Од почетокот на руската инвазија врз Украина околу 350.000 бегалци влегоа во Полска
Стотици илјади се раселени внатре во самата Украина, но, портпаролот на УНХЦР, Крис Мелзер, појасни дека е тешко да се каже прецизен број.
Координаторот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс истакна дека организацијата се обидува дополнително да ѝ помогне на Украина, но, за тоа треба повеќе пари и безбедносни гаранции.
Според агенцијата ДПА, вкупно 119 хуманитарни организации моментално се активни во Украина