Од почетокот на руската инвазија врз Украина околу 350.000 бегалци влегоа во Полска


Од почетокот на руската инвазија oколу 350.000 Украици влегоа во Полска, информираше денеска полскиот заменик министер за внатрешни работи, Мациеј Васик. – Во последните 24 часа, 100.000 лица ја минаа полско-украинската граница, додаде Васик за „Полски радио 1“. Тој појасни дека вкупно, од четвртокот, бројката изнесува 350.000 бегалци. Според Обединетите нации, вкупниот број на лица …

Од почетокот на руската инвазија врз Украина околу 350.000 бегалци влегоа во Полска Read More »

Бразил ќе воведе „хуманитарен пасош“ за бегалци од Украина


Бразил планира да воведе „хуманитарен пасош“ за прием на бегалци од Украина, изјави претседателот Жаир Болсонаро. Бразилскиот претседател најави дека мерката што би требало да стапи на сила најдоцна до задутре е дел од напорите на земјата да ги прими сите евентуални бегалци од Украина. Болсонари истовремено ја повтори својата „неутрална“ позиција по однос руската …

Бразил ќе воведе „хуманитарен пасош“ за бегалци од Украина Read More »

Австралија и испраќа 50 милиони долари на Украина


Aвстралија – Австралија ќе донира 50 милиони долари за воена поддршка на Украина. Австралискиот премиерот Скот Морисон во вторникот рече дека парите се наменети за воена и невоена помош. – Зборуваме за проектили, муниција, зборуваме за поддршка во одбраната на сопствената татковина на Украина, рече тој.

Кибер напад врз членка на НАТО може да ја активира клаузулата за колективна одбрана


Белгија – Кибер напад врз земја-членка на НАТО може да го активира членот 5, клаузула за колективна одбрана, изјави претставник на НАТО. Воената алијанса со години јасно става до знаење дека сериозен кибер напад може да ја активира клаузулата, но таквото сценарио досега беше главно хипотетички. – Сојузниците, исто така, признаваат дека влијанието на значајните злонамерни …

Кибер напад врз членка на НАТО може да ја активира клаузулата за колективна одбрана Read More »

Во црква во Сакраменто маж ги убил своите три деца и сопругата, а потоа и себеси


САД– Во црква во Сакраменто, Калифорнија, маж пукал и ги убил своите три деца и сопругата, по што се самоубил. Според Си-Ен-Ен, тој влегол во црквата и ги убил своите три деца, сите помлади од 15 години, а потоа се самоубил. Петто лице е пронајдено мртво и идентификувано како сопруга на убиецот, изјави портпаролот на …

Во црква во Сакраменто маж ги убил своите три деца и сопругата, а потоа и себеси Read More »

Закана од Москва: Сите кои испорачуваат оружје за Украина ќе сносат одговорност


Русија – Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека сите оние кои испорачале смртоносно оружје во Украина ќе одговараат доколку се употреби за време на руската воена операција во земјата. Министерството додаде дека чекорите што ги презема Европската унија против Русија нема да останат без одговор. Речиси сите европски земји најавија помош за Украина во …

Закана од Москва: Сите кои испорачуваат оружје за Украина ќе сносат одговорност Read More »

ОН: Над половина милион бегалци се во соседните земји на Украина и бројот се зголемува


САД– Во соседните земји на Украина во моментов се наоѓаат 520.000 украински бегалци и тој број драстично се зголемува од час во час, изјави Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР), вчера пред Советот за безбедност на ОН. Гранди, кој се обрати пред Советот преку видео-конференциска врска од Женева, истакна дека работел на …

ОН: Над половина милион бегалци се во соседните земји на Украина и бројот се зголемува Read More »

Твитер и Фејсбук ги ограничуваат вестите за Русија


САД– Компанијата Мета, сопственик на Фејсбук, и Твитер го ограничуваат присуството на вести од руски државни информативни изданија на нивните платформи. Ограничени се само медиумите, обвинети за ширење дезинформации во врска со инвазијата на Москва врз Украина. Технолошките платформи станаа дополнителен фронт за меѓународен напад, како и на големиот број лажни вести. Мета соопшти дека …

Твитер и Фејсбук ги ограничуваат вестите за Русија Read More »

Зеленски ги укинува визите за странци


Украина – Украинскиот претседател Володимир Зеленски времено ги суспендира условите за влезна виза за сите странски државјани кои се подготвени да се приклучат на украинската Меѓународна одбранбена легија и да се борат на страната на Украина против руската инвазија. Указот на Зеленски ќе стапи во сила од денеска и ќе остане во сила се додека е …

Зеленски ги укинува визите за странци Read More »

ЕУ го вклучи и Дмитриј Песков во санкциите против Русија


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков е еден од 26-те истакнати личности на кои Европската унија им воведе санкции поради руската инвазија врз Украина, се наведува во одлуката објавена во службениот весник на Унијата. На списокот се наоѓаат олигарси и бизнисмени кои работат во нафтениот, банкарскиот и финансискиот сектор, но и членови на руската Влада, високи …

ЕУ го вклучи и Дмитриј Песков во санкциите против Русија Read More »

Дали граѓаните на САД треба да бидат загрижени поради можноста од нуклеарна војна? Бајден вели: „Не“


Американските граѓани не треба да се плашат од нуклеарна војна, изјави вечерва американскиот претседател Џозеф Бајден, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин нареди руските сили за одвраќање, кои вклучуваат и нуклеарно оружје, да бидат ставени во состојба на висока готовност. Додека Бајден заминувал од говорницата во Белата куќа, еден од американските новинари го прашал …

Дали граѓаните на САД треба да бидат загрижени поради можноста од нуклеарна војна? Бајден вели: „Не“ Read More »

Осум држави поддржаа итно пристапување на Украина во ЕУ, меѓу нив и Бугарија


Украина заслужува веднаш да влезе во Европската унија, се наведува во отвореното писмо од претседателите на осум земји-членки на ЕУ – Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно вечерва објави дека потпишал официјално барање неговата земја да се приклучи на Европската унија. Тој беше посоветуван писмено да ѝ …

Осум држави поддржаа итно пристапување на Украина во ЕУ, меѓу нив и Бугарија Read More »

ЕУ стави под санкции и моќни руски олигарси


  Европската унија денеска додаде уште 26 лица на списокот со санкции наметнати поради инвазијата на Москва на Украина, вклучително и некои од најблиските луѓе на рускиот претседател Владимир Путин и неколку од највисоките олигарси во земјата. Меѓу санкционираните е Игор Сечин, извршен директор на државната нафтена компанија „Роснефт“ и поранешен заменик-шеф на администрацијата на …

ЕУ стави под санкции и моќни руски олигарси Read More »

Франција ја преселува амбасадата од Киев во Лавов


Франција денеска соопшти дека ја преселила својата амбасада во Украина од главниот град Киев во Лавов на западот на земјата. По слична одлука на САД, Канада и Израел, министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан рече дека Франција ја преселила дипломатската мисија поради „ризиците и заканите“ со кои се соочува главниот град на Украина.

Италија прогласи вонредна состојба за да се справи со украинските бегалци


 Италијанската Влада прогласи вонредна состојба до крајот на годината за да се справи со очекуваниот прилив на бегалци од Украина, одлучи денеска Советот на министри во Рим. Со таквиот потег Владата може да преземе итни мерки во одредени случаи без претходни консултации во Парламентот. По руската инвазија врз Украина, Италија, каде живее голема украинска заедница …

Италија прогласи вонредна состојба за да се справи со украинските бегалци Read More »

Конвој руски возила и тенкови долг 27 километри оди кон Киев


  Конвој руски тенкови и други воени возила што се упатуваат кон Киев се протега на дури 27 километри, пренесува Ројтерс. Сателитските снимки од конвојот ги направи „Максар“ во понеделникот попладне, а од нив се открива дека конвојот се наоѓа во близина на аеродромот Антонов, за кој последните денови се водат жестоки битки. Ако ова …

Конвој руски возила и тенкови долг 27 километри оди кон Киев Read More »

Путин останува на своите барања, Русите жестоко го гранатираа Харков


  Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот реши да не се повлекува ни за педа во своите барања од Западот и наместо тоа одговори на отпорот на Украина и западните санкции со жестоко бомбардирање на цивили во североисточниот град Харков. Нападот врз вториот по големина град во Украина се чинеше дека означи алармантна ескалација на …

Путин останува на своите барања, Русите жестоко го гранатираа Харков Read More »

Путин со контрасанкции


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на специјални економски мерки против САД и земјите што им се приклучија, како одговор на санкциите воведени против Русија поради агресијата врз Украина. Уредбата предвидува учесниците во надворешноекономската дејност да продадат 80 отсто од девизните средства добиени од странство од 1 јануари годинава. Правилото важи и за …

Путин со контрасанкции Read More »

Украина бара „влез“ во ЕУ по посебна процедура, додека во „чекалната“ веќе има пет земји


Украина – Украина денеска упати барање до Брисел да и се дозволи да се приклучи на Европската унија по посебна процедура, и тоа во момент кога државата се брани од инвазија на руските сили. Последното проширување на блокот е пред девет години со влезот на Хрватска, додека во „чекалната“ се пет земји. Ова е кус историјатат …

Украина бара „влез“ во ЕУ по посебна процедура, додека во „чекалната“ веќе има пет земји Read More »

Пазарот во Вухан, а не кинеска лабораторија е изворот на коронавирусот, велат две студии


САД– Меѓународните научници во саботата објавија две големи студии за кои еден учесник рече дека е „извонредно јасно“ дека пазарот во Вухан, Кина, е изворот на коронавирусот што ја предизвика пандемијата „Ковид-19“ – а не кинеска владина лабораторија, теорија за што се залагаат десничарски активисти, колумнисти и политичари од САД. Прашањето од каде потекнува Ковид-19 …

Пазарот во Вухан, а не кинеска лабораторија е изворот на коронавирусот, велат две студии Read More »