски политичари бегаат од рускиот срам


Поранешниот фински премиер Еско Ахо ќе поднесе оставка од Надзорниот одбор на руската државна Сбербанк,  објавија финските медиуми. Според нив, Ахо рекол дека презел чекори да ја напушти најголемата руска банка со итен ефект, наведувајќи ја како причина „општата ситуација“.

Навални: Оваа војна мора да се запре!


„Оваа војна мора да се запре“, изјави денеска затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални на четвртиот ден од неговото судење во Москва. „Сметам дека оние кои ја покренаа оваа војна се бандити и крадци… Мислам дека оваа војна е дизајнирана да го одвлече вниманието од проблемите на Русија и само ќе доведе до поголемо осиромашување“, …

Навални: Оваа војна мора да се запре! Read More »

Веќе има мртви и ранети од војната во Украина


Има бројни спротивставени тврдења за повредни, загинати луѓе и за соборувања на авиони неколку часа по воената агресија на Русија врз Украина.  Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека седум војници загинале во првичните воздушни напади и дека уште 15 биле повредени. Се наведува дека 19 војници се водат за исчезнати и дека е уништен …

Веќе има мртви и ранети од војната во Украина Read More »

Во живо: Војна во Украина


24 февруари 15:20 РАКЕТИ ИСПАЛЕНИ ОД БЕЛОРУСИЈА, А  ТВРДИ ДЕКА НЕ УЧЕСТВУВА ВО ВОЈНАТА Вооружените сили на Украина објавија на Твитер дека четири балистички ракети се лансирани од белоруска територија на Украина. Руските сили утрово ја нападнаа Украина од белоруска почва, каде што беа стационирани за наводни воени вежби. ГОЛЕМИОТ ПЛАН НА ПУТИН  Западните власти …

Во живо: Војна во Украина Read More »

Tрогателни сцени од Харков: Украинци клекнуваат да се молат на градскиот плоштад


Клариса Вард од Си-Ен-Ен известува од Харков, Украина, каде што сведочи дека група луѓе се собираат за да клекнат и да се молат на градскиот плоштад неколку часа по најавата на рускиот претседател Владимир Путин за воена операција во Украина.   Целото видео на следниов ЛИНК.