САД ќе испорачаат ловци Ф-16 во Полска, доколку Варшава испрати советски борбени авиони во Украина


САД размислуваат да испратат авиони во Полска доколку Варшава одлучи да испрати борбени авиони во Украина, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен за време на посетата на Молдавија. -Сега активно го разгледуваме прашањето за авиони што Полска би можела да ги испорача на Украина и гледаме како би можеле да ги компензираме доколку Полска …

САД ќе испорачаат ловци Ф-16 во Полска, доколку Варшава испрати советски борбени авиони во Украина Read More »

Зеленски предупредува дека Русија се подготвува да ја бомбардира Одеса


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, во телевизиско обраќање до нацијата, изјави дека руските сили се подготвуваат да го бомбардираат градот Одеса, на украинскиот брег на Црното Море. -Ракети против Одеса? Тоа ќе биде воено злосторство, рече тој во обраќањето. Зеленски вчера во видео порака кажа дека руската армија не ги постигна своите цели, а во …

Зеленски предупредува дека Русија се подготвува да ја бомбардира Одеса Read More »

Тедрос: Нападнати неколку украински здравствени центри


Светската здравствена организација потврди „неколку“ напади врз здравствени центри во Украина и истражува други, изјави денеска првиот човек на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесен од британските медиуми.   Нападите, додаде тој на Твитер, предизвикаа повеќе смртни случаи и повредени.   „Нападите врз здравствените установи или работници ја нарушуваат медицинската неутралност и се кршење на меѓународното …

Тедрос: Нападнати неколку украински здравствени центри Read More »

Првите 300 лица го напуштија Мариупол по хуманитарниот коридор, тврдат проруските сепаратисти


Проруските сепаратисти соопштија дека првите 300 лица го напуштиле опколениот град Мариупол, во југоисточна Украина, за време на новиот обид за прекин на огнот, јави ДПА. Меѓутоа, овие информации не може да се проверат од независен извор, а украинските власти се уште не даваат никакви бројки, додаде германската агенција. Украинската и руската армија се договорија …

Првите 300 лица го напуштија Мариупол по хуманитарниот коридор, тврдат проруските сепаратисти Read More »

Бенет ќе помага во решавањето на кризата меѓу Украина и Русија, но шансите за успех се мали


Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска изјави дека ќе продолжи да се обидува да помогне во решавањето на кризата во Украина, иако, според него, шансите за успех не се големи, пренесуваат британските медиуми. Бенет денеска повторно разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, трет пат во последните два дена, потврди портпаролот на израелскиот премиер, без да даде …

Бенет ќе помага во решавањето на кризата меѓу Украина и Русија, но шансите за успех се мали Read More »

Шпионски трилер: Убиениот украински преговарач бил двоен агент?


  Интригантната вест од саботата за убиството на еден од украинските преговарачи во првата рунда со руските претставници предизвика повеќе прашања отколку одговори. Во оптек се бројни контрадикторни информации за околностите на смртта на Денис Кирев (44)неговата смрт, а единствено што засега со сигурност може да се каже е дека Киреев повеќе не е жив. …

Шпионски трилер: Убиениот украински преговарач бил двоен агент? Read More »

Радио Слободна Европа прекинува со работа во Русија


Радио Слободна Европа ја прекинува својата работа во Русија, соопшти медиумот. Во соопштението потпишано од претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај, се наведува дека рускиот сервис на Радио Слободна Европа се соочува со стечајна постапка и дека неговите новинари биле под притисок на полицијата. -Сервисот ќе продолжи да се обидува да допре до …

Радио Слободна Европа прекинува со работа во Русија Read More »

Градските власти на Мариупол: Договорен нов прекин на огнот – евакуација на цивилите од 11 часот


Градските власти на Мариупол за денеска најавија нова евакуацијата на цивилите што треба да почне точно на пладне по локално време (11 по средноевропско време) и дека е договорен и привремен прекин на огнот. Според градските власти, прекинот на огнот ќе трае од 10 до 21 часот по локално време (од 9 до 20 часот …

Градските власти на Мариупол: Договорен нов прекин на огнот – евакуација на цивилите од 11 часот Read More »

Најмалку шест лица загинаа во торнадо во централниот дел на Ајова


 Шест лица загинаа во торнадото што вчера го погоди градот Винтерсет, во американската сојмузна држава Ајова, јави дневниот весник „Des Moines Register“, цитирајќи ги локалните власти. Торнадото во попладневните часови го погоди градот што се наоѓа југозападно од Де Мојн, главниот град на Ајова, а како што јавуваат медиумите предизвика голема штета. Поради силното невреме …

Најмалку шест лица загинаа во торнадо во централниот дел на Ајова Read More »

Украинската војска жестоко ги брани Чернихив и Мариупол


 Генералштабот на украинската армија, утринава, во 6 часот по локално време, го објави својот редовен оперативен извештај за состојбата на теренот, во кој истакна дека нејзините сили водат жестоки битки за одржување на одредени локации и граници. „Во тек е одбранбена операција во источниот дел на оперативната област Доњецк, а напорите се насочени кон одбрана …

Украинската војска жестоко ги брани Чернихив и Мариупол Read More »

Зеленски му се заблагодари на Маск за помошта и сателитската поддршка со „Старлинк“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на технолошкиот маг Илон Маск за поддршката на Украина со неговиот сателитски интернет систем „Старлинк“ (Starlink). „Следната недела ќе добиеме уште една серија „Старлинк“ системи за уништените градови“, напиша Зеленски во твитот со кој му се заблагодари на Маск „за поддршката на Украина со зборови и дела“. Украинскиот …

Зеленски му се заблагодари на Маск за помошта и сателитската поддршка со „Старлинк“ Read More »

Канада ги повика своите државјани да ја напуштат Русија


 Канадското Министерство за надворешни работи денеска им препорача на своите граѓани да ја напуштат Русија додека се уште се достапни комерцијалните средства за патување. Министерството предупреди дека безбедносните услови се непредвидливи и дека ненајавено може да се влошат. Во препораките за патување на канадското Министерство за надворешни работи се истакнува дека „достапноста на летови станува …

Канада ги повика своите државјани да ја напуштат Русија Read More »

ОН: Во Европа се развива најбрзо растечка бегалска криза од Втората светска војна


Бројот на бегалци кои бегаат од војната во Украина наскоро би можел да се зголеми на над 1,5 милиони лица, соопшти агенцијата за бегалци на ОН УНХЦР, додавајќи дека тоа е најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна. -Ова е најбрзо растечката бегалска криза што сме ја виделе во Европа од крајот …

ОН: Во Европа се развива најбрзо растечка бегалска криза од Втората светска војна Read More »

Џонсон изнесе план за одговор на руската инвазија врз Украина


 Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика лидерите да се приклучат на планот од шест точки за одговор на руската инвазија на Украина, што предвидува хуманитарна поддршка за Украина, како и предизвикување најголема можна економска штета на Москва. Пред средбите со лидерите на Канада, Холандија и од Централна Европа во Лондон следната недела, Џонсон вчера кажа …

Џонсон изнесе план за одговор на руската инвазија врз Украина Read More »

Путин и нареди на владата да му достави целосен список на земји кои воведоа санкции кон Русија


Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да состави и во рок од два дена да достави список на земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација. Ова важи и за компании, организации и поединци, според указот на шефот на државата. „Владата на Руската Федерација во рок од два дена да направи список на странски …

Путин и нареди на владата да му достави целосен список на земји кои воведоа санкции кон Русија Read More »

Си-Ен-Ен: Американски носач на авиони е во северниот дел на Егејското Море заради воздушни операции доколку ескалираат тензиите во регионот


Американскиот носач на авиони Хари С. Труман оваа недела е во северниот дел на Егејското Море делумно за да се осигура дека може да врши воздушни операции од таму доколку ескалираат тензиите во регионот поради руската инвазија на Украина, изјави американски официјален претставник запознаен со тековната задача на пловилото. Функционерот не ја откри точната локација …

Си-Ен-Ен: Американски носач на авиони е во северниот дел на Егејското Море заради воздушни операции доколку ескалираат тензиите во регионот Read More »

Кои се олигарсите на Путин погодени со санкциите на Бајден?


Новите санкции наметнати од САД за руските олигарси и функционери се своевидно исполнување на заканата што американскиот претседател Џо Бајден им ја упати на руските олигарси во своето обраќање до нацијата во вторникот – дека Америка „доаѓа поради нивното неправедно стекнато богатство“ и дека „повеќе нема да собира милијарди долари преку насилен режим“. „Американското министерство …

Кои се олигарсите на Путин погодени со санкциите на Бајден? Read More »

Украина бара нова рунда санкции против Русија


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за време на денешното телевизиско обраќање рече дека неговата земја бара посилни санкции против Русија. – Тие вклучуваат, меѓу другото, исклучување на руската банка Сбербанк од SWIFT, затворање на европските пристаништа за руските бродови, затворање на пристапот на Русија до криптовалути и престанок на купување руска нафта, рече …

Украина бара нова рунда санкции против Русија Read More »

Фон дер Лајен: ЕУ мора целосно да се ослободи од зависноста од Русија


Европската унија мора целосно да се ослободи од зависноста од Русија за гас, нафта и јаглен преку диверзификација, енергетска ефикасност и енергетска транзиција. Ова го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Мадрид. – Енергијата останува едно од критичните прашања. ЕУ мора да се ослободи од зависноста од руската нафта, …

Фон дер Лајен: ЕУ мора целосно да се ослободи од зависноста од Русија Read More »

Претседателски избори Франција 2022: поранешниот социјалистички министер Франсоа Ребсамен ќе гласа за Макрон


Поранешниот втор човек на Социјалистичката партија (ПС) на Франција и поранешен министер за труд, Франсоа Ребсамен, соопшти дека ќе гласа за Емануел Макрон на претседателските избори, бидејќи „ниту еден друг“ кандидат не е „покомпетентен“, јави дописникот на МИА. „Тоа е очигледен избор. Ниту еден друг кандидат не изгледа покомпетентен денес“, изјави градоначалникот на Дижон за …

Претседателски избори Франција 2022: поранешниот социјалистички министер Франсоа Ребсамен ќе гласа за Макрон Read More »