Нови рестриктивни мерки во Франција, се очекуваат стотици илјади случаи дневно на омикрон


Француската Влада денеска најави нови рестриктивни мерки со цел да се спречи понатамошното ширењето на Ковид-19. Предвидено е да нема полициски час за Нова година, а ковид сертификатот ќе стапи во сила од 15 јануари.

Новите мерки предвидуваат по три месеци да може да се прими дополнителна, трета вакцина против Ковид-19. Големите собири ќе бидат ограничени на максимум 2.000 луѓе во затворени простории, а 5.000 на отворено. На концертите ќе биде забрането стоење, а храна и пијалоци ќе бидат забранети во јавниот превоз, кината, спортските објекти и театрите.

Премиерот на Франција, Жан Катекс најави од 3 јануари да се организира работа од далечина три или четири дена во неделата. Додека учениците наставата од 3 јануари, кога завршува распустот, ќе ја следат со физичко присуство.

Францускиот министер за здравство Оливие Веран истакна дека сојот делта сè уште е присутен во земјата, а предупреди дека омикрон е „најмалку трипати позаразен”. Според него, во јануари се очекуваат стотици илјади случаи на ден.