Северна Кореја тестираше уште еден, деветти по ред, проектил во 2022 година


Северна Кореја – Северна Кореја тестираше уште една ракета, соопштија рано утринава јапонската Влада во Токио и јужнокорејската војска во Сеул. ДПА јавува дека проектилот најверојатно повторно е балистичка ракета. Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала неидентификуван проектил кон Источното Море, пренесе агенцијата Јонхап од Сеул. Началникот на здружениот Генералштаб на Јужна Кореја преку СМС …

Северна Кореја тестираше уште еден, деветти по ред, проектил во 2022 година Read More »

Харис ќе ги посети Полска и Романија поради руската инвазија врз Украина


САД – Американската потпретседателка, Камала Харис, ќе отпатува во Полска и Романија во знак на поддршка за Украина, се наведува во соопштението на Белата куќа, пренесено од ДПА. Харис ќе ги посети Варшава и Букурешт на 9 март, се наведува во соопштението на нејзината канцеларија. „Нејзината посета ќе ја демонстрира силата и единството на НАТО и …

Харис ќе ги посети Полска и Романија поради руската инвазија врз Украина Read More »

Си-Ен-Ен и Блумберг ја прекинуваат работата во Русија


САД – Американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен престана да емитува програма во Русија откако претседателот Владимир Путин потпиша декрет според кој луѓето можат да бидат осудени на 15 години затвор доколку шират „лажни вести“ за руските вооружени сили. Портпарол на Си-Ен-Ен истакна дека „медиумот ќе престане да емитува програма во Русија. Ние продолжуваме да ја проценуваме ситуацијата …

Си-Ен-Ен и Блумберг ја прекинуваат работата во Русија Read More »

Италија ја заплени јахтата на рускиот олигарх Мордашов вредна 65 милиони евра


Италија– Италијанската полиција ја заплени јахтата Лејди М, вредна 65 милиони евра, која му припаѓа на рускиот олигарх Алексеј Александрович Мордашов, а се наоѓала во регионот Лигурија. Запленувањето е извршено согласно новите санкции на Европската унија против Русија поради инвазијата врз Украина. Во Хрватска замрзнувањето на имотот на руските олигарси ќе се одвива на тој …

Италија ја заплени јахтата на рускиот олигарх Мордашов вредна 65 милиони евра Read More »

Блинкен: Зона на забранети летови над Украина ќе доведе до целосна војна во Европа


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека воспоставувањето зона на забранети летови над Украина од страна на САД и нивните сојузници во НАТО може да доведе до „целосна војна во Европа“. Тој нагласи дека Вашингтон ќе продолжи да работи со своите сојузници со цел да им обезбеди на Украинците средства за одбрана од руската агресија, …

Блинкен: Зона на забранети летови над Украина ќе доведе до целосна војна во Европа Read More »

Руска пратеничка известува за многу загинати меѓу нивните војници


Во дебата што беше емитувана во живо на Интернет, пратеник во Советот на Руската Федерација, наводно, зборувал за големи загуби на единиците на руската армија во Украина. Ова го пренесува американската новинска агенција АП. Људмила Нарушова знаела за единица со 100 војници во која преживеале само четворица, рече пратеничката. Таа не наведе никаков доказ или …

Руска пратеничка известува за многу загинати меѓу нивните војници Read More »

Путин го потпиша законот со кој ќе се гонат авторите на „лажни вести“ за руската армија


Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се гонат авторите на „лажни вести“ за војската. Објавувањето на вести, кои руските власти ги сметаат за „лажни“ би можело да биде казнето со вкупно 15 години затвор, објавија западните медиуми. Авторите и дистрибутерите на дезинформации за дејствијата на руските вооружени сили можат да добијат затворска …

Путин го потпиша законот со кој ќе се гонат авторите на „лажни вести“ за руската армија Read More »

Украинците се борат неочекувано успешно, но прашање е до кога тоа може да трае


  Украинските војници креваа во воздух мостови за да го спречат напредувањето на руските копнени трупи. Нејзините пилоти и воздушната одбрана ги спречија руските борбени авиони да го освојат небото. И група паметни сајбер-воини досега ја победуваат Москва во информативна војна, инспирирајќи поддршка дома и во странство. На изненадување на многу воени аналитичари, украинските војници …

Украинците се борат неочекувано успешно, но прашање е до кога тоа може да трае Read More »

Русија во херметичка изолација – забранет и Твитер


Рускиот државен медиумски регулатор Роскомнадзор го ограничи пристапот до Твитер, потврди денеска новинската агенција Тасс. Земјата во речиси целосна онлајн изолација додека инвазијата на Москва на Украина продолжува. Аналитичарка за глобални прашања на Си-Ен-Ен, Бијана Голодрига, напиша: „И Твитер си оди од Русија. Земјата е исклучена од светот. За една недела нација од 145 милиони …

Русија во херметичка изолација – забранет и Твитер Read More »

Голем хакерски напад врз руската новинска агенција ТАСС


Сајтот на руската новинска агенција ТАСС беше подложен на силен хакерски напад. Главната лента за вести е недостапна за корисниците на агенцијата. Исто така, дописниците на ТАСС во странство не можат да ги испраќаат своите информации. Тоа не е прв напад врз ТАСС во изминатите денови, но експертите велат дека е најсериозен од почетокот на …

Голем хакерски напад врз руската новинска агенција ТАСС Read More »

Томас-Гринфилд: Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа


Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа, кога избувна пожар за време на рускиот напад врз нуклеарната централа Запорожје во Украина, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд. Таа побара гаранција од Москва дека таков напад нема да се повтори. Обраќајќи се на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН, Томас-Гринфилд истакна дека нападот …

Томас-Гринфилд: Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа Read More »

Би Би Си ги повлекува своите новинари од Русија


Британскиот јавен сервис Би Би Си денеска објави дека ги повлекува сите свои новинари од Русија за да ја гарантира нивната „безбедност“ по усвојувањето на законот кој предвидува затворски казни во случај на ширење „лажни информации за армијата“ и блокирање на неговата веб-страница на руски јази во рамки на руската инвазија врз Украина. Оценувајќи дека …

Би Би Си ги повлекува своите новинари од Русија Read More »

Русија го блокираше и Фејсбук


Во уште еден удар кон ограничување на вестите што можат да ѝ наштетат на инвазијата на Украина руските власти вечерва го блокираа и пристапот кон глобалната социјална мрежа Фејсбук.  Руската државна новинска агенција Риа соопшти дека тамошното тело за надзор на медиумите одлучило да го блокира пристапот до платформата за социјалните медиуми поради тоа што …

Русија го блокираше и Фејсбук Read More »

Украина има четири големи нуклеарни централи


Украина– Борбите и пожарот околу најголемата нуклеарна централа во Европа, во Запорожје, Украина предизвика лавина реакции и осуда од сите страни, а утринава ги потресе и европските берзи. Украина има четири големи нуклеарни централи или 15 активни реактори. Освен „пензионираната“ Чернобил и сега контролираната од Русија Запорожје, тука се и Електрани на југот на Украина, Ривна …

Украина има четири големи нуклеарни централи Read More »

Русија ја прекина продажбата на ракетни мотори на САД, шефот на Роскосмос порача: „Нека летаат на метли“


Русија престана да продава ракетни мотори на САД како одговор на санкциите, изјави во четвртокот директорот на руската вселенска агенција Роскосмос Дмитриј Рогозин, пренесе Ројтерс. „Во ваква ситуација, не можеме да ги снабдуваме САД со нашите најдобри ракетни мотори во светот. Нека летаат на нешто друго, со нивните метли, не знам што“, рече Рогозин на …

Русија ја прекина продажбата на ракетни мотори на САД, шефот на Роскосмос порача: „Нека летаат на метли“ Read More »

Киев бара „Нинбершки суд“ за Путин


Западните земји мора да поддржат формирање на специјален суд за да се казни Владимир Путин за неговата инвазија на Украина, изјави украинскиот министер за надворешни работи. Зборувајќи на онлајн настан одржан денес од страна на тинк-тенкот за надворешна политика Чатам хаус, Дмитро Кулеба рече дека Русија извршила „злосторство на агресија“ против Украина и на крајот …

Киев бара „Нинбершки суд“ за Путин Read More »

Столтенберг: НАТО не бара војна со Русија


 НАТО е дефанзивен пакт и наша цел е да ги чуваме нашите 30 земји-членки безбедни. Ние не сме дел од овој конфликт и имаме обврска овој конфликт да не ескалира надвор од границите на Укриана. НАТО не бара војна со Русија, изјави на денешната прес-конференција генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по состанокот во Брисел …

Столтенберг: НАТО не бара војна со Русија Read More »

Голгота: На животните во Украина им даваат седативи за да преживеат


Војната не ги направи бегалци само Украинците, туку и нивните миленичиња и дивите животни. Фотографиите на бегалците со мачиња и кучиња во рацете или како спијат во метрото, станаа иконски сцени од оваа воена инвазија која е лишена од цивилизираноста. Без оглед што еден милион луѓе едвај се евакуираа досега од земјата, многу Украинци работат …

Голгота: На животните во Украина им даваат седативи за да преживеат Read More »

Путин ги предупреди соседите да не воведуваат санкции кон Русија


  Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди другите земји – особено соседите – да не воведуваат повеќе санкции кон Русија. Ова се случи во директен пренос на телевизијата Русија 24 од владиниот состанок во пресрет на собирање на западните министри за надворешни работи во Брисел за да разговараат за понатамошни мерки за притисок врз Москва …

Путин ги предупреди соседите да не воведуваат санкции кон Русија Read More »

Што е руски олигарх?


Американското Министерство за правда создаде работна група која ќе ги следи имотите на руските олигарси, при што администрацијата на Бајден вети дека ќе ги заплени нивните јахти, луксузни апартмани и приватни авиони. Но, што се олигарсите? И како нивното богатство е поврзано со руската инвазија на Украина?   Што е руски олигарх?   Олигарсите – …

Што е руски олигарх? Read More »