Кина стави во карантин уште еден град


  На уште стотици илјади луѓе им беше наредено да останат дома во северниот дел на Кина во вторникот, приклучувајќи им се на милиони под строго заклучување во Ксиан додека владата се обидува да спречи влошување на појавата на Ковид-19. Јан’ан, кој е на околу 300 километри од Ксиан, нареди затворање на бизнисите во вторникот …

Кина стави во карантин уште еден град Read More »

(Видео) Мал патнички авион се урна во Сан Диего


  Мал патнички авион, најверојатно „Лирџет 35“, се урна во градот Ел Кахон во областа Сан Диего во Калифорнија. Засега не е познат бројот на жртвите во оваа несреќа, а авионот при падот ги уништил електричните кабли, оставајќи стотици жители на овој град без струја. Авионот се урнал во близина на раскрсницата Пепер Драјв околу …

(Видео) Мал патнички авион се урна во Сан Диего Read More »

Австралија: Над 800 луѓе добиле погрешни резултати од тестот за коронавирус


Стотици луѓе во лабораторија во Сиднеј добиле негативни резултати на тестот за коронавирус и покрај тоа што биле позитивни на вирусот. Пропустот, што се случил за време на Божик, како што велат од лабораторијата, бил поради грешка во обработката на податоците. Некои од тестираните се загрижени дека можеби несвесно ги заразиле своите најблиски за време …

Австралија: Над 800 луѓе добиле погрешни резултати од тестот за коронавирус Read More »

САД и Русија ќе разговараат за Украина на 10 јануари


Вашингтон и Москва ќе разговараат за Украина и за безбедносни прашања на 10 јануари, соопшти Белата куќа. Главни теми на разговорите ќе бидат прашањата поврзани со контролата на нуклеарното оружје. Генералниот секретар на НАТО предложи состанок на Советот НАТО-Русија да се одржи на 12 јануари. Рускиот претседател Владимир Путин во неделата рече дека ќе разгледа различни опции доколку Западот не одговори …

САД и Русија ќе разговараат за Украина на 10 јануари Read More »

Досега употребени над 9 милијарди вакцини против Ковид, повеќе од половината во три земји


Бројот на администрирани вакцини против коронавирус во светот надмина девет милијарди. Повеќе од половина од нив (4,67 милијарди) се во три земји – Кина (2,77 милијарди), Индија (1,4 милијарди) и САД (0,5 милијарди). Податоците се базираат на официјални соопштенија на властите. Во моментов, на луѓето им се инјектирани 9,002 милијарди дози вакцини против коронавирус. Сè уште не е можно да се …

Досега употребени над 9 милијарди вакцини против Ковид, повеќе од половината во три земји Read More »

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид


Американските здравствени власти соопштија дека го преполовуваат препорачаното време за изолација за лицата заразени со Ковид-19 од десет на пет дена. Ова се однесува и на асимптоматските случаи и на контактите на заразено лице. Едно лице заразува други од еден до два дена пред почетокот на симптомите, и од два до три дена потоа, покажа статистиката на …

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид Read More »

Во вооружен напад во Тексас загинаа три лица


Непознат маж кој отвори оган на бензинска пумпа во Далас при што уби три лица, а едно тешко рани, соопштија синоќа властите на американската сојузна држава Тексас. Нападот се случил во неделата вечерта во предградие на Далас и бил снимен од надзорна видео камера на бензинска пумпа. Според полицијата, мажот, чиј идентитет не се соопштува, …

Во вооружен напад во Тексас загинаа три лица Read More »

Нови рестриктивни мерки во Франција, се очекуваат стотици илјади случаи дневно на омикрон


Француската Влада денеска најави нови рестриктивни мерки со цел да се спречи понатамошното ширењето на Ковид-19. Предвидено е да нема полициски час за Нова година, а ковид сертификатот ќе стапи во сила од 15 јануари. Новите мерки предвидуваат по три месеци да може да се прими дополнителна, трета вакцина против Ковид-19. Големите собири ќе бидат …

Нови рестриктивни мерки во Франција, се очекуваат стотици илјади случаи дневно на омикрон Read More »

Данска го сруши рекордот по број на новозарaзени дневно


Данска го собори рекордот по бројот на нови случаи. Во изминатите 24 часа се регистрирани 16.164 нови случаи, а седум лица ја загубија битката со коронавирусот. Да потсетиме, ден претходно и оваа земја ги забележа најлошите бројки од почетокот на пандемијата, со 14.844 заболени во еден ден. Според официјалните податоци, 3.217 луѓе починале од почетокот …

Данска го сруши рекордот по број на новозарaзени дневно Read More »

Во САД откажани уште 800 летови поради Ковид-19 


САД – Авиокoмпаниите во САД денеска откажаа уште 800 домашни и странски летови, откако вчера и за време на божиќните празници беа откажани илјадници летови. Поради брзото ширење на новиот сој на коронавирусот наречен омикрон, авиокомпаниите откажуваат летови, а пилотите и членовите на екпажите одат во карантин. Настрадаа и крузерските компании. Пилотите и членовите на …

Во САД откажани уште 800 летови поради Ковид-19  Read More »

Гејтс: Главен проблем во 2022 година ќе биде недовербата во владите


  Американскиот милијардер Бил Гејтс е оптимист за следната година, но изразува и загриженост за одредени прашања. Гејтс во текстот „Причини за оптимизам по тешка година“ објавен на неговиот блог наведува неколку оптимистички прогнози – од можен крај на пандемијата со Ковид-19 до развој на метавселена. Додека како главен проблем во следната година ја посочува …

Гејтс: Главен проблем во 2022 година ќе биде недовербата во владите Read More »

Полска: Анджеј Дуда стави вето врз медиумскиот закон за да избегне судир со САД


  Полскиот претседател Анджеј Дуда интервенираше за да го спречи судирот со Вашингтон во понеделникот ставајќи вето на контроверзниот закон за медиуми кој нашироко се сметаше дека е насочен кон независната телевизија ТВН, во сопственост на американскиот медиумски гигант „Дискавери“. На 17 декември, полската владејачка партија Право и правда (ПиС) неочекувано избрза со легислатива што …

Полска: Анджеј Дуда стави вето врз медиумскиот закон за да избегне судир со САД Read More »

Израел прв во светот почна со тестирање на четвртата доза вакцина


Медицинскиот центар „Шеба“ во близина на Тел Авив денеска го почна првото тестирање во светот на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19. Најголемиот медицински центар во Израел и на Блискиот Исток ангажираше 150 вработени за истражувањето, а секој од нив прими трета, засилувачка доза, во август и сега нивното ниво на антитела е под …

Израел прв во светот почна со тестирање на четвртата доза вакцина Read More »

Унгарија: Регистрирани дури 436 мртви од ковид


  Во изминатите четири дена од ковид починале 436 пациенти, додека во Унгарија се регистрирани 7.989 нови инфекции со корона вирус, соопштија здравствените власти во понеделникот. Бројот на активни инфекции е намален на 118.633, додека во болниците се лекуваат 4.063 пациенти со ковид, од кои 409 се на респиратори. Од појавувањето на епидемијата, бројот на …

Унгарија: Регистрирани дури 436 мртви од ковид Read More »

Во ЕУ против Ковид-19 се вакцинирани над 78 проценти од граѓаните


Белгија – Повеќе од 78 отсто од возрасните луѓе во Европската унија се вакцинирани против коронавирус во изминатата година, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – Пред точно една година, во Европа почна вакцинирањето против Ковид-19. Изминавме долг пат. Повеќе од 78 отсто од возрасните во ЕУ веќе се вакцинирани, рече шефицата на ЕК во видео обраќање. Според неа, вакцинацијата, …

Во ЕУ против Ковид-19 се вакцинирани над 78 проценти од граѓаните Read More »

Следната година ќе биде критична за автократите во ЕУ


Следната 2022 година би можела да биде година кога ќе се прецрта картата на Европската унија. Со години, десничарските популисти освојуваа терен низ поновите земји-членки на ЕУ, инспирираа екстремно десничарски групи низ целиот континент и поттикнуваа стравувања за демократската иднина на Унијата. Во Унгарија, премиерот Виктор Орбан ја консолидираше својата моќ над медиумите и судството. Во …

Следната година ќе биде критична за автократите во ЕУ Read More »

Објавена снимка од тинејџерот што сакаше да ја убие британската кралица


На интернет се појави снимка на која маж со маска и самострел се заканува дека ќе ја убие британската кралица. Се смета дека тоа е 19-годишник кого на Божиќ полицијата го задржа во дворецот Виндзор. Неговото име е Џасвант Синг Чејл. Тој ја испратил снимката на пријатели преку Снепчет, половина час пред вооружени полицајци да …

Објавена снимка од тинејџерот што сакаше да ја убие британската кралица Read More »

Силно невреме и снег во Калифорнија, затворен дел од аеродромот во Лос Анџелес


САД – За време на божиќниот викенд, силно невреме предизвика виулици и ги затвори автопатите во планините во Северна Калифорнија и Невада. Метеоролозите предупредија дека патувањето во планините Сиера Невада може да биде тешко неколку дена. Затворени се 112 километри од меѓународниот автопат 80 од Колфакс, Калифорнија, до областа на езерото Тахо на границата со Невада. …

Силно невреме и снег во Калифорнија, затворен дел од аеродромот во Лос Анџелес Read More »

Расте бројот на нападите врз христијаните во Индија


  Празничните прослави беа прекинати, статуи на Исус беа искршени, а фигурите на Дедо Мраз беа запалени во серија напади врз христијанската заедница во Индија за време на Божик. Во услови на зголемена нетолеранција и насилство против индиското христијанско малцинство, кое сочинува околу 2% од населението во Индија, неколку божикни настани беа цел на хинду …

Расте бројот на нападите врз христијаните во Индија Read More »

Нов Јужен Велс потврди прв смртен случај од Омикрон


Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска пријави повеќе од  6.000 новозаразени со Ковид-19 и го потврди првиот смртен случај од новиот сој на вирусот – Омикрон. Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, денеска пријави 6.324 нови инфекции, што е за 70 помалку од највисокиот број регистриран претходниот ден. Во болниците од Ковид се лекуваат …

Нов Јужен Велс потврди прв смртен случај од Омикрон Read More »