ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени


Потпретседателот на Европска комисија, Франс Тимерманс денеска најави дека ЕУ и четири нејзини земји-членки ќе и дадат на Африка над една милијарда евра за адаптирање на климатските промени.

Тимерманс помошта за Африка ја најави на Самитот на Обединети нации КОП27, што се одржува во египетското летувалиште Шарм ел Шеик.

– ЕУ и четири земји-членки – Франција, Германија, Холандија и Данска ќе обезбедат повеќе од една милијарда евра за поддршка на адаптацијата на Африка, посочи Тимерманс.