Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата


Белгија– Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата и да работат од 9 до 17 часот, а повеќе од половината анкетирани велат дека се попродуктивни додека работат од дома, се наведува во анкетата што денеска е објавена. Но, и „хибридната работа“, што е микс од работа од дома и …

Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата Read More »

Гугл соопшти дека руски хакери заразиле повеќе од милион уреди


САД – Компанијата Гугл презеде акција против хакерски операции за кои се верува дека заразиле повеќе од милион уреди. Технолошкиот гигант ќе го нападне таканаречениот Глуптеба ботнет и ќе ги тужи двајцата Руси кои наводно стојат зад нападот, објави „Сан“. Станува збор за озлогласен малициозен софтвер познат по преземањето контрола врз оперативните системи Виндоус на компјутерите. Злонамерниот напад се ширел …

Гугл соопшти дека руски хакери заразиле повеќе од милион уреди Read More »

СЗО бара да се интензивира вакцинацијата поради Омикрон


Швајцарија – Државите треба да ги преиспитаат своите одговори на Ковид-19 и да ги забрзаат програмите за вакцинација за да се справат со сојот Омикрон, иако е рано да се каже колку постоечките вакцини ќе заштитат од новата варијанта, соопшти денеска Светската здравствена организација. Глобалното ширење на варијантата Омикрон сугерира дека може да има големо влијание врз пандемијата на Ковид-19 …

СЗО бара да се интензивира вакцинацијата поради Омикрон Read More »

Премиерката на Финска отишла во клуб и покрај тоа што била во контакт со заразен


Сана Марин отишла во диско клуб и покрај тоа што било препорачано да се изолира откако беше заразен министерот за надворешни работи   Премиерката на Финска се најде под остри критики откако беше откриено дека таа останала надвор да танцува до раните часови за време на викендот и покрај тоа што знаела дека била изложена …

Премиерката на Финска отишла во клуб и покрај тоа што била во контакт со заразен Read More »

Јужна Африка регистрира најмногу заразени од појавата на омикрон


Јужна Африка денеска регистрира речиси 20.000 нови случаи, што е рекордна бројка од почетокот на бранот на варијантата омикрон од крајот на ноември. Јужноафриканскиот национален институт за заразни болести (НИЦД) на својата Интернет страница соопшти дека денеска се регистрирани 19.842 нови случаи на Ковид, така што вкупниот број на заразени е 3.071.064 од почетокот на пандемијата. Во …

Јужна Африка регистрира најмногу заразени од појавата на омикрон Read More »

Песочна бура и обилни дождови го зафатија Израел


 Силна песочна бура, придружена со силен ветер и поројни дождови го зафатија Израел, а на планината Керсон почна да паѓа снег, јави радиото Кан. Денеска низ земјата е регистрирано екстремно високо ниво на загаденост на воздухот со честички прашина. Во Ерусалим 70-годишна жена е повредена од гранка која се скршила од силниот ветер. Силни ветрови дуваат по …

Песочна бура и обилни дождови го зафатија Израел Read More »

СЗО: Во Европа пад на бројот на заболени од Ковид


Европа бележи пад на бројот на болни и новозаразени со коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација за европскиот регион. Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти и дека податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести покажале дека во 18 земји од Европската унија се регистрирани 212 случаи на Омикрон, и тоа претежно благи и асимптоматски …

СЗО: Во Европа пад на бројот на заболени од Ковид Read More »

Аналена Бербок уште вечерва оди во Париз, Брисел и Варшава


Новата германска влада не сака да чека ниту еден ден во остварувањето на новата политика, па министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, веднаш по денешниот избор на кабинетот на Олаф Шолц вечерва заминува на нејзиното прво патување во Париз, Брисел и Варшава. Во Париз утре изутрина ќе се сретне со нејзниот француски колега Жан-Ив ле …

Аналена Бербок уште вечерва оди во Париз, Брисел и Варшава Read More »

„Фајзер“ вели дека нивната бустер доза против Ковид обезбедува заштита од Омикрон


Компанијата Фајзер денеска соопшти дека засилувачката доза на нејзината анти-ковид вакцина може да заштити од Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, иако првите две дози се чини дека се значително помалку ефикасни. Фајзер и неговиот партнер Бионтек соопштија дека лабораториските тестови покажуваат дека бустер дозата ги зголемува таканаречените неутрализирачки антитела против Омикрон за 25 пати. Фајзер објави прелиминарни лабораториски податоци …

„Фајзер“ вели дека нивната бустер доза против Ковид обезбедува заштита од Омикрон Read More »

Партнерите на Украина ќе возвратат со пакет санкции против Русија во случај на инвазија


Меѓународните партнери на Украина се подготвени да се приклучат на санкциите против Русија во случај на нова инвазија врз земјата, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, додавајќи дека пакетот санкции вклучува три нивоа – политички, економски и безбедносни. – Знаците на растечка воена активност на Русија долж границите на Украина ги уверија меѓународните …

Партнерите на Украина ќе возвратат со пакет санкции против Русија во случај на инвазија Read More »

Последно збогум на Макрон за „драгата Ангела“


Францускиот претседател Емануел Макрон и оддаде почит на Ангела Меркел во видео порака откако нејзиниот наследник Олаф Шолц беше избран за нов канцелар на Германија во парламентот во Берлин. „Ти благодарам, драга Ангела, што никогаш не ги заборави лекциите од историјата, што направи толку многу за нас, со нас, за да ја придвижиме Европа напред“, …

Последно збогум на Макрон за „драгата Ангела“ Read More »

Се урна хеликоптер со началникот на Генералштабот на индиската војска


Хеликоптер, во кој се превезувал началникот на Генералштабот на индиската армија, генерал Бипин Рават, се урна денеска во јужната индиска држава Тамил Наду, а локалните медиуми информираа дека загинале 11 три лица загинаа во несреќата. „Хеликоптер Ми-17В5 на индиските воздухопловни сили со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Бипин Рават, денеска доживеа несреќа кај Кунур, …

Се урна хеликоптер со началникот на Генералштабот на индиската војска Read More »

Германија доби нов канцелар


  Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Меркел како канцелар на Германија. Наскоро ќе положи заклетва. Лидерот на Социјалдемократската партија Шолц ќе ја предводи владата во коалиција со Зелените и Слободните демократи. Членовите на Бундестагот гласаа за именување на Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел. Левичарските социјалдемократи на Шолц (СПД) се …

Германија доби нов канцелар Read More »

Словачка ги отвора продавниците, но наставата ќе се одржува онлајн


  Словачкиот министер за здравство Владимир Ленгварски соопшти дека продавниците, затворени од 25 ноември, повторно ќе бидат отворени в петок. Но, оние кои не се вакцинирани против Ковид-19 или не го прележале, ќе можат да одат само во продавниците што продаваат прехранбени производи. Рестораните и другите угостителски објекти во кои се служи храна остануваат затворени, …

Словачка ги отвора продавниците, но наставата ќе се одржува онлајн Read More »

Романскиот суд го рехабилитираше Адријан Настасе


Врховниот касационен суд на Романија го рехабилитираше поранешниот премиер Адријан Настасе, кој е осуден за два случаи на корупција, објави Аџерпрес. Во 2012 година, Настасе беше осуден на две години затвор за незаконско користење на средства од приватна компанија во изборната кампања во 2004 година, а во 2014 година на 4 години затвор за поткуп …

Романскиот суд го рехабилитираше Адријан Настасе Read More »

Новиот американски буџет за одбрана 770 милијарди долари


  Претставничкиот дом на САД го одобри нацрт-буџетот за одбрана за фискалната 2022 година во вредност од околу 770 милијарди долари. За документот гласаа 363 пратеници, а против беа 70. Буџетот допрва треба да биде одобрен во Сенатот, по што ќе биде доставен на потпис до претседателот. Верзијата на законот, одобрена вчера од конгресмените, беше …

Новиот американски буџет за одбрана 770 милијарди долари Read More »

Швајцарците запалија повеќе 11.000 свеќи за жртвите од Ковид-19


Повеќе од 11.000 свеќи – по една за секоја жртва на пандемија на коронавирус во Швајцарија – беа запалени синоќа пред швајцарскиот парламент во Берн. „Сакаме да создадеме простор каде што ќе можеме да се сеќаваме и да жалиме за жртвите“, рече Сајмон Герен од движењето Корона-Манваче (корона бдеење). Четириесет доброволци помогнаа да се постават …

Швајцарците запалија повеќе 11.000 свеќи за жртвите од Ковид-19 Read More »

Омикрон е регистриран во 57 земји


Во неделниот епидемиолошки билтен на СЗО се посочува дека „од 7 декември 2021 година, омикрон варијанта на коронавирусот е потврдена во 57 земји. Неговото присуство е забележано во сите шест региони на СЗО“. Експертите посочија на фактот дека бројот на откриени случаи на коронавирус во моментов рапидно расте во Јужна Африка. Иако причините за ова …

Омикрон е регистриран во 57 земји Read More »

Бајден ќе разговара со западните сојузници по видео средбата со Путин


Американскиот претседател Џо Бајден ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги и британскиот премиер Борис Џонсон, за исходот од денешниот руско-американски видео-самит, соопшти Белата куќа. Лидерите на Велика Британија, Италија, САД, Франција и Германија изразија загриженост на вчерашниот состанок поради „сè поострата руска реторика“ во …

Бајден ќе разговара со западните сојузници по видео средбата со Путин Read More »

Берлин: Ја убил сопругата, трите деца и себеси поради лажна потврда за вакцинација


Маж во Сенциг, место во близина на Берлин, Германија, ја убил својата сопруга и трите мали деца, а потоа и себеси, затоа што лажирал потврда за вакцинација и се плашел дека децата ќе му бидат одземени кога ќе биде откриена измамата што ја направил, појаснија германските обвинители. Потсртуваме, дека во саботата полицијата во семејна куќа …

Берлин: Ја убил сопругата, трите деца и себеси поради лажна потврда за вакцинација Read More »