ЕМА: Обилната менструација е можен несакан ефект на вакцината мРНК против Ковид-19


  Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача обилно менструално крварење да се додаде на листата несакани ефекти од вакцината мРНК против Ковид-19 произведена од Модерна, како и од партнерите Фајзер и БиоНТек. Извештаи за обилни менструации – крварење кое се карактеризира со зголемен волумен и/или времетраење што го попречува квалитетот на животот […]

Војната е и еколошка катастрофа за Украина


Секој ден, во своите извештаи, властите во Украина известуваат за ракетни напади, уништена инфраструктура и загинати и ранети цивили. Малку настрана од овие црни статистики остануваат штетите за животната средина. Според податоците на Министерството за животна средина и природни ресурси, тие моментално вредат 1,35 трилиони украински гривни (37 милијарди евра) и се најголеми од Втората […]

Иранските сили пукаат врз демонстрантите, нови жртви


  Иранските безбедносни сили отворија оган врз демонстрантите во Захедан еден месец по масакрот во кој загинаа голем број луѓе во немирниот југоисточен град. На луѓе беше пукано во Махабад, друг град со долга историја на отпор против режимот, во обновеното смртоносно насилство на крајот на шестата недела од немирите предизвикани од смртта на Махса […]

Кирби: САД стојат зад Албанија во напорите да се одбијат кибер нападите од Иран


Џонатан Фајнер, заменик на советникот за национална безбедност во Белата куќа нeодамна се сретна со Олта Џачка, министерка за надворешни работи на Албанија, повторно истакнувајќи ја итната, значајна и продолжителна подршка на САД за албанските напори да се зајакне кибер безбедноста, изјави Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за бебедност на претседателот Џо Бајден. -Поддршката […]

Велика Британија ќе распише избори во Северна Ирска за надминување на политичката криза


Британската Влада ќе распише избори во Северна Ирска за излез од политичкиот ќорсокак поради кој регионот би можел да дојде под непосредна управа од Лондон. „Ќе има избори“, изјави за „Би-Би-Си“ британската министерка за животна средина, Тереза ​​Кофи. Северна Ирска остана без функционална влада во февруари кога пробританската Демократска унионистичка партија го напушти кабинетот во […]

Шојгу објави крај на делумната мобилизација во Русија


  Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска, за време на средбата со претседателот Владимир Путин, соопшти дека делумната мобилизација е завршена и дека се мобилизирани планираните 300.000 регрути. – За време на делумната мобилизација, повеќе од 1.300 претставници на извршната власт од различни нивоа и над 27.000 претприемачи беа испратени во трупите. Тринаесет илјади […]

Терор во Иран, тела на убиените не им се даваат на семејствата


 Канцеларијата на Обединетите Нации за човекови права денеска изрази загриженост поради начинот на кој Иран се однесува кон приведените демонстранти и посочи дека властите одбиваат да предадат некои од телата на убиените. Смртта на 22-годишната Махса Амини, уапсена од полицијата за морал, предизвика протести низ целата земја. Групи за човекови права тврдат дека најмалку 250 […]

САД досега и дале 18 милијарди долари помош на Украина


Руската победа во Украина би била лоша за сите во Европа и Северна Америка, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Според него, руската победа би испратила порака до авторитативните лидери дека сите цели можат да се постигнат со употреба на сила. Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, Столтенберг во ексклузивно интервју за американски „Политико“ истакна […]

Трамп е „многу среќен што Твитер сега е во разумни раце“


  Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп го поздрави преземањето на Твитер од страна на Илон Маск, изјавувајќи денеска на својата социјална мрежа Трут соушл, дека е „многу среќен што Твитер сега е во разумни раце“. Трут соушл е многу помала копија на Твитер. По преземањето, Илон Маск вети дека ќе го одмрзне на неодредено […]

Тешко претепан сопругот на Ненси Пелоси во нивниот дом


  Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, бил тешко претепан од напаѓач кој упаднал во нивниот дом во Сан Франциско рано во петокот и се наоѓа во болница на лекување. Според извори од истрагата, како што пренесува Си-Ен-Ен, Пол Пелоси бил претепан со чекан. Портпаролот на Ненси Пелоси рече дека се […]

Осум лица пронајдени мртви во Оклахома, можно е да се работи за повеќекратно убиство


САД – Осум лица се пронајдени мртви во изгорена куќа во предградието на Тулса во американската сојузна држава Оклахома, а полицијата истражува дали се работи за повеќекратно убиство. Пожарот избил вчера во мирното предградие Броукен Ероу. Според тамошната полиција, иако се истражуваат околностите како дошло до смртта, вклучувајќи ја и можноста за потенцијално убиство, се верува […]

Аксјонов: Заврши евакуацијата на цивилите од Херсон, заминале 70.000 луѓе


 Завршена е евакуацијата на цивилите од областа Херсон, на југот на Украина, која се наоѓа под руска контрола, а Украина се обидува да ја ослободи, изјави прорускиот лидер Сергеј Аксјонов. -Заврши организираното заминување на жителите од левиот брег на Днепар на безбедна област во Русија, изјави синоќа  Аксјонов, кој е прв човек на Крим, полуостровот […]

Кинеските власти им се јавуваат на невестите и ги наговараат да затруднат


Интернетската објава на новопечена невеста во Кина, која локалната власт ја контактирала со прашање дали е трудна, собра десетици илјади коментари пред да биде тргната, а многу корисници на интернет рекоа дека добиле слични повици. Распаравата на интернет следеше откако претседателот Си Цинпинг минатата недела на 20 конгрес на Комунистичката партија рече дека кина ќе […]

Еден мртов и четворица ранети во напад со нож во супермаркет крај Милано


Едно лице загина, а најмалку четири други се повредени, од кои дел и потешко, во напад со нож во супермаркет во Милано, во северна Италија, наведуваат локалните медиуми. Полицијата уапси 46-годишен Италијанец, кој е осомничен за нападот, јавува агенцијата ЛаПрес. Нападот се случил во супермаркетот „Карфур“ во близина на Милано, на северот на Италија. Едно […]

МААЕ ќе спроведе независна проверка на руските обвинувања за „валкана бомба“


  На официјално барање од Киев Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) неделава  ќе посети две украински локации  за да ги проверат обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина ги брише доказите за подготовката на „валкана бомба“. -Инспекторите ќе спроведат независна проверка… за да откријат какво било отстранување на нуклеарен материјал, изјави генералниот директор […]

Амбасадорите во ОН со критика до Русија: Уште колку треба да ги трпиме овие глупости и да губиме време во СБ на ОН


  САД и нивните сојузници вчера ја критикуваа Русија дека „му го губење времето“ на Советот за безбедност на ОН со ширење заговори и повторување на обвинувањата дека САД имаат „воени биолошки програми“ во Украина. -Уште колку треба да ги трпиме овие глупости?, запраша британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудворд. Русија претходно во Советот за […]

Зеленски: За два дена соборивме 23 дрона, руските напади нема да ни го скршат духот


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно обраќање до нацијата соопшти дека во изминатите два дена украинските сили соборила 23 беспилотни летала, додавајќи дека масовните руски напади врз електраните нема да го скршат духот на Украина. -Гранатирањето нема да не скрши. Слушањето на националната химна на непријателот на нашата земја е пострашно од […]

Бајден е скептичен за изјавата на Путин дека нема намера да употреби нуклеарно оружје во Украина


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изрази скептицизам за изјавите на рускиот претседател Владимир Путин дека нема намера да употреби нуклеарно оружје во Украина. -Ако нема намера зошто постојано зборува за тоа? Зошто зборува за можноста за користење тактичко нуклеарно оружје? Тој беше многу опасен во начинот на кој му пристапи, рече Бајден во интервју за […]

Северна Кореја лансирала две балистички ракети со краток дострел


Северна Кореја од нејзиниот источен брег истрела две балистички ракети со краток дострел, соопштија денеска јужнокорејски воени претставници. Британските медиуми пренесуваат дека ракетите се истрелани од областа Тонгчеон, во провинцијата Гангвон, на источниот брег на Северна Кореја, само четири дена откако Пјонгјанг и Сеул разменија предупредувачки истрели од западниот брег поради зголемените тензии. „Нашата армија […]

Путин изјави дека Русија нема да употреби нуклеарно оружје во Украина


  МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот негираше дека има какви било намери за употреба на нуклеарно оружје во Украина, но го опиша тамошниот конфликт како дел од наводните напори на Западот да ја обезбеди својата глобална доминација, за која тој инсистираше дека е осудена на неуспех. Говорејќи на конференцијата на меѓународни експерти […]