Австрискиот парламент ја одобри евтаназијата


Австрискиот парламент донесе одлука со која се овозможува евтаназија на тешко болни лица. Според новиот закон, кој е донесен врз основа на препораките на Уставниот суд, останува забрането убиството на лице по негово барање, но можно е да се обезбеди помош при умирање. Така, на тешко или неизлечиво болните лица, кои се полнолетни и способни …

Австрискиот парламент ја одобри евтаназијата Read More »

Германските социјалдемократи денеска избираат ново раководство


Германија– Главната партија во новата германска коалициска Влада, Социјалдемократската партија (СПД) денеска на партиска конференција планира да го избере новото партиско раководство, јави ДПА. Актуелниот лидер на партијата, Саскија Ескен, и генералниот секретар Ларс Клингбејл треба да станат претседавачи на партијата. Клингбејл се кандидира за наследник на копретседавачот во заминување, Норберт Валтер-Борјанс. Сојузниот извршен комитет, …

Германските социјалдемократи денеска избираат ново раководство Read More »

Во Јужна Африка нема знаци на развој на тешки форми на Ковид-19 од новиот сој омикрон


Јужна Африка– Јужноафриканските научници денеска соопштија дека сè уште нема видливи знаци дека сојот омикрон на коронавирусот предизвикува потешка болест. Јужна Африка кон крајот на минатиот месец го предупреди светот за новиот сој на коронавирусот, што го доби името омикрон, зголемувајќи го алармот дека многу мутираната варијанта може да предизвика нов раст на глобалните инфекции. …

Во Јужна Африка нема знаци на развој на тешки форми на Ковид-19 од новиот сој омикрон Read More »

Маж во Нов Зеланд примил 10 вакцини во еден ден, отворена истрага


Нов Зеланд – Здравствените власти на Нов Зеланд отворија истрага откако еден маж наводно 10 пати се вакцинирал против Ковид-19 во само еден ден, јавија локалните медиуми, пренесува ДПА. Се смета дека човекот бил платен да ги добие вакцините во име на други луѓе, јави денеска интернет сајтот „Stuff“. Министерството за здравство сериозно го сфати ова …

Маж во Нов Зеланд примил 10 вакцини во еден ден, отворена истрага Read More »

Бегалците Рохинџи го тужат Фејсбук за 150 милијарди долари поради говор на омраза во Мјанмар


Десетици бегалци Рохинџи во Велика Британија и САД го тужат Фејсбук, обвинувајќи го гигантот на социјалните мрежи дека дозволува ширење на говор на омраза против нив. Тие бараат повеќе од 150 милијарди долари (113 милијарди фунти) компензација, тврдејќи дека платформите на Фејсбук промовираат насилство врз прогонуваното малцинство. Се проценува дека 10.000 муслимани Рохинџа се убиени …

Бегалците Рохинџи го тужат Фејсбук за 150 милијарди долари поради говор на омраза во Мјанмар Read More »

Повеќето од заразените со омикрон сојот во САД се двојно вакцинирани


САД– Повеќето од 43 случаи заразени со сојот омикрон на коронавирусот во САД се целосно вакцинирани, а третина дури добиле и дополнителна доза, соопштија Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). ЦДЦ соопшти дека меѓу 43-те инфекции со омикрон сојот 34 лица биле целосно вакцинирани, а 14 добиле дополнителна,таканаречена засилувачка доза, пренесоа британските медиуми. …

Повеќето од заразените со омикрон сојот во САД се двојно вакцинирани Read More »

Столтенберг го одби ветото на Русија за евентуалното членство на Украина во НАТО


Белгија – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се спротивстави на секакво вмешување на Русија во врските меѓу Алијансата и Украина, не сакајќи да го одбие евентуалното членство на Киев во нејзините редови, што јасно го побара Москва. -Само триесетте членки на Алијансата и самата Украина и никој друг можат да одлучуваат за односите меѓу НАТО …

Столтенберг го одби ветото на Русија за евентуалното членство на Украина во НАТО Read More »

Бајден и Шолц во телефонски разговор го нагласија трансатлантското пријателство


Германија – Новиот германски канцелар, Олаф Шолц, вчера телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, кој му честиташе за назначувањето на  функцијата, јави ДПА. Портпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрајт, изјави дека двајцата лидери ги потврдиле блиските врски меѓу Берлин и Вашингтон, истовремено изразувајќи намера дополнително да ја зајакнат врската на сојузниците. -Тие се согласија дека …

Бајден и Шолц во телефонски разговор го нагласија трансатлантското пријателство Read More »

Кетрин Расел е новата директорка на УНИЦЕФ


Кетрин Расел, висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, е назначена за шеф на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), соопштија официјално од ОН. Расел (60) моментно е шеф на кабинетот на претседателот на Белата куќа и негов помошник. Назначена од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Расел ќе ја замени Американката Хенриета …

Кетрин Расел е новата директорка на УНИЦЕФ Read More »

Анкета: Седумдесет и два отсто од Украинците ја сметаат Русија за агресор


Седумдесет и два отсто од Украинците ја сметаат Русија за „непријателска земја“. Ова го покажуваат податоците од новата студија спроведена по распоредувањето на руски војници во близина на украинската граница. Само 12 отсто од Украинците ја сметаат Русија за сојузник. Анкетата ја спроведе социолошката агенција „Рејтинг“. Во изминатите две години, процентот на Украинци кои бараат …

Анкета: Седумдесет и два отсто од Украинците ја сметаат Русија за агресор Read More »

Холандија ќе почне вакцинирање против Ковид-19 на деца меѓу пет и 11 години


Холандија– Децата на возраст од пет до 11 години во Холандија ќе почнат да добиваат покана за примање вакцина против Ковид-19 од втората половина на јануари 2022 година, изјави денеска министерот за здравство Хуго де Јонге. Децата со претходно постоечка хронична болест или други зголемени ризици веќе можат да се вакцинираат со Фајзер, јави ДПА. …

Холандија ќе почне вакцинирање против Ковид-19 на деца меѓу пет и 11 години Read More »

Шолц: Приоритет е висока стапка на вакцинација во ЕУ


Белгија – Новиот германски канцелар Олаф Шолц по Париз го посети седиштето на Европската Унија каде одржа прес конференција со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на МИА од Брисел. – Главен приоритет на новата германска Влада е здравството и борбата против климатските промени. Прво и пред сѐ го отворивме прашањето за пандемијата …

Шолц: Приоритет е висока стапка на вакцинација во ЕУ Read More »

Популарноста на Борис Џонсон на најниско ниво


Англија – Според истражувањето на јавното мислење објавено денеска, популарноста на британскиот премиер Борис Џонсон паднала на најниско ниво откако тој ја презеде функцијата лидер на земјата. Агенцијата ЈуГов наведе дека рејтингот на наклонетост кон Џонсон е 42, што е пад од 11 поени од средината на ноември. Наклонетоста кон лидерот на опозициската Лабуристичка партија Кир …

Популарноста на Борис Џонсон на најниско ниво Read More »

Франција ќе инвестира осум милијарди евра во заеднички европски проекти


Франција – Франција планира да инвестира осум милијарди евра во заеднички европски инвестициски проекти во секторите на полупроводници, батерии, водород и здравство, изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер. Европската комисија ги олесни инаку строгите регулативи за државна помош за проекти од заеднички европски интерес во кои се вклучени повеќе земји-членки и ја поддржуваат …

Франција ќе инвестира осум милијарди евра во заеднички европски проекти Read More »

Нобеловците за мир: На светот му треба независно известување


Норвешка– Двајцата новинари, кои ја делеа овогодинешната Нобелова награда за мир, ги добија своите признанија денеска на церемонија во Норвешка, каде што изјавија дека на светот му е потребно независно известување за да се спротивстави на моќта на авторитарните влади. Марија Реса од Филипини и нејзиниот колега Дмитриј Муратов од Русија ги одржаа своите нобелови …

Нобеловците за мир: На светот му треба независно известување Read More »

Германија воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници


Работниците во германските болници, лекарските ординации и домовите за стари лица мора да докажат дека се вакцинирани или се опоравиле од ковид до средината на март, како дел од новата легислатива усвоена од парламентот во петокот. Покрај задолжителните вакцини за одредени професии од средината на март, новата легислатива, исто така, им дозволува на 16-те покраини …

Германија воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници Read More »

Марио Драги – политичар технопопулист што ја води во нов правец Европа


Меѓу аналитичарите на политичките движења,Италија одамна е позната како еден вид лабораторија за експерименти кои подоцна се пренесуваат на остатокот од светот. Оттаму, на пример, фашизмот – поттикнат од Бенито Мусолини – ја зарази не само Германија на Адолф Хитлер, туку и Шпанија на Франко и Португалија на Антонио де Оливеира Салазар. Понов пример е …

Марио Драги – политичар технопопулист што ја води во нов правец Европа Read More »

Веројатно ќе треба да се вакцинираме против Ковид и во наредните години


Директорот на фармацевтската компанија „Фајзер“, Бен Осборн рече дека веројатно ќе ни требаат засилувачки дози на вакцината против Ковид-19 во наредните години, но сè уште не е познато дали тие ќе се администрираат на секои шест месеци или еднаш годишно. Кога станува збор за омикрон сојот на коронавирусот, Озборн вели дека се уште се чекаат …

Веројатно ќе треба да се вакцинираме против Ковид и во наредните години Read More »

Германија ќе прими 25.000 Авганистанци


Германија ветува дека ќе прими 25.000 Авганистанци од вкупно 40.000 прифатени од земјите-членки на ЕУ, кои се сметаат за најранливи по преземањето на Кабул од страна на талибанците, се вели во писмото на висок претставник на ЕУ. Германија во 2015 година прими рекорден број бегалци, речиси 900.000, повеќето од нив дојдоа од Сирија, Авганистан и …

Германија ќе прими 25.000 Авганистанци Read More »

Во Белгија се очекува сојот омикрон да стане доминантен на почетокот на 2022 година


Белгија– Белгискиот кризен штаб за Ковид-19 на прес конференција соопшти дека се очекува сојот омикрон на коронавирусот да стане доминантен во јануари или февруари, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот на кризниот штаб, Стивен Вангихт, изјави дека за сега во Белгија омикрон сојот претставува еден до два отсто од сите заболени од Ковид-19 но …

Во Белгија се очекува сојот омикрон да стане доминантен на почетокот на 2022 година Read More »